Затоа што се мизерни и не си го почитуваат ни јазикот а со тоа ни земјата, ако си ја сакаат нацијата и се чувствуваат македонци, а не за жал сеуште југословени, ќе си зборуваат на мајчиниот јазик. Некој погоре спомна со тоа се додворувале на тамошната публика па ајде одма вади српска/хрватска/бугарска верзија...ма ајде, ако на странската публика им се допаѓа музиката, стилот, артистот, си слушаат, за другото има гугл.
Музиката е еден од најдобрите, ако не и најдобар начин за промовирање и ширење на јазикот и наместо да го користат тоа, овие создаваат од себе материјал за потсмев. Зошто никој од нивните артисти не извадил песна на македонски јазик за да се „лижи“ на македонската публика? Затоа што знаат дека нема потреба, а излезе нова песна на екс-ју просторите(како што многу љубат да велат) па и во БГ, прво кај нас станува хит па после кај нив. Уште едно страшно нешто, има телевизии што кога гостува некој од Србија, Хрватска, Црна Гора не се ни трудат да преведат, освен тоа се нешто се организира фестивал за екс-ју земјите, носталгија за ју-музика, сунчане скале и други дрн дрн јариња каде што македонецот многу јасно, се истопорува со песна на српски јазик, сфаќањето е дека ако пее на македонски нема ни да да го слушаат воопшто, камоли да освои наградиче, па излези на интервју па крши јазик, употребувај „овај“ после секој втор збор, па триста чуда, единствено шо ќе направи е да се искашла на македонски...
Исто така некој ја спомна Франција. Франција е одличен пример за земја што си го штити јазикот, тука не зборувам за граѓаните туку за јавните личности, еве Жак Ширак во целото негово претседателствување, еднаш не прозборе ниту се обрати некаде на англиски јазик, а го зборува одлично. Друг пример, девојкава на три од видеата за песнава има вкупно гледања околу 20 милиони, се „излижа“ ли таа на еден куп јазици на сите комшии за да се прослави? НЕ! Едноставно создаде нешто убаво, со талент, кое на огромна публика и се допадна, еве јас еден единствен збор не разбирам на француски па премногу ми се допаѓа.
Друг пример, дечкото по кој наеднаш полуде светов, Мишел Тело, по чиста случајност му се слушна песната надвор од родниот Бразил, и музиката со текст од 5 реченици им се допадна луѓе на 3 континенти од кои некои можеби никогаш не слушнале португалски и толку требаше.
Ја раздолжив многу но сакам да кажам се додека имаат талент, квалитет и способност да ја забавуваат масата, не мора да се лижат. Да си го почитуваат јазикот!