Македонските јавни фаци во соседните емисии...

Тоа е така другар,не дека не те разбира,туку дека знаат дека Македончето увек попуштало и го ширело газето,па ради тоа ти вика дека не те разбира,за да му збориш на негов јазик,или во превод,да се понижиш самиот...а тоа дека не го разбирале,Југославија и слично,немој те молам,и те како не разбираат...
--- надополнето: Dec 9, 2011 11:04 PM ---


А дали ?! демек ќе ми дадат работа ако зборам на српски ? или поише пари ќе му дадат ако збори на српски ? колку памет треба да имаат(немаат) за такво нешто ?
--- надополнето: Dec 9, 2011 11:08 PM ---


Национализмот не им дава да ти дозволат да збориш на својот јазик другаре,не дека не разбира... на крај краева,нека стават како во некои емисии или слично кај нас кога доаѓа србин/хрват,кога преведуваат доле со текст или со глас...вака до бескрај може,али факт е дека НЕ ИМ ТРЕБА ТОА понижување,ради таквите ситници,Македонија увек патела,и ќе пати...
Да такви се сите освен Македонија, сакаат да понижат, немаат друга работа, ти г изастануваш на улица да го прашаш нешто на македонски он го губи времето со тее се дур не те понижи :pos:
 
Можеби мислат дека доколку зобруваат српски/хрватски ќе бидат повеќе сакани или не знам... За мене тоа е проста работа а и јас истото прашање си го поставував многу пати и навистина се прашував што е со лугево?!:tapp:
 
Ми се врти коа ќе ги чујам да зборуваат на нашиве дијалекти не па на српски да ги слушам :eek:
 
Ах додека да се вратам јас.. темава ја исцрпивте :) ништо од километарскиот пост. Ај доволно е и следново:
Значи ние ко народ сме инфериорни и им нонстоп сакаме да им оставаме добар впечаток на србите. Тоа дека само постарите зборуваат на Српски не е точно зошто другари од клас врсници мои зборуваат Српски во Србија.. Според мене тоа само им дава за право на србите да тврдат дека ние сме Јужен Српски народ со говорна маана. Ние не придонесуваме со ништо за да го порекнеме тоа тврдење. Како народ сме многу пристрасни кон србите (најверојатно поради Југославија) но го забораваме фактот што тие се исто или поголемо зло од бугарите поради гнасната политика на инфилтрирање на нивни луѓе во нашите редови кои до ден денес имаат последици. Србите иако мала заедница имаат големо влијание во политичкиот и општествен живот во МК. Пример за тоа е Латас, градоначалникот на Центар, Жаре Берберот, Драган Вучич итн итн. кои преку медиумите успеваат на некој начин да ни ја сменат перцепцијата за србите и да пробаат да ни го доближат нивниот менталитет со нашиот за да се чувствуваме како ист народ. Тоа е причината поради која што македонецот денес сеуште не е доволно ослободен од пропагандните влијанија на соседните земји. Создаден е и еден дисбаланс меѓу пропагандите. Македонецот е марионета на србинот кој пак му врежува на македонецот мнение дека бугаринот е зол за македонецот да има омраза кон бугаринот а љубов кон србинот иако македонецот етногенолошки и лингвистички е поблизок до него. Затоа денес македонците во глобала имаат негативни чувства кон бугарите и затоа бугарите упорно не нарекуваат „одродени“ бугари или креација на Тито. Српската и бугарската пропаганда се во постојана битка за превласт над македонецот и доколку во почетокот на 20 век македонецот беше пристрасен кон бугаринот денес состојбата е спротивна. Најпаметно ќе биде да се ослободиме од туѓите влијанија што поскоро и конечно да ја домакедончиме оваа наша Македонија а со соседите да имаме еден коректен однос „Здраво комшо како си? Што има ново во Белград/Софија? “ и на тоа да остане. Блиски народи? ДА! Но ист народ - НЕ! Македонски да зборуваме насекаде и во секоја можна прилика а ако некој не те разбере тогаш негов/нејзин проблем :) Или евентуално ИНГЛИШ!
 
Затоа што се мизерни и не си го почитуваат ни јазикот а со тоа ни земјата, ако си ја сакаат нацијата и се чувствуваат македонци, а не за жал сеуште југословени, ќе си зборуваат на мајчиниот јазик. Некој погоре спомна со тоа се додворувале на тамошната публика па ајде одма вади српска/хрватска/бугарска верзија...ма ајде, ако на странската публика им се допаѓа музиката, стилот, артистот, си слушаат, за другото има гугл.

Музиката е еден од најдобрите, ако не и најдобар начин за промовирање и ширење на јазикот и наместо да го користат тоа, овие создаваат од себе материјал за потсмев. Зошто никој од нивните артисти не извадил песна на македонски јазик за да се „лижи“ на македонската публика? Затоа што знаат дека нема потреба, а излезе нова песна на екс-ју просторите(како што многу љубат да велат) па и во БГ, прво кај нас станува хит па после кај нив. Уште едно страшно нешто, има телевизии што кога гостува некој од Србија, Хрватска, Црна Гора не се ни трудат да преведат, освен тоа се нешто се организира фестивал за екс-ју земјите, носталгија за ју-музика, сунчане скале и други дрн дрн јариња каде што македонецот многу јасно, се истопорува со песна на српски јазик, сфаќањето е дека ако пее на македонски нема ни да да го слушаат воопшто, камоли да освои наградиче, па излези на интервју па крши јазик, употребувај „овај“ после секој втор збор, па триста чуда, единствено шо ќе направи е да се искашла на македонски...

Исто така некој ја спомна Франција. Франција е одличен пример за земја што си го штити јазикот, тука не зборувам за граѓаните туку за јавните личности, еве Жак Ширак во целото негово претседателствување, еднаш не прозборе ниту се обрати некаде на англиски јазик, а го зборува одлично. Друг пример, девојкава на три од видеата за песнава има вкупно гледања околу 20 милиони, се „излижа“ ли таа на еден куп јазици на сите комшии за да се прослави? НЕ! Едноставно создаде нешто убаво, со талент, кое на огромна публика и се допадна, еве јас еден единствен збор не разбирам на француски па премногу ми се допаѓа.

Друг пример, дечкото по кој наеднаш полуде светов, Мишел Тело, по чиста случајност му се слушна песната надвор од родниот Бразил, и музиката со текст од 5 реченици им се допадна луѓе на 3 континенти од кои некои можеби никогаш не слушнале португалски и толку требаше.

Ја раздолжив многу но сакам да кажам се додека имаат талент, квалитет и способност да ја забавуваат масата, не мора да се лижат. Да си го почитуваат јазикот!
 
А најнервозно е шо нашиве очајни певалки и пејачи песните и на српски/хрватски ги препејуваат.Абе за пари и со цел балкан ќе се е*ат ако треба!!Марш од тука бе продаени души
 
Не ги сфаќам ниту ги прифаќам објаснувањата од типот дека години сме живееле во Југославија заедно, дрн дрн јариња.Јас сум роден на крајот на таа некогашна држава и немам никаква перцепција спрема неа и не чувствувам никаква поврзаност.Сум имал среќа па ниту моите родители нешто многу не им е многу омилена.А спрема нашите поблиски и подалечни комшии имам иста перцепција, од северните комшии, западните, источните и јужните.Иста перцепција за нив,како на пример за Австрија и едно културно комшиско почитување (кое во многу случаи не е взаемно од другата страна и вредностите се изгубени).А не ги заборавам ни обидите за наше асимилирање од нивна страна.Потсетете се само на Панко Брашнаров, мислам дека беше најсвежа приказна пред некое време на Код.

Муабетот ми е не сфаќам како можат генерациите од 90-та (па и 2-3 поназад) да се толку поврзани со некоја веќе непостоечка држава и јазикот кој бил тогаш главен ако воопшто не живееле во то време?
Очигледно, уште сме под нечии влијанија како шо напиша поназад Македоникус.
 
Охридски разговори со срби на српски јазик кои лично ги имам слушнато
Конверзација 1:
Србинот - Па где си матори, ста радис где си био јуче
Охриганецот -Брате јуче све изпозатворише ништо не работише ја не разумем шта ови људи ради
Србинот -Људи бе људи

Конверзација 2: Охриганецот преврзан со завој на ногата
Србинка- Јој бре чувеку шта си урадио
Охриганецот - Био сам на плажу згазио сам шишу сад не могу да ишу

Имаше уште една дешавка ама не се секавам како беше кога ке ми текни ке ви ја напишам.

ПС. Не е битно што зборуваш, битно е да зборуваш што било па макар и српски:pos::pos::pos:
 
Охридски разговори со срби на српски јазик кои лично ги имам слушнато
Конверзација 1:
Србинот - Па где си матори, ста радис где си био јуче
Охриганецот -Брате јуче све изпозатворише ништо не работише ја не разумем шта ови људи ради
Србинот -Људи бе људи

Конверзација 2: Охриганецот преврзан со завој на ногата
Србинка- Јој бре чувеку шта си урадио
Охриганецот - Био сам на плажу згазио сам шишу сад не могу да ишу

Имаше уште една дешавка ама не се секавам како беше кога ке ми текни ке ви ја напишам.

ПС. Не е битно што зборуваш, битно е да зборуваш што било па макар и српски:pos::pos::pos:



Причај српски да те цео свет разуме е работава :pos:
 
не разбирале македонски.. ајде бе ко да им збориме ние кинески или јапонси па не не разбирале. ако се лажеме да не не разбираат ( и ако се праиме со сила будали ) ако прајме реално муабет СЕ разбираат!
 
Неможам да го најдам видеото од интервјуто на Милчо на хрватската телевизија.....и таму цепеше на англиски....и оваа новинарката му вика,а зошто не зборувате на македонски....и он и вика....па полесно ми е на англиски.:mad:
 
...има само еден збор за оваа појава....моронизам
...активен сум на повеќе форуми од просторите на некогашната СФРЈ и секогаш пишувам на МАКЕДОНСКИ.....
...никој не се пожалил дека не разбира (дури ни словенците)...има ситуации кога некој збор не им е доволно јасен....но тоа се само одредени зборови,,,,

...второ....медиумот домаќин е должен да обезбеди симултан преведувач...или пишан превод...така да воопшто нема потреба од кршење на јазикот

...трето...многу ми идат на нерви луѓе кои целиот свој живот го поминале во Македонија...работат во јавни институции...и упорно зборуваат српски (една работа е да отидеш некаде на кратко, а сосема друга е целиот живот да живееш и работиш некаде)
 
Да такви се сите освен Македонија, сакаат да понижат, немаат друга работа, ти г изастануваш на улица да го прашаш нешто на македонски он го губи времето со тее се дур не те понижи :pos:

Свашта.
--- надополнето: Dec 10, 2011 11:15 AM ---
Инаку,дека тоа е резултат на југославија и незнам ти што,дека учеле на српски и слично,не држи вода....летото,дојдоа деца од Србија,од партизан или незнам кој клуб беше,и еден мој другар зема дете за кај него...кога ќе отидевме на кош или слично,другаров му збореше на српски на детево,иако разбираше македонски...и ќе ми кажеш дека е нормално ова ? и не беше само он,цел тим така правеа....
 
Жал ми е што ќе ви расипувам патриотски занес, но Србите и Хрватите навистина многу малку разбираат Македонски. Се работи за јазик кој е граматички и лексички многу различен од нивниот. Тие разбираат Македонски отприлика колку што ние разбираме Словенски. Живеев неколку години во Хрватска, па не зборувам напамет. Во нормална конверзација ако го знаат контекстот на разговорот, и ако зборував многу полека, тогаш ја разбираат смислата. Ако забрзав, теоретска шанса немаше да ме разберат. И на децата во Македонија кои не учеле Српски им е тешко да го разберат. Една моја девојка имаше 9 години помал брат, ма често слушавме прашања од типот, што се степенице?

Мене единствено ми смета кога Срби живеат по 20 или повеќе години во Македонија, и сеуште зборуваат Српски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom