Колку е "стабилен" денарот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Сметка за парно 2008 - 1500 денари
сметка за парно 2011 - 3800 денари
Постабилно здравје. Само столче едно стабилно да најдеме и кабел за бесење, и со министерот за економија кој 2006 се запишал на факултет (Американ Колеџ и тоа, светилникот на мудроста во Македонија), заедно сите ќе бидеме најстабилни. Или мислиш 61 денар ќе биде евро па нека биде шта буде и тоа е стабилност.

Затоа и прашав зошто е измешана темава сите економски политики споени во едно, па иди објасни. Во Македонија реалниот сектор е неликвиден тоа е јавна тајна, никој на никого не плаќа. Ифлацијата е покачена, животниот стандард паѓа. Проектите на Владата 99% непродуктивни го земаат својот данок. Државата преку ујп присилно наплаќа, а од друга страна се првите што не плаќаат. И кога државата како најголем работодавач не плаќа, кој сакаш да ти плати подоле во ланецот. Значи овој дел никој не го оспорува. Вредноста на денарот ја јаде инфлацијата која моментално ја увезуваме оти немаме капацитети ниту мозок сами да извезуваме. Тоа ја одразува куповната моќ на населението, создадената илузија дека кај нас е розово и пародијата од македонската плата во просек по 20 000 и кусур илјади според статистика.
Е сега валутата како валута дали е стабилна или не објаснувавме на другата тема за еврото. Да, 61,5 е стабилност, нестабилност е денес да е 61.5 утре да е 249 а задутре 15 денари евро. Значи под стабилност се подразбира контролирана инфлација до 3% на годишно ниво. Во некои месеци поизразена може да стигне до 5, некои месеци може да биде 1, али во глобала НБРМ ја држи под контрола. А тоа што цените секоја година се покачуваат, а платите ни се замрзнати од 95та па наваму, тоа ќе се обратиш моментално кај Ставрески. Он предлага „развоен“ буџет, затоа реалниот сектор ние е развоен упм.
 
Мене не ми е јасен воведниот пост, не ми е јасна конкретно оваа реченица „Кога ќе падне еврото, ќе падне и денарот. Илииии, обратно.“ Као паѓа денаров и Европа ја снемува од картата? :)
И второ не ми е јасно ликвидноста на нашата економија со „лажната“ стабилност на денарот и споеноста со трошоците на живот? На каква „лажна“ стабилност се мисли?
Опасното е кога имате фиксен курс, а немате валутен борт. Со други зборови, нема гаранции,дека парите во тек во РМ са толкова,колкото резерви има НБРМ во евра умножени по 61,5(тука изклучувам активи во злато и т.н.).
Поради дефицитот на платежниот баланс(ако не се лажам 7%) нема гаранции,дека се повлекуват денари от пазара и от неповлекуване да не се окаже,дека един ден ке треба да се смени курсот. За сега се покрива со задолжуване, но до кога може вака е прашането.
Стабилноста на денарот зависи од јавниот долг и државните резерви. Јавниот долг за 2011 е проектиран на 1.779.300.000 евра или 23,5% од ГДП, што е прилично низок процент. Државните резерви се 1.847.800.000 евра, што е највисока сума во македонската историја. Така денарот е вистински стабилен не лажно.

Извори: http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/...en_dolg_nova_metodologija_2004_Q1_Q2_2011.xls
Препорачувам овде да прочиташ.
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=942EC68E4EB4544E871094BAA85FEEF4
--- надополнето: Dec 9, 2011 5:41 PM ---
И да кажеш што мислиш?
 
Препорачувам овде да прочиташ.
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=942EC68E4EB4544E871094BAA85FEEF4
И да кажеш што мислиш?
Единствено што најдов како битно за дискусија е овој пасус.
Ова горе покажува дека Македонија во периодот од 2006 до денес морала да се задолжува во просек по 6-7% од БДП кај странските кредитори. Истовремено таа морала и да го покрива буџетскиот дефицит кој се движеше околу 2,5% во целиот овој период. Арно ама, бројките за јавниот долг и надворешниот бруто-долг ниту од далеку не ја одразуваат ваквата состојба. Така, според јавниот долг, како и според бруто надворешниот долг како процент од БДП, Македонија и Аргентина (2001) имаат помал долг од речиси сите ПИГС држави пред кризата. Е пред с` во ова последното, заедно со „халуционата“ моќ на фиксниот курс лежи зајакот. Од погоре може да видиме дека Македонија денес и Аргентина во 2001, се шампиони во однос на ПИГС земјите кои денес се пред банкрот. За да не бидам обвинет дека сум субјективен, тука ќе пренесам буквално како скоро сите видни аналитичари го објаснуваа банкротот на Аргентина во 2002, иако само една година пред тоа таа важеше за нискозадолжена земја на нивото на денешна Македонија.

Сега малку математика. 5 години Х 6% годишно = 30 проценти од ГДП како нов долг. 2.5% дофицит Х 5 години = 12.5%. 30+12.5 = 42.5 % од ГДП како нов долг во последниве 5 години, според Кире Наумов.

Да видиме што вика статистиката на Народна Банка. Јавен долг 2005 -- 30,91% од ГДП. Јавен долг 2011 -- 23,50% од ГДП. Во апсолутни бројки: Јавен долг 2005 -- 1.487.930.000 евра. Јавен долг 2011 -- 1.779.300.000 евра. Надворешниот долг зголемен за 291.370.000 евра. Според Кире Наумов требаше да биде зголемен барем за 4 милијарди евра. Некој некого лаже овде... мислам дека е очигледно кој кого.

Тоа заради кој министер бил толку низок долгот за мене е апсолутно небитно. Во другите пасуси, меша биланс на плаќање, кој го прават и јавниот и приватниот долг. После тоа застапува теза дека денарот бил преценет. Значи според него логичко решение е девалвација. Сега гледам зошто Црвенковски од советник за економија го именуваше за директор на АР...
 
Па многу битно е во што е долгот.
Но само да припамтим,дека само 220 милиона евра са повлекани от ММФ во 2011, уште 130 милиона евра преди месец подпишахте.
Па това надвишава 291 милиона евро, коjaто е разликата от 2005 до 2011.

Како се гарантира дека парите во тек са ако не помалце, то равни на со активити на банката? Разчита се само на гувернерот или...?
 
........................................ Македонија и Аргентина (2001) имаат помал долг од речиси сите ПИГС држави пред кризата. Е пред с` во ова последното, заедно со „халуционата“ моќ на фиксниот курс лежи зајакот. Од погоре може да видиме дека Македонија денес и Аргентина во 2001, се шампиони во однос на ПИГС земјите кои денес се пред банкрот. За да не бидам обвинет дека сум субјективен, тука ќе пренесам буквално како скоро сите видни аналитичари го објаснуваа банкротот на Аргентина во 2002, иако само една година пред тоа таа важеше за нискозадолжена земја на нивото на денешна Македонија.

Сега малку математика. 5 години Х 6% годишно = 30 проценти од ГДП како нов долг. 2.5% дофицит Х 5 години = 12.5%. 30+12.5 = 42.5 % од ГДП како нов долг во последниве 5 години, според Кире Наумов.

Да видиме што вика статистиката на Народна Банка. Јавен долг 2005 -- 30,91% од ГДП. Јавен долг 2011 -- 23,50% од ГДП. Во апсолутни бројки: Јавен долг 2005 -- 1.487.930.000 евра. Јавен долг 2011 -- 1.779.300.000 евра. Надворешниот долг зголемен за 291.370.000 евра. Според Кире Наумов требаше да биде зголемен барем за 4 милијарди евра. Некој некого лаже овде... мислам дека е очигледно кој кого.

Тоа заради кој министер бил толку низок долгот за мене е апсолутно небитно. Во другите пасуси, меша биланс на плаќање, кој го прават и јавниот и приватниот долг. После тоа застапува теза дека денарот бил преценет. Значи според него логичко решение е девалвација. Сега гледам зошто Црвенковски од советник за економија го именуваше за директор на АР...

Но земи го и ефектот на размер..i.e scale effect илити Re бројот во аеродинамијката ..(мое омилено споредување) ..., иако процентуално слични се однесуваат на две тела со сосема различни маси. Со еден збор не е исто торнадо во кофа вода и во Атлански океан.., иако процентуално се исти во однос на кофата и океанот......
 
Па многу битно е во што е долгот.
Но само да припамтим,дека само 220 милиона евра са повлекани от ММФ во 2011, уште 130 милиона евра преди месец подпишахте.
Па това надвишава 291 милиона евро, коjaто е разликата от 2005 до 2011.

Како се гарантира дека парите во тек са ако не помалце, то равни на со активити на банката? Разчита се само на гувернерот или...?
Стабилноста на денарот е поврзана со јавниот долг. Силата на економијата е друга работа.

Да ама од 2005 до 2008 долгот се намалуваше. Во документов најдоле ги имаш точните движења на јавниот долг. 31.12.2010 -- 1.424.320.000 евра, 30.06.2011 -- 1.779.300.000 евра. Пресметани се тие задолжувања.

Гувернерот е задолжен за сите прашања поврзани со монетарната политика.
--- надополнето: Dec 9, 2011 6:29 PM ---
Но земи го и ефектот на размер..i.e scale effect илити Re бројот во аеродинамијката ..(мое омилено споредување) ..., иако процентуално слични се однесуваат на две тела со сосема различни маси. Со еден збор не е исто торнадо во кофа вода и во Атлански океан.., иако процентуално се исти во однос на кофата и океанот......
Не те разбрав. Реплицираш на споредбата на Македонија со Аргентина веројатно? Ако мислиш на тоа, првиот пасус е став на Кире Наумов, се согласувам дека треба да ги имаме во предвид и апсолутните бројки.
 
Опасното е кога имате фиксен курс, а немате валутен борт.
Валутен борд и Македонија не одат заедно, мислам дека на една тема си објаснувавме за овие стратегии. Фиксен во време на економски кризи е добитната стратегија.
Вие уште ли сте на валутен борд? :)
 
Сега малку математика. 5 години Х 6% годишно = 30 проценти од ГДП како нов долг. 2.5% дофицит Х 5 години = 12.5%. 30+12.5 = 42.5 % од ГДП како нов долг во последниве 5 години, според Кире Наумов.

Да видиме што вика статистиката на Народна Банка. Јавен долг 2005 -- 30,91% од ГДП. Јавен долг 2011 -- 23,50% од ГДП. Во апсолутни бројки: Јавен долг 2005 -- 1.487.930.000 евра. Јавен долг 2011 -- 1.779.300.000 евра. Надворешниот долг зголемен за 291.370.000 евра. Според Кире Наумов требаше да биде зголемен барем за 4 милијарди евра. Некој некого лаже овде... мислам дека е очигледно кој кого.

Зборите само за тоа колку е земено и собирате. Ама зошто никој од вас не го одзема долгот што е отплатен. Никој не ни дава подарок. Така да дел од новиот долг оди за покривање на стариот, мислам дека ова го имам спомнато во еден пост.
Да, денарот е стабилен и ќе биде во догледна иднина, затоа што НБРМ води солидна монетарна политика. Без разлика дали еврото ќе опстои или не. Денарот беше стабилен и пред воведување на еврото, само во однос на Германската марка. Така да од проблемите во еврозоната најмногу трпи реалниот сектор, а помалку монетарниот. Совршено стабилна валута не постои, курсот на резервните валути се менува на секои 5 секунди. Ние имаме фиксен курс, дека економијата ни е таква да сеуште е најдобро да имаме фиксен курс, а и доста девизни резерви за негово одржување.
Ниедна валута не флуктуира слободно една спрема друга, било да е долар, евро, фунта или франк, сите се тие раководно флуктуирани. ( пример видете што се случува со швајцарскиот франк).
 
Зборите само за тоа колку е земено и собирате. Ама зошто никој од вас не го одзема долгот што е отплатен. Никој не ни дава подарок. Така да дел од новиот долг оди за покривање на стариот, мислам дека ова го имам спомнато во еден пост.
Апсолутно си во право. Само пробував да покажам со едноставна математика дека тезите на Кире Наумов се неточни. Се согласувам дека денарот е стабилен.
 
Валутен борд и Македонија не одат заедно, мислам дека на една тема си објаснувавме за овие стратегии. Фиксен во време на економски кризи е добитната стратегија.
Вие уште ли сте на валутен борд? :)

Да, уште имаат. Иако за време на криза не е препорачлив.
 
Валутен борд и Македонија не одат заедно, мислам дека на една тема си објаснувавме за овие стратегии. Фиксен во време на економски кризи е добитната стратегија.
Вие уште ли сте на валутен борд? :)
Да се уште сме, а зашто сменаш дека само фиксен курс во време на криза е добра стратегиja?
--- надополнето: Dec 9, 2011 8:53 PM ---
Сега ќе видиме Бугарите како играат рокенрол во услови на нестабилен девизен пазар :)
Забораваш дека точно валутниот борд ни задолжи да трупаме фискален резерв? Еве сега трошиме оттамо и ако државните обврзници например за 3,5 години одат 3,3% камата некаде. 10,5 годишните одат некаде 5,3%
 
Да се уште сме, а зашто сменаш дека само фиксен курс во време на криза е добра стратегиja?

Зошто 16 години сме во криза, а уште сме живи со стабилни цени.
 
Back
На врв Bottom