Шест фонтани за да заличи влезот на Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
haters-gonna-hate.gif
 
Давид со оглед дека имаш вкупно 1 пост..... ај невермајнд.
Него кретенизам е да го критикуваш градоначалникот на Карпош, зошто е од др. партија, всушност како што кажав, човекот добро работи. И баш ме боли мене кој е во Аеродром, и од која партија е, реков - важно е како работи, а работи одлично.
И во К.Вода е од ДПМНЕ градоначалникот, па К.Вода е ДУПКА СМРДЛИВА.
И чисто информативно - член сум во партија, во која е и градоначалникот на К.Вода.

Во право си..ми е преку тасета кој од која партија е , кога ја неможем ко човек да излезам на улица и да се осеќам како нормален човек.. никого нема да величам и фалам ако ја морам со троскок да одам по тротоари и да рипам дупки, или да газам по ѓубре и да се осеќам како у Занзибар да сум , а не во европска држава..
 
Добар е Ивица скоро секој ден во Аеродром има некој проект општината си доживува модернизација и промени си го бива дечкото .Факт е дека Владата му помага но знае и како пари да и извлече преку проекти.Стефче е исто добар Карпош е екстра место за живеење со решен паркинг,пешачки патеки,хортикултура кеј итн итн.
 
Нема добри фини, сите се исти гомна :гомце:
 
Нема добри фини, сите се исти гомна :гомце:

Не се согласувам со тебе.Фин е Стефчо зашто низ Карпош одам по бекатон плочки не газам во кал,кога одам кај другари има кај да се паркирам.Фин е Ивица зашто ја среди општината со сите можни чуда од паркови до зеленила до патеки итн итн.А кога збориме за :гомце: оди во Ѓорче кај Сокол или оди кај Марјан во Кисела Вода
 
Лошо е што не умеете да видите што се случува зад кулисите :D
 
Лошо е што не умеете да видите што се случува зад кулисите :D
Тука си во право зад кулисите секогаш имало и ќе има лева рака десен џеб и тендерчиња ама како жители на тие општини барем да имаме некој решени проблеми :)
 
Не се согласувам со тебе.Фин е Стефчо зашто низ Карпош одам по бекатон плочки не газам во кал,кога одам кај другари има кај да се паркирам.Фин е Ивица зашто ја среди општината со сите можни чуда од паркови до зеленила до патеки итн итн.А кога збориме за :гомце: оди во Ѓорче кај Сокол или оди кај Марјан во Кисела Вода
Да само што Аеродром е почнат да се гради дури 74 та година (првите згради се трите високи воени кули кои може да се видат веднаш од влезот на Аеродром) и тоа од нула со помош на ЈНА, што не е случај со останатите населби, заради тоа е се така плански градено. Тогаш последна петка била некаде до сегашната поликлиника Јане Сандански, за Ново Лисиче да не правам муабет. И Аеродром не е од сега најурбана населба, од поодамна е.
 
Малку доцна се вклучувам на темава ама морам да се изјаснам.

Да ги тргнеме парите на страна, кои ќе бидат искористени за градење фонтани. Што друго знае градоначалников да гради освен фонтани и паркови? На секој чекор ги има, преку глава ми е од толку многу, па сега уште 6 ќе ги прави. Зошто? За луѓето кога влегувале во Аеродром да се чувствувале европски? Пффф, гледам сите други влезови се средени па остана да се шминкаат со фонтани. Но поентата ми е на следново.
Приметивте сите дека низ Скопје по булеварите се садат дрвца за да наликува поубаво? Да, но тоа се, ќе повторам, БУЛЕВАРИ. На никој не му текнало ли дека на 3 островчиња и 10-ина семафори еден до друг кои формираат деликатна крстосница, кога ќе се изградат паркчињата и фонтаните, прегледноста на сообраќајот ќе биде опасно намалена? Како јас ќе имам можност да видам кој влегува од друга лента? Или да верувам на семафорите во ова лудо време? Баш ме интересира бројот на сообраќајки кои ќе настанат.
Најискрено се надевам дека нема да се случи ова.(n)
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 02:01 ---
Општина Аеродром е општина со луѓе кои се претежно ВМРО-вски настроени, така да не верувам дека во наредните 10-15 години ќе имаме човек од сдсм за градоначалник. А и не ни треба. Тој претходниот троа поише мачкаше очи дека гради, а уствари повеќе крадел, па еве го сега е у затвор. Али сегашниот прилично супер си ја врши работата и заради тоа општина Аеродром е најдобра и најубава општина во Македонија.

Он-топик: некако малце претерано ми е со фонтаниве. Ќе си беше убаво и ако го направеја да е само со трева и дрвца ко низ главните булевари, али јебига.
Тука грешиш, ова што го гради не е на булевар, туку на крстосница!!!! Прочитај го мојот одговор погоре.
 
Тоа што човекот незнае кој е градоначалник не е ништо негативно и страшно туку напротив тоа е знак дека не го интересира партијата туку делата на градоначалниците.
За жал вакви примери се многу ретки во нашата ни мила држава а критериумите ни се сведени на партиска припадност што е навистина нерелевантно кога е во прашање градоначалник. Како доказ имаш Струмица и Охрид иста партија дијаметрално спротивни квалитети, а исто имаш Прилеп и Битола истата слика само со градоначалници од руга партија.
Конкретно за средувањето на оваа раскрсница мислам дека се одвоени премногу средства кои можат да се искористат за друга намена. Фонтаните се непотребни и јас би ги ставил на друга локација во неке паркче или слично.

Иста партија (y)
Инаку, дојдов на темава онака чисто информативно дека налетав на луѓе кои имаа пофалби за Ивица Коневски иако се од *другата страна*.Исто по некоја случајност знам дека и стариот негов бил сличен работник.
 
не ќе беше ли поубаво наместо шестте фонтани да направеа едно езерце- добро уредено- местенце та да го сузбие мртвилото на градот- па макар и на она местото кај Алумина- наместо оние зградишта - ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom