Шест фонтани за да заличи влезот на Аеродром

L

.Lost Angel.

Гостин
Новиот лик општината ќе биде готов напролет, а проектот ќе чини 500 илјади евра и ќе се финансира со пари од општинската каса

Општината Аеродром ќе добие нов урбан лик. На влезот на општината на првата крстосница, каде што се вкрстуваат булеварите "Јане Сандански", "Кузман Јосифовски Питу" и улицата "Фрањо Клуз", ќе се изградат шест фонтани на пешачките острови, по две на секоја од нив. Освен водни ефекти овој простор ќе се разубави и со ниски декоративни грмушки, со средни зимзелени и мали листопадни дрвца, а просторот меѓу фонтаните и дрвјата ќе се поплочи со гранитни плочки. Новиот лик општината ќе биде готов напролет, а проектот ќе чини 500 илјади евра. Парите ќе се обезбедат од општинската каса, а уредувањето ќе го врши фирмата Урбан инвест". Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, оваа локација се смета за најсоодветна за изградба на модерно катче, бидејќи ќе ја покаже првата слика за општината.
- Целта на Општината Аеродром е да го подобри впечатокот за општината со оглед на фактот дека се работи за самиот влез во општината и сакаме да го доловиме впечатокот што општина Аеродром во изминатите години се труди да го изгради за граѓаните, а тоа е една општина која е на повисоко ниво целосно хортикултурно уредена, со многу паркови и со многу фонтани, а во таа насока е и реализацијата на овој проект - изјави Коневски на стартот на градежните активности.
Скопскиот градоначалник го поддржува проектот и апелира и до другите општини да издвојат средства за што повеќе зелени површини.
- Ова нека биде поттик и за останатите градоначалници да реализираат вакви проекти. Јас би сакал да кажам дека ги поддржуваме овие проекти и им честитаме на градоначалниците за ваквите иницијативи - вели градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Жителите на општината се задоволни од најавениот нов изглед на влезот на општината. Велат дека Општината Аеродром со пешачките патеки, новоизградените паркови и сега со најавените фонтани заликува на едно пријатно место за рекреација и живеење.
- Ја поздравувам одлуката за разубавување на општина аеродром. Јас живеам овде 30 години и во оваа населба немаше каде да излеземе и да прошетаме, само згради насекаде. Сега си добивме и паркови и има каде да ги прошетаме внучињата - вели пензионерката Рада К., жителка на Аеродром.
Во изминатиот период Општина Аеродром активно работеше на уредување на јавните површини. Изгради два нови зелени паркови едниот покрај кејот на Вардар со поставена школка од авион и импровизирана осветлена писта долга стотина метри како синоним на името што го носи општината и вториот парк се наоѓа во централниот дел на општината каде што ќе се одржуваат низа културни манифестации.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Пљукајте колку сакате али општина аеродром се разубаве неколкукратно.
Никој не плука само многу пари се тоа... се може и помалце и јас живеам во Аеродром т.е ново лисиче не викам не многу повеке е разубавено во овие последниве години. :D
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Коневски треба да биде пример за тоа како се работи со општина, за другите такозвани „градоначалници“. Браво.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Еве поголеми рендери


Мислам дека Општина Аеродром најмногу инвестира-ше досега во хортикултурно уредување, на изглед мислам дека е најсредена општина во Скопје.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.750
Поени од реакции
9.876
Замерка , се оди со многу закосени линии.. тоа може да се изведе по заоблено .. по мој вкус .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Си имаат најдобар општински градоначалник. Си можат. И најсредена и најчиста општина е. :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.750
Поени од реакции
9.876
Кога се има пари све се може и кога не се краде !!!:D
до тоа второто е .. и Кисела Вода има скоро ист буџет, и Карпош.. и Куманово има 20 и кусур милиони евра ...а цела година само се крпат дупки и чат пат ќе се исфарба некоја зебра ..:mad:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
до тоа второто е .. и Кисела Вода има скоро ист буџет, и Карпош.. и Куманово има 20 и кусур милиони евра ...а цела година само се крпат дупки и чат пат ќе се исфарба некоја зебра ..:mad:
Абе сите крадат, тоа е факт. Било кој да дојде на власт. Но овие сега што се колку толку градат. Но не ќе биде лошо и во другиве општини нешто вакво слично.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
браво искрено се радувам за вас и за вашата општина но воедно и ви завидувам и криво ми е што за разлика од кај вас кај мене ова градоначалников со прст не мрдна за општинава ама буквално со прст не мрдна! општина бутел1, бутел2, радишани и околните населенија имаат еден градоначалник а тоа е петре латиновски ( вмровец ) и гледам веќе 7 години е на власт абе буквално ништо не направи! жими еден споменик во бутел шо кренаа ( а тоа е од владата мислам ) направија нова зграда за општината и улицата и тротоарите само до влезот кај што живее латиновски. друго НИШТО! мизерија невидена! уште еднаш браво за аеродром!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
браво искрено се радувам за вас и за вашата општина но воедно и ви завидувам и криво ми е што за разлика од кај вас кај мене ова градоначалников со прст не мрдна за општинава ама буквално со прст не мрдна! општина бутел1, бутел2, радишани и околните населенија имаат еден градоначалник а тоа е петре латиновски ( вмровец ) и гледам веќе 7 години е на власт абе буквално ништо не направи! жими еден споменик во бутел шо кренаа ( а тоа е од владата мислам ) направија нова зграда за општината и улицата и тротоарите само до влезот кај што живее латиновски. друго НИШТО! мизерија невидена! уште еднаш браво за аеродром!

А имаш идеа зошто 2 пати го изгласале??!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom