Лош темперамент

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.741
Ситуација прва:

Влага Владе троа малку нервозен во дневна соба зашто касни пола саат во црква на свадба кај брат му, кога гледа девојка му се шминка.
-Бети касни ме, 10 и 30 е, и реков на мајка ми дека ќе бидеме таму во 10. - пробува да звучи толерантно.
Бети ни две ни три, прави смртоносна фаца, зема римелот вперувајќи го во него и почнува да хистериша на цел глас:
- Ти мене ќе ме брзаш. Абе не ме нервирај, ќе ти раскинам, има да те оставам таму сам да дремеш на свадба да се брукаш!!! ( гласот од збор на збор достигнува сериозно високи децибели, речиси забранети со закон). Ќе видиш кога ќе и кажам на мајка ти како ме малтретираш, море психички ќе ме пореметиш еј??!?
Владе се насмевнува љубезно кон соседот кој стои на прагот на вратата и се спрема со фиксниот во рака да викне полиција, одговарајќи дека се е во ред. Соседот разочаран што нема да види полициско комбе разочарано спушта на телефонот, а Владе сосем избезумен за да не си го бара одговара со:
- Добро Бети не е проблем, ќе почекам, не дека се брзаме.

Ситуација втора:
Анѓа се спрема да му раскине на Митре. Идат две години, ама нити го сака, нити се слагаат. Последниве три месеци се се на ратна нога. Некако Митре се почесто избувнува. Пред некој ден ја скрши вазната што и ја купи за 8 ми Март, зашто некој другар од средно и стиснал лајк на статусот на Фејсбук. Она спрема говор два дена, се договара да седнат во кола за да не и прави сцени во јавност и почнува.
-Митре слушај, не е лесно после 3 години да ти го кажам ова, ама мислам дека треба да...?
- Што е мори?- ја прекинува - Ќе ми раскинеш?
-Па не гледам зошто би биле заедно повеќе.
-Не гледаш а?- мава со бокс во шофершајбна - Три години мори еј? Ќе те убијам, дечко нема да фатиш, има сите да ги убијам. Стара мома ќе останеш. Ако не си со мене, со никој нема да бидеш.

Ви се случило ли да си фатите работа со човек што има лош темперамент? Се дере, хистериша во јавност, ве плаши, крши по дома, знае да летне некоја дискретна закана, ве уценува со скандал сцена? Сте успеале да се справите со таква личност или воопшто не сте се ни потрудиле? Всушност, дали воопшто вреди да се обидете да бидете со таква личност?

Познавам случаи во кои лошиот темперамент, излегол на површина после неколку години врска за да излезе дека не е инцидентна работа, туку вешто скриена карактеристика. Исто така познавам пар, кој беше заедно шест, седум години, во кои девојката во поголем дел, ја фаќаше таква хистерија да не бираше време ни место каде вика. Еднаш во автомобил, бев сведок на една нивна кавга која толку се влоши за време на возењето што мислев дека нема живи да стигнеме до целта ( она возеше инаку).

Искуства, ениуан?
 
Немам искуство такво се фино културно пристојно со разбирање и договор :icon_lol:.
--- надополнето: Dec 8, 2011 10:09 PM ---
А јас лош темперамент немам само муабети ми вадат :icon_lol:.
 
разумен компромис е разумен компромис....
***
мразам девојката да ми наредува исто како и таа мрази да ми наредува :)
 
Имам налетано на скриен темперамент но среќа една личност на време ми ги отвори очите и си се тргнав на страна со време.Наликуваше на Бети од првата ситуација ,мислам дека на ова нема лек или ќе се најде човек што ќе ја трпи некое време и она ќе му се качува на глава или ќе налета на некој кој има низок праг на толеранција па ќе заврши на костозглобна.Ова е вулкан ситуација необјасниво шест дека да си супер седмиот е хистерии не бирајќи време и место.
 
Не сум бил во таква ситуација и со таков темперамент и од двата случаја, па така неможам да искоментирам асално на ова.
Но она што го знам е дека со вакви карактери е тешко да се излезе на крај и треба да се иде со тактика, затоа што најчесто се многу експлозивни и себични, а посебно тврдоглави, па самото тоа ни кажува за каков пристап треба да имаме.
Најдобар начин е да се реши проблемот на најдобар и најприсотен начин, ако е грешката во него треба да му се укаже на фин начин, а да сфати и да го заболи, и потоа постепено да го топите неговиот темперамент.
 
За жал признавам дека го имам тој таков темперамент ама трудам се да го надминам... :(
 
jasum fina zenska so lesno se razbiram ama ako mi pukne filmot nema vise nazat........ogin na site strani
 
Е ако нешто неможам да поднесам во животот... то е некој/а да ми крева паника и да се дери. Абе кој сакаш биди, јас на мајками и на татко ми не му прам муабет (напуштам расправија демонстративно, и му викам да си се напијат по еден лексилиум па да се вратиме на темата) ко ќе повишат тон - луѓе шо ме родиле и ме израснале т.е. се одговорни за моето постоење, не пак некој уфилман лик од индиско-шпанска тв серија. Ајт сиктер таму, ако од дома ти дозволуваат така да се понашаш, јас сум човек на ниво, па ако сакаш да имаш некаква комуникација со мене... ќе се потрудиш да дојдиш на мое ниво, пошо јас на твое не паѓам... А како капаче на се многу брзо ми пука филмо и неможам да трпам па кој е по будала од мене нека те трпи, јас нема дефинитивно.
 
Познавам случаи во кои лошиот темперамент, излегол на површина после неколку години врска за да излезе дека не е инцидентна работа, туку вешто скриена карактеристика. Исто така познавам пар, кој беше заедно шест, седум години, во кои девојката во поголем дел, ја фаќаше таква хистерија да не бираше време ни место каде вика. Еднаш во автомобил, бев сведок на една нивна кавга која толку се влоши за време на возењето што мислев дека нема живи да стигнеме до целта ( она возеше инаку).

Искуства, ениуан?

Болдот во принцип е редок случај. Избувливите и агресивни луѓе не можат тие свои карактеристики да ги скријат од проста причина што се избувливи и агресивни. Појако е од нив, и од желбата да не се изрезилат и направат скандал. Типичен припадник на оваа врста ќе ти одговори вака некако-Абе знам дека не требаше да-го акнам со шише по глава/да го навредам/да му се дерам на дечко ми пред другарите, ама во тој момент ми се споија жички, штрафови и мутери, жути минути, плави лагуни, изгубив самоконтрола итн... Освен во случаеви на пасив-агресив симптоми ама и тоа мислам дека не може долго да трае а овој со неколку години тој мора да бил некој феномен.
Значи ако го тргнеме овој случај како исклучок, ваквиот тип на партнери за многу кратко време ги сфаќаш дека ги пополнуваат квалификациите на автопиромански идиот. И затоа со голема резерва го слушам муабетот на правдање после-ама јас не знаев дека е ваков. Обично кога ќе ги подпрашам малку повеќе сфаќам дека имало градација на симптоми кои ти не ги виделе или не сакале да ги видат. И таквите луѓе така градуално се издаваат. Првиот пат кога ќе му кажеш дека сакаш да излезеш со другарките ќе те погледне остро и суво ќе ти каже-оди. Вториот пат истиот случај, ќе промрче нешто во стил-абе многу ти со тие другарките шеташ, третиот веќе доаѓа до туча (не)вербална. Така да место со клиторис да се размислувало, ако се размисли со глава лесно ќе се увиди во кој правец оди работата.
Лично, ни на телевизија не ги поднесувам ваквите жени и оваа особина ми е во топ 3 на особини што не ги сакам кај женско. Така може кај мајка и дома. А многу ми е лесно да ги заебавам ваквите. Значи ти се објаснуваш некои работи културно, она почнува да хистериша, ти продолжуваш смирено да и објаснуваш дека тој не е начинот, она појачува децибелажата уште толку, на сред реченица и викаш разговорот е завршен и и спушташ. После тоа ќе ти врти. Не треба тука да се кликне на No на телефонот, него да се стави на сајлент за да дозвонува до крај. Или тоа или ја оставаш да хистериша до крај за на крај кога ќе замолчи (демек чека сега да и се дереш ти повратно), ти само да и кажеш извини ај повторно кажи што рече бев смоки да си земам. Чувството во такви ситуации ми е вакво

889145_700b.jpg


Значи после тоа знаеш дека секс веќе-аш али ММЕ вреди за парите. Таквите хистерични жени обично се хранат од тоа издеравање. Значи ако враќате со иста таква мера само им помагате оргазмот да им трае подолго. Нема попоразителен момент за хистерична жена, од тоа да не ја продолжиш дискусијата или да ја продолжиш на начин каков што не сака таа. Think about it, if you encounter this problem...
 
Болдот во принцип е редок случај. Избувливите и агресивни луѓе не можат тие свои карактеристики да ги скријат од проста причина што се избувливи и агресивни. Појако е од нив, и од желбата да не се изрезилат и направат скандал. Типичен припадник на оваа врста ќе ти одговори вака некако-Абе знам дека не требаше да-го акнам со шише по глава/да го навредам/да му се дерам на дечко ми пред другарите, ама во тој момент ми се споија жички, штрафови и мутери, жути минути, плави лагуни, изгубив самоконтрола итн... Освен во случаеви на пасив-агресив симптоми ама и тоа мислам дека не може долго да трае а овој со неколку години тој мора да бил некој феномен.
Значи ако го тргнеме овој случај како исклучок, ваквиот тип на партнери за многу кратко време ги сфаќаш дека ги пополнуваат квалификациите на автопиромански идиот. И затоа со голема резерва го слушам муабетот на правдање после-ама јас не знаев дека е ваков. Обично кога ќе ги подпрашам малку повеќе сфаќам дека имало градација на симптоми кои ти не ги виделе или не сакале да ги видат. И таквите луѓе така градуално се издаваат. Првиот пат кога ќе му кажеш дека сакаш да излезеш со другарките ќе те погледне остро и суво ќе ти каже-оди. Вториот пат истиот случај, ќе промрче нешто во стил-абе многу ти со тие другарките шеташ, третиот веќе доаѓа до туча (не)вербална. Така да место со клиторис да се размислувало, ако се размисли со глава лесно ќе се увиди во кој правец оди работата.
Лично, ни на телевизија не ги поднесувам ваквите жени и оваа особина ми е во топ 3 на особини што не ги сакам кај женско. Така може кај мајка и дома. А многу ми е лесно да ги заебавам ваквите. Значи ти се објаснуваш некои работи културно, она почнува да хистериша, ти продолжуваш смирено да и објаснуваш дека тој не е начинот, она појачува децибелажата уште толку, на сред реченица и викаш разговорот е завршен и и спушташ. После тоа ќе ти врти. Не треба тука да се кликне на No на телефонот, него да се стави на сајлент за да дозвонува до крај. Или тоа или ја оставаш да хистериша до крај за на крај кога ќе замолчи (демек чека сега да и се дереш ти повратно), ти само да и кажеш извини ај повторно кажи што рече бев смоки да си земам.

Ќе ти кажам за реален случај со кој моја блиска личност си имаше работа. Дечкото со кој што беше во моментот, никогаш не повиши тон кон неа, нити и имаше ставено забрана, ама затоа по дома правеше невидени сцени викајќи по неговите, сестра му, го фаќаа напади на бес, ама она не придаваше значење зашто премногу ја сакаше и си мислеше дека нема шанси да и направи неа таква сцена. И би таков момент да дојдат до раскинување кога типот сите можни маани во 15 минути ги покажал. Урлање, викање, мавање боксови по волан. Мислам дека беше преплашена. Ми вика: Добро со кој човек сум била четири години? Си викам со истиот, само што си се лажела сама себе.

Затоа се согласувам со тебе. Не е возможно да се очекува дека во некој момент таа агресија и избувливост нема да биде насочена кон тебе. Ниедна љубов нити поврзаност, тоа не го менува. Само време е во прашање.
 
Болдот во принцип е редок случај. Избувливите и агресивни луѓе не можат тие свои карактеристики да ги скријат од проста причина што се избувливи и агресивни. Појако е од нив, и од желбата да не се изрезилат и направат скандал. Типичен припадник на оваа врста ќе ти одговори вака некако-Абе знам дека не требаше да-го акнам со шише по глава/да го навредам/да му се дерам на дечко ми пред другарите, ама во тој момент ми се споија жички, штрафови и мутери, жути минути, плави лагуни, изгубив самоконтрола итн...

Да бе не може да се скрие, јас сум одличен во таа тема, кого сакаш прашај сум мирен фин културен додека сум после не сум. Ретко кога не сум ама сум бил да не сум :icon_lol:. Него остави тоа никогаш не се каам така да лоша проценка :icon_lol:.....
 
Имам видено едно говедо кое се однесува со една прекрасна личност која е најмалку дупло поинтелегентна, подобра и попаметна од него која во секој момент може да најде многу подобар дечко како идиот. Човекот ја има исмејувано вербално во друштво со ванаби сарказам, искористувано материјално и што е трагично уште се заедно што јас не можев да се начудам. Еднаш го следев во јавно ВЦ да видам да не има пенис од 23 см, и уште повеќе се разочарав кога видов дека му е помал од мојот.
Не се работи за љубомора, девојката ми е другарка и никогаш не би помислил да преминам на друг левел со неа, чисто не ми влегува во глава што бара некој или некоја во врска со такви луѓе.
Од муабети знам случај кога на еден школски другар невестата му побара куќа од 250 кв. ако сака да живеат заедно, не можела да се стега на спрат од 130 квадрати, и ималo хистеришење по маало.
Јас би и ги удрил клоците уште одма, ако сака и златна нека и е сливата.
 
Права на жените, жените обесправени, шпански серии, па европски живот... и што знам уште какви филмови не си прават луѓето, по обичај девојка ќе си речи “кој смее мене да ме управува јас кога сакам ќе праам нешто кај сакам ќе одам јас сум своја личност“ и тука одма има егоизам и немање заеднички јазик меѓу парнтерите туку онака површно се на работ на раскинување. И машката страна исто е, која е таа ова да ми прај, ја сум маж што ќе речам ќе праи...и тука не чини и пак раскинување.

Факт е дека мажот е глава во семејството али цурава како шо го опиша случајот, да те “еби“ пред сите некоја онака,..е стварно да и ги удриш клоците,чао пријатно па нека си оди кај што ќе и одговара:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom