Најдобар европски кошаркар за 2011 година

  • Креатор на темата Креатор на темата wARMAN69
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Одличните настапи на Лестер Бо Мекејлеб во дресот на македонската репрезентација на Евробаскет 2011 придонесоа извонредниот плејмејкер да се најде меѓу десетте кандидати за наградата најдобар европски кошаркар за 2011 година. Македонскиот плејмејкер се најде во друштво на браќата Гасол, Новицки и останатите ѕвезди на европската кошарка, а во гласањето што почнува денеска, а трае се до 31 јануари, на Бо сигурно ќе му бидат потребни што повеќе гласови од македонските кошаркарски фанови.

Бо Мекејлеб имаше година за паметење. По повторувањето на пласманот на фајнал-фор турнирот од Евролигата со Монтепаски Сиена, бекот направи голем успех за Македонија на Евробаскет 2011. Малкумина веруваа во потенцијалот на оваа селекција, но Мекејлеб го водеше својот состав дури до полуфиналето, попат победувајќи го домаќинот Литванија со брилијантна игра во четвртфиналето. Поради тоа, тој обезбеди свое место и во најдобрата петорка на турнирот“ - пишува на официјалната интернет страница на ФИБА Европа, како официјално објаснување за номинацијата на Мекејлеб за оваа голема награда.

Само за потсетување, Бо Мекејлеб имаше фантастични настапи за „црвено-жолтите“ на Евробаскет 2011, каде имаше просек од 21,4 поени, 3,1 скок и 3,7 асистенции по натпревар, со одличен шут од поле од 47’. Токму затоа, Мекејлеб важи за еден од фаворитите во трката за големото признание, на кое што атакуваат и Андреј Кириленко, Дирк Новицки, Марк и Пау Гасол, Хуан Карлос Наваро, Димитрис Дијамантидис, Душко Савановиќ, Николас Батум и Тони Паркер. превземено од екипа



вашиот глас може да го дадете на директниот линк
 
Еј, само што сакав да отворам тема за ова.

Подобро нека додаде модераторот во насловот - Гласајте за Бо Меккелеб, заслужува Бошко. Вака нема секој да ја отвори темата и да гласа :)
 
Најдобар е Бо, веќе и гласав за него, а покренав и на Фејсбук иницијатива за собирање гласови.
 
Гласав за Бо од почит за она што го направи за државава во Литванија.Но Наваро е неприкосновен и ќе ја освои и оваа награда.
 
Ако се рачуна и нба, Дирк ја зема 100%

Иначе Бо беше одличен и со Македонија и со Сиена, фајнл фор стигна и лигата ја освои
 
Прв:Бо
Втор:Наваро
Трет: заборавив кој го избрав прееска хD
 
Извини вака али преку тасе си ми со овој дојче филм што си влезен.

1. Мајка ти
2. Мајка ти
3. Дирк
Сите сакаме да освои Бо, ама нема. Ќе освои Дирк попо зема НБА или Гасол/Навари пошо земаа европско. А да има некое онлајн гласање на ФИБА секако за Бо би гласал.

А за влагање у филм, незнам за полош од филм од тоа да се јачаш и да спомнуваш мајка на друг член на форум. lame!(n)

едит: сеа видов линкот, може за повеќе да се гласа?
 
Сите сакаме да освои Бо, ама нема. Ќе освои Дирк попо зема НБА или Гасол/Навари пошо земаа европско. А да има некое онлајн гласање на ФИБА секако за Бо би гласал.

А за влагање у филм, незнам за полош од филм од тоа да се јачаш и да спомнуваш мајка на друг член на форум. lame!(n)

едит: сеа видов линкот, може за повеќе да се гласа?

Да, за тројца можеш.
 
Дирк се посрамоти на Европско, поточно не тој толку индивидуално колку што одигра Германија. Мислам дека е време да купат играчи како во фудбал што направија... Плус тоа се повлече од репрезентација и годините ќе го совладаат. Ако е меродавна ФИБА, Бо треба да биде прв токму поради колективниот успех што го направи со Македонија. Е сега и Наваро освои злато па на тој начин е пред Бо, иако мислам дека ќе биде огромен успех и ако Бо е во првите три.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom