А зошто само на Dreambox да ги ограничат забраните ?
Најкомотно нека ја забранат сателитската телевизија, кратко и јасно, целата конкуренција надвор од Македонија за секунда ќе ја исклучат, па ако не сме задоволни со Шител и Канал S, и нив ќе ги исклучат, само МРТВ да гледаме, ништо друго.
Легален е ресиверот ,ама дали е легално некој да го кракира-хакира и што уште не да прави со кариците и ресиверот ,за да се гледаат повеќе канали кој воошпшто не се ни регистрирани во Македонија за гледање?
Па, ако така гледаш на работите, тогаш треба да се забрани и продажбата на Xbox 360, PlayStation 3, PlayStation Portable и Nintendo Wii, бидејќи сите можат да бидат хакнати и на нив да се играат нелегални копии од видео игри.
Исто така треба да се забрани и продажбата на некои модели на DVD плеери и телевизори од некои производители, на кои јас имам инсталирано нелегален софтвер за да можат да читаат превод на кирилица, бидејќи со оригиналниот системски софтвер со кој доаѓале, можеле да читаат само латиница.
Ако ова навистина планираат да го воведат, и ако не падне на Уставен Суд, тогаш слободно можеме да се збогуваме со либерализацијата во електронските медиуми, која ја уживаме уште од раните 1990-ти години со појавата на првите приватни радио и телевизиски станици во Македонија.
Ајде, уште малку па да ги исклучуваат радијата и телевизиите во 22:00 часот секоја вечер, бидејќи:
" Ако не ја гасеа телевизијата у десет саато' синко, ти денес немаше да постоиш... торко !!! "
А да, ќе треба да ги забранат и персоналните компјутери, бидејќи мојот персонален компјутер е мој персонален компјутер, јас го користам за што сакам, можеби утре ќе го искористам мојот персонален компјутер за да хакнам некој сајт на некоја институција од државната или јавната администрација или нешто слично.
Да не заборават да ја забранат и продажбата на бормашините, феновите, ножевите и ред други уреди кои играат улога во нашиот секојдневен живот, бидејќи во одредени околности можат да бидат искористени како смртоносни оружја.