Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
тажен сум до срж, тешко ме, ќе се сечам.
поможи ми боже


cmao :(
 
Драга...
животов е како едно смрдливо, малечко :гомце:. (извини за речников)
Под итно ми треба некаква промена. Сакам да ми се вратат сивите нијанси, затоа што се уморив од црно-белиот свет.
Поздрав
 
Темпоралната зависност на состојбата на умот е нешто за кое никогаш нема да имам објаснување. Ниту оправдување. Кога е човек распнат од чувство на беспомошност и безизлезност, се' што му останува е да се идентификува со рането животно. Да гребе, да прета, да изгуби секаков допир со реалноста и величината на емоциите кои веќе нема сила да ги држи под контрола и да се изгуби во желбата да повреди. Афектна состојба еквивалентна со теориите на Дарвин за нашето потекло.

Живееме во такво време во кое мораш да бидеш разумен и кога си повреден, мораш да го обмислиш паметно својот афект, својот бес...затоа што зад аголот стои одвратната хиена која има пристап до твојата најдлабока интима и со својата смрдеа ја пие секоја пора од твојот изблик на човечност, ја става на операциона маса, експериментира со неа и ја пласира согласно со своите интереси.

Треба со време да се освестиме дека ништо не е свето. Нашата изворна човечност во емоционалната ни пропаст-најмалку.

To thee, my dearest companion, who lived in an era where Romance was still an intimate urge of Poets to put forth their deepest rainbows of the heart on a piece of paper and still share their intimate darkness with a ravenous creation of their soul.
To you, dear Poe, i raise my glass.

 
Добро Утро Драга,
Да јас сум таа што стана толкууу рано (::
Вчера легнав во 9 се откажав мислев дека ќе можам да издржам но сум се излажала....
Инаку во моментов се освестувам со утринско кафенцее ♥ појадок ( колку да не биде без ич :Р )
Имам презентација анатомија !!! Мислам дека ќе ја спремам до 2 часот ...
Погледнав низ прозоревов... гледам како им играат гранките на дрвјата! Прекрасно... :pipi:
Сакам вака да ми продолжи денот, како што ми почна утрото ИСПОЛНЕТО (::

Ви посакувам на ситее убав ден :love:
 
ДиКиз Хеј...
вака сеа.....станав пошто ме разбуди ламарината (или литературно речено лимот) од покривот на гаражата на мојот сосед (пич*ка му мајчина)....
еве решив по две години да го средам мојот запоставен компјутер и да снимам некое цд ко и секој нормален чоек...
Сите по дома арни,.....денес ми е 42 ден на работа по ред..... (:гомце:) и така.....
а за сите кои го читаат ова...еден позз :)
 
Што кога би го комуницирале само со очи? Не би постоеле лица, нема опсервација дали некој има правилни црти како скициран прозирен човек од учебник по биологија за 5 одд. со вени без кур, дали има поголем или помал нос, каква форма е неговата коса и такви банални ситници.
Зборуваш и се гледаш само во очи и ги следиш емоциите како последица од тој разговор и одблесокот од очите, мислам дека така е најдобро.

 
Катерина колку знаеш да возиш не е нормално. Како ќе положиш сеа градска, it`s going to be legendary.
Продолжи да си го повторуваш ова*
 
Нека биде во 2012.
Нека ми се смени тотално животот.

Сакам!
Нема посреќна жена од мене, во моментов. Добро, девојка. Сеедно, човек!


Ех...:pipi:
 
Полагам утре кајгано :)
Полека си ги делкам и последниве колоквиуми од последнава универзитетска година :D
Засега се оди според планот....(y)
Сакам кога оди времето накај нова година и постновогодишните празници.
Јадње, руска салата, кифлички, пити = многу нафрлени килограми ама и задоволен и попунет стомак :D
Порано обожавав кога во овие денови на крајот од ноември и почетокот на декември, си правев долги прошетки низ населба. Ми се допаѓаше мирисот на воздухот, смиреноста на населбата, скоро празните улици, тишината... прекрасна доба за смирување на главата и разбирстрување на мислите. Ама сега, ако излезеш надвор може да добие некоја тешка болест, а ништо чудно и да се загушиш од гнасната "магла"....
Поздрав кајги :love:
 
Tаблата е зелена, кредата е бела, пуста математика вода ја однела, час по руски сите деца гуски, час по фискултура сите деца Ура, наставникот доби температура, 39 падна во кревет, се напи топло чајче и рече "Оф леле мајче".

И деновиве сум нешо у филм Дубиоза колектив ( незнам тоа босанскиот јазик и нивниот голем акцент ми се лудило) и Челзи вечер ќе тепа и јас конечно ќе си ги исполнам 3 и 1/2 работи шо никогаш ги немам пробано ( секс, дрога, алкохол и рол) и неќам веќе да сум директор ( ми помина меракот) сега сакам да сум претприемач ( колку само фенси звучи) и знам дека у догледно време ќе им одам на концерт на Robbie Williams,Muse, Rammstein, Bernays Propaganda и Jamiroquai и ми недостигаат едни зелени очи ( али не за долго) и иако имам руско име одсекат сум бил за Американците и конечно ќе ја зваршам книгата шо ја пишам ( Аманити низаеден) и ако јас не можам а толку многу сакав тогаш знам дека Усаин Болт пак ќе пердаши на стотка и најголемиот Раиконен ќе гази и Friends ќе се вратат уше со десет сезони и здравје и пари и многу грудима...Среќна нова 2012.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom