Можно ли е нешто слично и кај нас....не мора баш таа сума?
Фиат“ инвестира над 700 милиони евра во „Застава“
Крагуевац /28/07/ 08:00
Договорот вреден повеќе од 700 милиони евра меѓу италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ и српскиот автомобилски производител „Застава“ ќе биде потпишан во текот на оваа недела.
Ова е соопштено, откако двете страни вчера успешно ги завршија прелиминарните разговори за инвестирање на „Фиат“ во фабриката во Крагуевац.
Договорот се очекува да биде потпишан до четврток, во присуство на српскиот претседател Борис Тадиќ, а не исклучено на чинот на потпишувањето да присуствува и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Нацрт договорот што претходно беше потпишан во Крагуевац меѓу „Фиат“ и српската Влада предвидува инвестиции од над 700,000 милиони евра за производство на 300,000 автомобили годишно, како и производство на два целосно нови модели автомобили.
Со договорот се предвидени и големи инвестиции во подобрување на инфраструктурата во Крагуевац, вклучувајќи и изградба на автопат Крагуевац – Баточина, реконструкција на дел од железничката траса, за поефикасен транспорт и стока и луѓе и снабдување на производствените погони на „Фиат“