Услови за магистарски и докторски студии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Interperf
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
Имама прашање во врска со постдипломски студии, во последно време се актуелни некои нови факултети (и насоки) како што се Бизнис Логистика, Бизнис Информатика и сл. На некој од овие факултети има опција за 3 или 4 годишно студирање. Прашање ми е дали е можно да се запишат магистрски студии после 3-годишни додипломски студии или пак за магистарски студии мора да се заврши 4 години? И дали може да се запишат магистарски студии на различни факултети (пр. од Бизнис Информатика магистратура на Економија).
 
Може,3 години си на факултет а потоа земаш 4та како магистарски :)
 
Може,3 години си на факултет а потоа земаш 4та како магистарски :)

Ок.... само мислам дека не се разбравме најдобро.... пр. со 3 години на факултет по Информатика на УГД добиваш академски назив "Дипломиран Информатичар" а со 4 академски назив "Дипломиран Инжинер по Информатика" што значи дека пак не си магистар. Сега прашањето ми е дали може ако дипломираш на 3 години да запишеш постдипломски и да станеш магистар или пак мора да имаш 4?

Инаку прашањево ми е општо за сите факултети што имаат по 3-години студирање.
 
Магистерските се
3+2 или 4+1, што значи ако си со три години две ќе тераш магистерски, ако си со четири ќе тераш една. Е сега треба само да најдеш соодветна магистерска програма со 2 или соодветна магистерска програма со 1.
 
Докторските студии имаат измени? Запознаен е некој со новите услови?
 
Фала на одговорот!

Значи пр. на Правен со 3-години колку што ми кажале се добива назив Познавач на Право а со 5 (3+2) се добива назив Дипломиран Правник, ама не сум сигурен дека со 5 години сигурно се добива и назив магистар. Инаку за време на магистарските студии се оди на предавања/вежби? Јас сум мислел дека само спремаш магисатски труд и е без класично одење на факултет како предходно.
 
Се оди претежно на предавања, ама сепак тоа зависи од предметот, ако за некој предмет има помалку од 5 луѓе тогаш е менторски, т.е се договараш со професорот за семинарски труд и го пишуваш, ако има предавања тогаш ќе има и класично писмено полагање за тој материјал што е предаван. За секој предмет на магистерските студии е задолжително семинарски труд, барем ова важи за 4+1, студиските програми. Откога ќе ги положиш предметите спремаш магистерски труд за кои имаш рок од една година, ако не го спремиш за тогаш пушташ барање за продолжување на рокот, колку пати ова можеш да го направиш незнам.
 
Докторските студии имаат измени? Запознаен е некој со новите услови?
Докторските студии ќе се слушаат како и магистерските плус имаш докторска теза, работата е што се ужасно скапи околку 5000Е, само незнам колку семестри ќе се слушаат.
Еве како тоа го имаат Европски направено
http://www.eurm.edu.mk/fakulteti/fakultet-za-informatika/nastavna-programa.html
Треба да кликнеш на Трет циклус.
Не дека е некоја реклама за Европски ама шаблонот на студирање би бил сличен како на нивниот факултет, разлики ќе има во цени и услови за студирање.
 
Докторските студии ќе се слушаат како и магистерските плус имаш докторска теза, работата е што се ужасно скапи околку 5000Е, само незнам колку семестри ќе се слушаат

Колку испити ставија?
Само пари да земат мамицата нивна лоповска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom