Копија

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Животот е навистина интересен понекогаш те доведува до ситуации каде незнаеш што да преземеш, што да кажеш и како да се поставиш. Милион луѓе и милион карактери. Некои упорни, некои тврдоглави,а некои со его до плафон. Сите споени во едно добиваш карактер кој порадо би го прескокнал од колку да ти стои на патот. Човекот неможе да живее сам и во патеката до личноста секогаш постојат брда и планини, препреки, духови од минатото. Комплицирани ситуации, манипулации и сите расположливи средства за борба.
Упорните одат до крај, тврдоглавите сакаат да рушат ѕид со глава, а его триповите патат по внимание (и милион други по Ваш избор спомнати). Сега погледнете во себе и пронајдете ги сите овие карактеристики во дел од Вас. Зошто тогаш ви сметаат кај партнерот, кај конкуренцијата, кај симпатијата?
Како се справувате со копии на вас? Се она што го мразиш кај себе го гледаш во другата особа, ви се случило? Дали вие сте бледа копија на оргиналот или можеби спротивно?
 
Д

Данлош Чехонте

Гостин
Многу нејасни прашања млада госпоѓице, за кои копии? Овие овде искомплексираниве или оние позади „одјави се“ ?
Коа би се однашало за оние надвор тогаш настанува интересна ситуација, сум тупал и плачел за играчка и оооп после неколку време се појавува иста таква личност.
Ми се дешава у моментов, упорно сакам да и дадам сознание дека не чини тоа, сум бил у таа кожа!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако ти живееш виртуелен живот и си опседнат од ликови на форумов слободно зборувај...иначе темава е за реални случувања.
 
Д

Данлош Чехонте

Гостин
Ако ти живееш виртуелен живот и си опседнат од ликови на форумов слободно зборувај...иначе темава е за реални случувања.
Па ти пишав за реалните, а за виртуелните не ме бива оти нема некој лик, све нешо бихајнд-аватар непокретно или несозреано.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
42
Лендра дали јас убаво го сфатив прашањето. Станува збор за некоја наша маана која ја мразиме, а ја поседува и партнерот? Не сфаќам зошто копија и оригинал се споменува тука, кој е копија а кој оригинал. Јас ако сум тврдоглав и ти си ми симпатија и исто си тврдоглава. Е зашто копија да си ти или јас? Ај малце подобјасни ни осветли ни го патот низ темава:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Во друга личност, може да ни пречат особини кои ние ги немаме, но најчесто, ни пречат особини кои ги имаме, а сакаме да ги немаме....
Како што една мајка ќе го искара детето зошто пуши (детето - полнолетно!) а и самата таа е пушач.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Лендра дали јас убаво го сфатив прашањето. Станува збор за некоја наша маана која ја мразиме, а ја поседува и партнерот? Не сфаќам зошто копија и оригинал се споменува тука, кој е копија а кој оригинал. Јас ако сум тврдоглав и ти си ми симпатија и исто си тврдоглава. Е зашто копија да си ти или јас? Ај малце подобјасни ни осветли ни го патот низ темава:)
Поентата е дека сите ги имаат тие карактеристики, само ретко кој е спремен да го признае тоа и тогаш ако ги имаме сите ние тие карактеристики, тогаш зошто воопшто се противиме на карактерот на нашиот партнер......Барем јас така го разбрав ова.
Инаку што се однесува до темата, сите ги имаат тие карактеристики, но не сите правилно ги применуваат.Од тука и разликувањата и поделбите на луѓето.Ако на пример еден во една врска е во право за нешто и тоа го објаснува со аргументи и докази на другиот партнер, но и покрај фактите тој се прави на Тошо тогаш има разлика помеѓу едниот и другиот партнер и тоа огромна и тука и настанува противењето.Значи треба да знаеш каде треба да се поставиш тврдоглаво, каде да се поставиш упорно а каде и во кои ситуации да бараш внимание и зошто да бараш внимание......

Треба рационално да се поставиш со работите, не е поентата да се биде нон стоп , инает, егоистичен, агресивен и.т.н.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Која е поентава на темава, сите да кажеме какви сме?

Вчера размислував за ова, тоест за егоистичноста кај една девојка што ја приметив после долго време. Ме нервираше токму затоа што и јас ја имам. А двајца не може, едниот мора да влече секогаш, компромис е за идиоти. Никогаш не постои потполен компромис.

Поентата е да си откриеш на време каков си и соодветно на тоа да најдеш некој. Верувајте за секое лонче има поклопче. Залудно станува кога се обидуваш да промениш некого.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Имам само една особина што не си ја сакам и свесно бирам девојки на кои баш таа особина им е јака страна така да супер се надополнуваме. Нешто да мразам кај себе нема и нема да има така да нема ни што да барам копија кај друг.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Животот е навистина интересен
Упорните одат до крај, тврдоглавите сакаат да рушат ѕид со глава, а его триповите патат по внимание (и милион други по Ваш избор спомнати). Сега погледнете во себе и пронајдете ги сите овие карактеристики во дел од Вас. Зошто тогаш ви сметаат кај партнерот, кај конкуренцијата, кај симпатијата?
Mислам дека си на погрешен пат. Секој човек е различен и единствен случај во историјата на Универзумот. Никогаш, ниту се родил и нема да се роди човек како што си Ти, јас, Јулије Цезар, Наполеон или било кој. Постојат особини, што ги имаат некои луѓе, кои тебе те подсеќаат на особините на други луѓе. На пример Хитлер бил вегетаријанец и каква врска има Хитлер со на некој денешен вегетаријанец ( да не споменувам имиња )
Она што ти го правиш е различно, од тоа што го прави некој друг и ако изгледа слично и ако се работи за исти работи. На пример пробај најпросто јадење, грав без месо во ралични куќи и ќе видиш дека секаде гравот се прави на ист начин, а секаде е со раличен вкус
И незнам зошто мразиш некој особини што ти ги поседуваш и ги мразиш истите особини кај други луѓе. Твоите особини, те прават она што ти си и ниеден човек ја нема идентичната комбинација на особини што ти ја поседуваш. Сите што те сакаат, што те почитуваат, на кои им значиш, кога прават тоа поради сите твои особини. Дури и оние што ти се непријатели и те мразат го прават тоа поради твоите особини.
Сите тие особини, се наши и не прават она што сме. Да бев со други особини, на пример како директорите на ЈП, и јас ќе бев таков, ќе ги малтретирав граѓаните и ќе примав 1000 евра плата. Но јас не сум таков и се гордеам со тоа и сакам да бидам таков каков што сум.
А сакам и ти да бидеш таква каква што си, бидејќи сите учесници на Форумов, таква те знаат и како таква те ценат и почитуваат
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.462
Поени од реакции
84.875
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Зашто ми е конкуренција, сеедно дали е на приватно поле или друго. Човек со исто или слично еготрипање или пак удирање со глава во ѕид, не може да биде копија, може да биде здрава конкуренција.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Животот е навистина интересен понекогаш те доведува до ситуации каде незнаеш што да преземеш, што да кажеш и како да се поставиш. Милион луѓе и милион карактери. Некои упорни, некои тврдоглави,а некои со его до плафон. Сите споени во едно добиваш карактер кој порадо би го прескокнал од колку да ти стои на патот. Човекот неможе да живее сам и во патеката до личноста секогаш постојат брда и планини, препреки, духови од минатото. Комплицирани ситуации, манипулации и сите расположливи средства за борба.
Упорните одат до крај, тврдоглавите сакаат да рушат ѕид со глава, а его триповите патат по внимание (и милион други по Ваш избор спомнати). Сега погледнете во себе и пронајдете ги сите овие карактеристики во дел од Вас. Зошто тогаш ви сметаат кај партнерот, кај конкуренцијата, кај симпатијата?
Како се справувате со копии на вас? Се она што го мразиш кај себе го гледаш во другата особа, ви се случило? Дали вие сте бледа копија на оргиналот или можеби спротивно?
и ти сега што? сакаш внимание да привлечеш со текстов?
ова што го напиша нема врска 2%, ама пошто имаш пријателчиња кој сакат да легнат со тебе без разлика што не е точно ова ке те подржуваат против мене и било кој што не мисли како тебе и ке испаднетре вие поише и аутоматски коа сте поише мислите дека сте во право уставри не сте живеете во илузија и ме заболе ако јадам бан, вистината на виделина е најбитно јас како и да е ке се вратам пак, а и ке има после мене сигурно некој што ке се залага за вистината!
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Тва шо нее у нас, не не возбудува кај другите.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Оваа земја ми внесе во коски ужасен страв од иднината и можноста за перспектива. Искрено, не би ја поднела истата таа карактеристика т.е страв кај мојот партнер, тоа би било премногу за мене. Ако наидам на истиот тој песимизам кај друг, само ќе ме меланхолизира до крај. Истовремено, никогаш не би сакала да се соочам со гордост каква што имам јас, тоа би било судир на титаните и со сигурност ќе заврши катастрофално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom