Природна медицина

  • Креатор на темата Креатор на темата EarthSea
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го обожавам медот :)

Веќе илјадници години медот е познат како природен лек за многу болки, па така освен тоа што е вкусен се препорачува за подобрување на здравјето. Истиот не ретко им се препорачува на оние луѓе кои планираат да започнат диета, бидејќи ги намалува масите без поголемо трошење на енергија. Освен тоа има и антибактериски својства, па ја подобрува функцијата на дигестивниот систем и обезбедува превенција од тумори.

*За добра крвна слика
Изгмечете зрела банана и помешајте ја со една лажица мед. Оваа содржина консумирајте ја два пати во текот на денот.

*За добра дигестија
Помешајте еднакво количество мед и јаболков оцет, а потоа додадете малку топла вода

*Болести на срцето
Секојдневно консумирајте чист мед кој го ослободува холестеролот од телото. Ова е особено добро за стари луѓе кои страдаат од дијабетес, проблеми со срцето или крвниот притисок.

*Против главоболка
Во половина чаша топла вода додадете лажица мед и испијте. Ако мигрената потрае подолго од 20 минути повторете ја постапката.

Мед со Ореви, Лешници, Брусница и Цимет

Комбинација на мед со ореви, лешници, брусница или цимет претставува високо енергетски производ, кој наутро може да се конзумира како природен стимулатор, како додаток во овошни салати, јогурт, житарици или само како десерт.

*Мед со лешник
Мед со лешник ги содржи сите потребни витамини, минерали, белковини, масти, јагленохидрати кои се потребни на нашиот организам. Збогатен е со витамини. Се употребува 3 пати дневно по една лажичка.

*Мед со ореви
Одличен деликатесен производ кој може да се користи како десерт.

*Мед со брусница
Претставува природен антибиотик кој помага во лекување на е.colli bacteri во уринарните патишта и helicobacteri (причина за чир во желудникот).
Претставува моќен антиоксиданс кој помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања и одредени типови на рак. Истовремено има дејство и на подобрување на видот.
Препорака е да се користи 3 пати дневно по едно лажиче.

*Мед со цимет
Популарно наречен и како мед за слабеење. Има својство да ја подобрува виталноста и имунитетот на организмот. Делува против замор, инфекција на уринарните патишта, грип, болести на срце, а нјголемо дејство има при слабеење.
Препорачливо е да се користи едно лажиче наутро половина час пред јадење и по можност со сок од свежо исцеден лимон.
--- надополнето: Nov 4, 2011 12:11 PM ---
Коприва(Urtica dioica) – лек од природата

Лековит дел од билката: лист, корен и семе.​
Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. За стимулирање на мочањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.​
Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта.​
коприва​
Затоа, многу често чајот од коприва се препорачува како природен лек против слабокрвност.​
Копривата е исклучително погодна за т.н. пролетно чистење на организмот. Листовите од копривата може да се конзумираат свежи, како салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Може да се конзумира и како свежо исцеден сок или како чај. Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот. Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на пациентите со шеќерна болест. Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста.​
Копривата ја подобрува работата на системот на варење. Често се користи како природен лек против запек. Копривата го зајакнува природниот имунитет на организмот, па често се применува при реуматските болести и гихтот, како и при настинки и намален имунитет.​
Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мочање.​
Копривата делува против реумата, грозницата, туберкулозата на белите дробови, бронхитот, болестите на зглобовите. Влијае и на побрзо зараснување на раните, на чирот на желудникот, на несоницата и нервозата.​
Чајот од целата билка го чисти желудникот, цревата и црниот дроб, а воедно е и одличен природен лек за лекување на анемијата, хемороидите, жолтицата, маларијата и сите други видови на грозници.​
Поради јакото лековито дејство, копривата се користи и во лекување на алергија.​
 
Eве од мене два традиционални рецепти, проврени и користени од баба ми.

За главоболка, излупете на парчиња жив компир, ставете го на челото (најчесто кога боли во тој предел од главата, и заврзете го со крпа околу главата) и помага 100 %. Најчесто за температури се користи ама помага и за обична главоболка.

За опаѓање на косата, незнам колку е ефективен овој лек, ама ми го пренесе баба ми, вика кога порано на некој млад ќе почнела да му паѓа косата користеле мозок од страчка (малце чуден изгледа:) ) демек мозкот се вари во вода и уште нешто се додаваше е сеа ич не ми текнува што беше тоа па течноста се нанесува на ќељавата глава.
 
http://vesnamihajlovicblog.wordpres...e-o-konoplji-sve-u-svrhu-izlecenja-karcinoma/

Мислам дека може да прикачам линк овде, многу е за преведување и пишување за да го испишам сама. Ако има проблем што е линк, ве молам да ми просите и да го тргнете.

Инаку на истиот линк има и други линкови кои се корисни за здравјето и исхраната на човекот.
Се надевам ќе послужи :)
 
Темава е прекрасна, многу поучна, што треба да се посочува на секого да ја чита и да применува од погоре изнесеното. Исто така да се трудиме сите заедно и понатаму да ја збогатуваме со информации за здрава исхрана, зошто е од суштинско значење за здраво живеење.

Во овој контекст би сакала да прашам за млекото и млечните производи.
Колку се тие здрави како исхрана а колку штетни.
Колку треба да се применуваат или пак да се избегнуваат.

Простете ако прашањево не ми е на правилно место.:unsure:
 
Eве од мене два традиционални рецепти, проврени и користени од баба ми.

За главоболка, излупете на парчиња жив компир, ставете го на челото (најчесто кога боли во тој предел од главата, и заврзете го со крпа околу главата) и помага 100 %. Најчесто за температури се користи ама помага и за обична главоболка.

Дај баба ти прашај ја лек за мамурлак да не знае :)
 
јас знам многу ефикасен лек, немој да се трзниш.
никојпат нема да имаш мамурлук:)
Тоа се вика клин се со клин избија, само алкохол му е мајката за мамурлак, сабајле испи 2-3-4 пијачки и после како нов ќе бидеш, али не да се начукаш ;)
 
Тоа се вика клин се со клин избија, само алкохол му е мајката за мамурлак, сабајле испи 2-3-4 пијачки и после како нов ќе бидеш, али не да се начукаш ;)
не бе не убаво се разбравме.
мојот лек повеќе иди како превентива.
Зошто би се изложувале на мамурлук. Останете пијани!
 
Дај баба ти прашај ја лек за мамурлак да не знае :)

јас ќе ти кажам - расолница.....ако си како мене во Неможност да набавиш - мало макијато и кока кола одлично ми бркале работа досега :)
 
Дај баба ти прашај ја лек за мамурлак да не знае :)

Ако имаш потрадиционални роднини,пријатели, шо прават секоја зима туршија зимница итн, сигурно имаат расолница, јас чат пат го практикувам, пошто водата содржи големо количество витамин ц, и лесно се трезни. Мн гнасен мирис има, ама помага:)
 
Сигурно сте слушнале за чајот коњско опавче. Ја најчесто го набавувам од пазар, еден дедо продава такви билки сам ги бери, повеќе го верувам него оти има искуство како тревар човекот па знае кој дел на билката најмногу користи. Коњско опавче е најдобар лек за импулсивни и агресивни луѓе, па на некој начин ве прави искулирани за било каква стресна ситуација, едноставно стресот ве одбегава вас. Неколку пати кога имало погреб сум пиел една чаша чај “коњско опавче“ па сум бил тотално искулиран и незаинтересиран за ситуацијата околу мене. Нема некои наркотични дејствија туку делува на центарот за “нервоза“ да го речам, не сум стручњак за да го кажам стручно, ама делува. Чајот обично го правам во еден кафемат, наменет за филтер кафе и за чај, а можете и врела вода, потопете го и поклопен со тацна 10 минути и пијте го.
 
Уште расолница немам пробано. Кафе у 1001 варијанта не ми помага.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom