Борис Тадиќ во потполна сенка на Новак Ѓоковиќ. Српскиот претседател не успеа да ја заврши прес конференцијата во Бања Лука, откако организаторката го прекина среде говор и му соопшти дека пресот е завршен - дошол Новак!
![](http://kanal5.com.mk/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/tadicdjoka.jpg&imgSize=600&cropH=400)
Тадиќ доби објаснување дека во соседната просторија дошол најдобриот светски тенисер и оти сите сакаат да го поздрават.
- Ја завршуваме прес конференцијата. Стаса Новак Џоковиќ. Дозволете да го пречекаме - му беше речено на Тадиќ кој тукушто се подготвувал да одговори на прашање на Косово.
Тадиќ остана вџашен на говорницата,се обиде да се пошегува со зборовите - „Што сега јас да правам, јас не сум домаќин тука“, а потоа брзо ја напушти во придружба со домаќинот, Милорад Додик. /www.kanal5.com.mk

01.12.2011, 15:27