Сопствен рецепт

Член од
25 февруари 2007
Мислења
29
Поени од реакции
1
Ме интересираат рецепти кои сами сте си ги измислиле и како сте го именувале јадењето?:salut::helou:POZDRAV
 
T

Tetro

Гостин
Каде си бе
flamethrower
на темава??????!!!!!!:(
Слабо имам време за пишување по темиве некако. Ќе ми простите. :/
Пред неколку денови, направив нешто за првпат. Вегетаријанско до крај. :icon_lol:

Еве рецептот:
Земав компири 2 големи (вкупна тежина околу 600-700 грама), ги сварив и ги испасирав. После земав моркови 2 (вкупна тежина околу 300 грама), исто ги сварив и испасирав па ги смешав со компирите и малце посолив таму (јодирана сол).
Кромидот со празот, ситно исецкани ги ставив да се пржат во тавче, со малку зејтин. При крајот додадов малку зачини (вегета и сушен магданос). Кога сето ова беше готово, ги префрлив во друг сад поголем и се сетив дека ми фали бело вино, па морав да импровизирам со малку вода ... смешав се` што претходно беше користено + повеќе масло за готвење, зачини од се` што ми се најде моментално во кујната, црно пиперче фино мелено, малку сенф и ќечап и испадна нешто сосема ново за јадење кое никој порано го немаше пробано. А и сите комшии разбраа дека сум готвел пак. :D Секој кој имаше шанса да го проба, го пофали новото јадење, кое сеуште нема име. :pos:
 
I

Intex

Добро е да знаете, јас го пробав. :D
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Пред некое време кога ја читав темата Зимска плескавица ала Боки добив идеја јас да составам сопствена плескавица, па ајде да го споделам рецептот :)

Измешав мелено месо, сланина, презла, половина патлиџан, лук, кромид, јајца, кашкавал...... оформив плескавици/ќофтиња и ги испржив............. резултатот беше мераци :)
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.187
Поени од реакции
13.822
не е мој рецепт, туку кога земав да ги правам колачињата отворив неколку рецепти пред мене. во зависност од тоа што имав по дома, тој дел од рецепот го гледав :) еве што испадна :D IMG_5935.JPG
 
Kajgana Shop

На врв Bottom