Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Верувањето или не верувањето во Бога, е Твој личен избор или проблем-никој не плаќа за верување или не верување, туку плаќа за извршениот свештено-црковен чин: крштевка, венчавка, погреб, молитва, благословување куќна слава и сл.
Од каде знаеме дека после извршенот крштевање, свештеникот ја направил вистинската акција и навистина го отфрлил ѓаолот од нас.

Зашто кумот мора да извика на глас, и тоа три пати (зашто баш 3 пати , а не енкој друг број) СЕ ОТКАЖУВАМ ОД РОГАТИОТ, и после тоа плукаш пак 3 пати?

Доколку не го направи овој ритуал кумот, то ест не плука и не изговори тоа што му рекол попот, тогаш пропаѓа ли крштевката ?

И тоа е некој вид установен "егзорцизам" кај сите православни крштевки во светот или кој како стигне ја тера крштевката?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750

јас и ти очигледно дека никогаш нема да се разбереме. Јас ти поставувам едно, ти ми одговараш друго.

Прегеска ми одговори дека крштевницата е „билет“ за црквата (божји храм). Потоа ги осуди луѓето кои немаат пари, а имаат деца, за на крај да ми одговориш дека не плаќаш за верување туку за чин или обред. Ама никогаш не ми одговори она што јас тебе сакам да те прашам. Јас не ја поврзувам верата со црквите, пријателе. Но кажи ми ти мене, зошто на еден божји храм би му биле потребни пари? Зарем не е тоа селекција и дискриминација? Дали во божјиот храм смеат да бидат само оние кои можат да платат? Црквата (божјиот храм) ги дели луѓето според парите или што е целта?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од каде знаеме дека после извршенот крштевање, свештеникот ја направил вистинската акција и навистина го отфрлил ѓаолот од нас.
Не знаеме: но има начин да дознаеме, а тоа е личниот духовен опит, преку личниот духовен опит и искуствените сознанија. Патем, со крштевањето, ѓаволот не е отфрлен, оти тој и понатаму (до крајот од нашиот живот) ќе не‘ искушува.
--- надополнето: Dec 1, 2011 10:06 AM ---
Зашто кумот мора да извика на глас, и тоа три пати (зашто баш 3 пати , а не енкој друг број) СЕ ОТКАЖУВАМ ОД РОГАТИОТ, и после тоа плукаш пак 3 пати?
Кумот се застапник на кумашичето и кумот, се‘ што чини, го чини во името од кумашинчето. Тројното дување е симболично, како што е Троичноста Божја.
--- надополнето: Dec 1, 2011 10:10 AM ---
Доколку не го направи овој ритуал кумот, то ест не плука и не изговори тоа што му рекол попот, тогаш пропаѓа ли крштевката ?
Крштевката има своја полнота, т.е. свој почеток, тек и крај, без „прескокање„ на нејзиното извршување.
--- надополнето: Dec 1, 2011 10:11 AM ---
И тоа е некој вид установен "егзорцизам" кај сите православни крштевки во светот или кој како стигне ја тера крштевката?
Во сите помесни православни Цркви, Светите Тајни се идентични и се вршат на ист начин.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Прегеска ми одговори дека крштевницата е „билет“ за црквата (божји храм). Потоа ги осуди луѓето кои немаат пари, а имаат деца, за на крај да ми одговориш дека не плаќаш за верување туку за чин или обред. Ама никогаш не ми одговори она што јас тебе сакам да те прашам. Јас не ја поврзувам верата со црквите, пријателе. Но кажи ми ти мене, зошто на еден божји храм би му биле потребни пари? Зарем не е тоа селекција и дискриминација? Дали во божјиот храм смеат да бидат само оние кои можат да платат? Црквата (божјиот храм) ги дели луѓето според парите или што е целта?
Stairways to Heaven (Led Zeppelin), ти текнуе пријателе?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
Здраво,
Сакам да споделам со вас еден прекрасен линк..Мој мал придонес на темата - не икони - туку само слики - во црквите..
Во една локална уметничка галерија настанува голема збрка. Дознавате дека некој уметник, кој не е било кој, туку реномиран универзитетски професор го портретирал Исус на многу навредлив начин. Како ќе се справите со таа ситуација? Што како пастор ќе направите за да одговорите на таквата провокација? Како да дојдете до моментот кога истиот тој уметник ќе направи слика за вашата црква, која ќе го прикаже Исус на начин на кој Тој заслужува?
Погледнете...
http://vimeo.com/32740340

Јас сум воодушевена..
Еве ги инструкциите кои пасторот му ги дал на уметникот, после подолга емаил комуникација со него, со кои се обидел да му ја долови суштината на Исусовата Личност и Карактер:

КОЈ Е ИСУС ХРИСТОС?

- СОВРШЕНО БЕЗГРЕШНО БЕБЕ родено од девицата Марија
- МЛАДО ДЕТЕ кое ги запрепастило духовните пастори од тоа време, кога зборувало во Храмот
- УЧИТЕЛ кој ги учел луѓето да се сакаат едни со други и да се молат за нивните непријатели, без да очекуваат нешто за возврат, заради тоа
- ИСЦЕЛИТЕЛ
- ОНОЈ КОЈ БИЛ ИСПРОВОЦИРАН ДА ДЕЛУВА, поради желбите на луѓето за прекумерно богатење, со барање луѓето да почнат верно да му служат на Бога
- СУДИЈА, кој ги бркал менувачите на пари од пред Божјиот Храм, исполнувајќи го со тоа, претскажаното во Светото Писмо дека Божјиот Суд почнува најпрвин од Божјиот Дом
- ПРИЈАТЕЛ, кој е спремен да јаде, пие и да се смее со оние, кои духовните лица од тоа време ги сметале за најдолен слој во општеството: проститутки, собирачи на даноци и грешници
- БРАНИТЕЛ, кој е спремен да одбрани една ранлива жена од нејзините обвинувачи, кога била фатена во прељуба
- ПОСТАВУВАЧ НА СТАНДАРДИ, кога на истата таа грешница и рекол „оди и не греши повеќе“
- ДОБРОВОЛНА ЖРТВА НА РИМСКИОТ КРСТ, преплавен со крв, вода и милосрдие, - кога Рекол „Оче прости им “, – реченица која има влијание на човештвото, повеќе од 2000 години
- ОНОЈ КОЈ Е ПОГОЛЕМ ОД ЖИВОТОТ, ПОСИЛЕН ОД СМРТТА И ПОЦВРСТ ОД ЖЕЛЕЗНИТЕ КЛИНЦИ
- БОГ

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Но кажи ми ти мене, зошто на еден божји храм би му биле потребни пари? Зарем не е тоа селекција и дискриминација? Дали во божјиот храм смеат да бидат само оние кои можат да платат? Црквата (божјиот храм) ги дели луѓето според парите или што е целта?

Пари се потребни од повеќе причини:

- се одржува самиот храм,
- се плаќаат материјалните трошоци за и околу храмот,
- се плаќаат вработените во храмот,
- се плаќаат свештениците од храмот,
- се плаќаат трошоцоте за свеќоливниците,
- се плаќаат трошоците за средното богословско училиште.

Во храмовите, смеат и можат да влезат и оние кои не можат да платат: кој нема (да плати), нема ни да се бара од него.

Црквата не ги дели луѓето, туку напротив, ги прибира/собира, оти само преку Црквата, поединецот може да ја спаси својата душа. А тоа што некои се поимотни, а некои помалку имотни, а некои без имотни, тоа е повеќе световно отколку црковно прашање. Оние кои имаат премногу, можат својот вишок од имот да го раздадат на оние кои имаат премалку...
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
АБЕПААА :(

Од посланието на апостол Јаков

Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.
Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува.
Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами.
Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт.

Имено, кога Бог го создал човекот ја имплементирал и неговата похотност во битието. Тогаш како може да се рече Бог не искушувал?
 
T

Tetro

Гостин
Во храмовите, смеат и можат да влезат и оние кои не можат да платат: кој нема (да плати), нема ни да се бара од него.

Црквата не ги дели луѓето, туку напротив, ги прибира/собира, оти само преку Црквата, поединецот може да ја спаси својата душа. А тоа што некои се поимотни, а некои помалку имотни, а некои без имотни, тоа е повеќе световно отколку црковно прашање. Оние кои имаат премногу, можат својот вишок од имот да го раздадат на оние кои имаат премалку...
Смеат да влезат. Но, ако немаат пари, нема да им се изврши услугата за која има ценовник горе.

Нели?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Здраво,
Сакам да споделам со вас еден прекрасен линк..Мој мал придонес на темата - не икони - туку само слики - во црквите..
Во една локална уметничка галерија настанува голема збрка. Дознавате дека некој уметник, кој не е било кој, туку реномиран универзитетски професор го портретирал Исус на многу навредлив начин. Како ќе се справите со таа ситуација? Што како пастор ќе направите за да одговорите на таквата провокација? Како да дојдете до моментот кога истиот тој уметник ќе направи слика за вашата црква, која ќе го прикаже Исус на начин на кој Тој заслужува?
Погледнете...
http://vimeo.com/32740340

Јас сум воодушевена..
Еве ги инструкциите кои пасторот му ги дал на уметникот, после подолга емаил комуникација со него, со кои се обидел да му ја долови суштината на Исусовата Личност и Карактер:

КОЈ Е ИСУС ХРИСТОС?

- СОВРШЕНО БЕЗГРЕШНО БЕБЕ родено од девицата Марија
- МЛАДО ДЕТЕ кое ги запрепастило духовните пастори од тоа време, кога зборувало во Храмот
- УЧИТЕЛ кој ги учел луѓето да се сакаат едни со други и да се молат за нивните непријатели, без да очекуваат нешто за возврат, заради тоа
- ИСЦЕЛИТЕЛ
- ОНОЈ КОЈ БИЛ ИСПРОВОЦИРАН ДА ДЕЛУВА, поради желбите на луѓето за прекумерно богатење, со барање луѓето да почнат верно да му служат на Бога
- СУДИЈА, кој ги бркал менувачите на пари од пред Божјиот Храм, исполнувајќи го со тоа, претскажаното во Светото Писмо дека Божјиот Суд почнува најпрвин од Божјиот Дом
- ПРИЈАТЕЛ, кој е спремен да јаде, пие и да се смее со оние, кои духовните лица од тоа време ги сметале за најдолен слој во општеството: проститутки, собирачи на даноци и грешници
- БРАНИТЕЛ, кој е спремен да одбрани една ранлива жена од нејзините обвинувачи, кога била фатена во прељуба
- ПОСТАВУВАЧ НА СТАНДАРДИ, кога на истата таа грешница и рекол „оди и не греши повеќе“
- ДОБРОВОЛНА ЖРТВА НА РИМСКИОТ КРСТ, преплавен со крв, вода и милосрдие, - кога Рекол „Оче прости им “, – реченица која има влијание на човештвото, повеќе од 2000 години
- ОНОЈ КОЈ Е ПОГОЛЕМ ОД ЖИВОТОТ, ПОСИЛЕН ОД СМРТТА И ПОЦВРСТ ОД ЖЕЛЕЗНИТЕ КЛИНЦИ
- БОГ
EEEj Devina па одамна те нема.
Остај ги ти овие предупредувања, и онака нема да продрат до разумот на неверниците, кажи кога да пиеме кафе :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Пари се потребни од повеќе причини:

- се одржува самиот храм,
- се плаќаат материјалните трошоци за и околу храмот,
- се плаќаат вработените во храмот,
- се плаќаат свештениците од храмот,
- се плаќаат трошоцоте за свеќоливниците,
- се плаќаат трошоците за средното богословско училиште.
- се купуваат мерцедеси од 100 000 евра.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Смеат да влезат. Но, ако немаат пари, нема да им се изврши услугата за која има ценовник горе.

Нели?
Веќе Ти одговорив за тоа кои се можностите: ако некој нема пари за крштевка, има начин како да ја изврши и таа насушна потреба..
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Веќе Ти одговорив за тоа кои се можностите: ако некој нема пари за крштевка, има начин како да ја изврши и таа насушна потреба..
E како бе Мики? Ќе позајми беше твојот одговор така? И сеа да почнат банкиве кредити за крштевки и свадби да даваат, па можеби ќе излезе дека црквата има склучено договор со банките и дека ги меша прстите во државната економија. Како може тоа да ми го кажеш како решение? Тогаш луѓево зошто ли гладуваат јас не знам, нека одат и нека позајмат пари.

Ама не е тоа поентата на муабетот. Два дена ме моткаш во место и не сакаш да ми одговориш. Како може да купуваш „билет“ за твоето чедо да биде припадник на црквата. Нели е тоа божји храм и би требало да може секој што сака и изразил желба да биде припадник, а не да бараат билети, влезници и не знам ти што. Ако црквата сака да си ги организира парите не е тоа начин. Можат тие да соберат и без тоа пари повеќе од доволно, ама се сомневам дека некој свештеник некогаш ќе одвои пари за некој сиромашен.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
E како бе Мики? Ќе позајми беше твојот одговор така? И сеа да почнат банкиве кредити за крштевки и свадби да даваат, па можеби ќе излезе дека црквата има склучено договор со банките и дека ги меша прстите во државната економија. Како може тоа да ми го кажеш како решение? Тогаш луѓево зошто ли гладуваат јас не знам, нека одат и нека позајмат пари.

Ама не е тоа поентата на муабетот. Два дена ме моткаш во место и не сакаш да ми одговориш. Како може да купуваш „билет“ за твоето чедо да биде припадник на црквата. Нели е тоа божји храм и би требало да може секој што сака и изразил желба да биде припадник, а не да бараат билети, влезници и не знам ти што. Ако црквата сака да си ги организира парите не е тоа начин. Можат тие да соберат и без тоа пари повеќе од доволно, ама се сомневам дека некој свештеник некогаш ќе одвои пари за некој сиромашен.
slb_bobo,

на некои, навистина не им е дадено да разбираат, дури и ако им се каже иста работа по миљонитти пат, разбираш...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom