Зошто немажените жени „бркаат“ женети мажи?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
„Расипикуќи“ со намера или невини „жртви“?

Скоро ниедна разумна жена не би рекла дека би имала афера со женет маж, но сепак знаеме дека ваквите ситуации не се толку ретка појава. И додека го осудуваме нивното неморално однесување, ви ги пренесуваме нивните „причини“ и оправдувања.

Ако прашате илјада немажени жени дали некогаш би имале сексуална врска со женет човек, 99 отсто би одговориле дека нема никакви шанси тоа да им се случи. Но, сепак, порано или подоцна, дел од нив ќе го направат баш тоа. И, иако е тешко по ова прашање да се најдат статистички податоци, сепак некое проценки велат дека околу 15 до 20 проценти од немажените жени во својот живот, барем еднаш ќе имаат афера со женет маж.

Зошто се случува тоа?

Причината поради огромната разлика помеѓу изјаснувањата по ова прашање и реалноста на дело, не е поради желбата на жените да се прикажат како „добра девојка“. Најчесто, поголемиот број од нив свесно се противат на идејата да имаат афера со маж кој веќе е во брак, но кога ќе запознаат одреден тип, тие не го перцепираат како „женет“, туку како „убаво и добро момче од работа кој има одвратна жена“.

Прочитајте го остатокот од статијата тука

Па, девојки:
Дали сте бркнале (и дали би бркнале) маж кој е во брак?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Затоа што женетиот маж можеш да го користиш исклучиво за сексуален однос во полна дискреција. Е сега некој ќе рече зарем тоа неможеш со слободен? Можеш али слободниот досаѓа секој ден, овој неможе секој ден да се вади од дома и поради тоа не е досаден. Значи не те бара секој ден, не ти звони после 12 кога ќе испие три чаши плус, не те раскажува на пола град, повеќе се плаши од тебе и плус повеќе му допринесуваш за неговиот брак. Значи жена му треба да биде благодарна бидејќи такво внимание немала добиено со години :icon_lol:
 
starfish

Зрно грашок
Член од
16 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
23
Oвде жртва може да биде само сопругата на мажот кој изневерува и децата.Додека таа го чека да се врати од работа тој се "работи"со швалерката.Како може швалерката да биде невина жртва кога се одлучила од самиот старт да брка зафатен маж?o_OИ двајцата се виновни овде не само едната страна.
Па и уште ако тој ја остави на крај а таа се реши да раскаже на неговата сопруга еве ти пример за снимање на шпанска серија.
99 посто ке премолчат дека биле во врска со оженет маж но останатиот дел или ке се пофалат дека биле со мажи од ваков вид или ке се правдат дека не знаеле дека се зафатени.Yeah right...
Koлку и да е лоша вештерката дома никогаш не треба да се зафатиш со оженет.Нема да глумам добра девојка ама на оние кои се во ваква ситуација можам да им речам Амин:)
 
Д

Данлош Чехонте

Гостин
Затоа што женетиот маж можеш да го користиш исклучиво за сексуален однос во полна дискреција. Е сега некој ќе рече зарем тоа неможеш со слободен? Можеш али слободниот досаѓа секој ден, овој неможе секој ден да се вади од дома и поради тоа не е досаден. Значи не те бара секој ден, не ти звони после 12 кога ќе испие три чаши плус, не те раскажува на пола град, повеќе се плаши од тебе и плус повеќе му допринесуваш за неговиот брак. Значи жена му треба да биде благодарна бидејќи такво внимание немала добиено со години :icon_lol:
У кој смисол благодарна?
Смислава ми доаѓа како: Сум се покајал што сум бил со „таа“ пошо не ме задоволила и била hairy девојка па сум почнал да обрнувам внимание на жената со идеаологијата дека е подобра од „таа“ ?
И нема врска тоа дека досаѓале, можда си нашла некој рамбо у снага а адолесцент у мозок.
Или па трета солуција: Секој оженет човек го избирам со „полна“ финансиска состојба.
 
S

Sagan

Гостин
Едноставно, девојката на ваков начин се докажува себе си како попривлечна, поубава, попожелна, од жената на мажот.
Кога би бркала маж кој не е во брак и нема девојка, тоа за неа не би значело ништо посебно.
Ама да бидеш попосакувана од нечија венчана сопруга... е тоа значи многу... Плус тоа влијае на либидото, нешто како фетиш.
Сѐ на сѐ, билдање на сопственото искомплексирано его и нерационално расчустување со чуството на пониска вредност.

Edit>
Исто така, и погрешната перцепција на девојката дека женетиот маж докажал дека е способен да се грижи за некој со самото тоа што стапил во брак. Тоа веднаш го става во групата на искусен мажјак, кој знае што ѝ треба на една жена, а девојките баш тоа ги пали.
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
А колку од немажените мажи тргаат по женети жени? И дали тоа им е воопшто битно?

Така е и со овие да ги наречам расипикуќи.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Затоа што женетиот маж можеш да го користиш исклучиво за сексуален однос во полна дискреција. Е сега некој ќе рече зарем тоа неможеш со слободен? Можеш али слободниот досаѓа секој ден, овој неможе секој ден да се вади од дома и поради тоа не е досаден. Значи не те бара секој ден, не ти звони после 12 кога ќе испие три чаши плус, не те раскажува на пола град, повеќе се плаши од тебе и плус повеќе му допринесуваш за неговиот брак. Значи жена му треба да биде благодарна бидејќи такво внимание немала добиено со години :icon_lol:
се надевам дека постов ти има саркастично-иронични елементи..
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Има многу женети мажи кои кога одат во град ги вадат бурмите, за да ебеле нешто, јас го правам спротивното не сум женет но кога одам во град си ставам бурма :icon_lol:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.139
Поени од реакции
25.698
Нормално како што викаш нема статистички податоци ама од муабети од луѓе блиски или не блиски вака ко за на портал пишувано ќе пишам.

1. Сакам да се ебам ама да не ме знаат

Сум ги прашувал и девојките што ташак бараат со мажени, а и момците зашто швалеркава иако знае дека се мажени оди со нив. Добар дел од одгворите беа дека е ради дискреција. Кога женско сака да си се исфура и проебе, женетиот и е гаранција, затоа што е женет. Она знае дека он ќе молчи за да не си го загрози бракот па може да се олабави и да не се замара.

2. Предизвик

Сте се запрашале некогаш зошто го трпи него иако е коцкар, наркоман, пијаничишта, ја вара и е безобразен, а кога се е во ред и кога ја гледа како бубрег во лој веднаш му раскинува? Жените имаат потреба од нешто интересно да им се случува, па макар и негативно оценето (чак што више кога е негативно е и поадреналински). А има ли поинтересно и повозбудливо од тоа да посегнеш по забранетото овиошје и да бидеш нечива швалерка. Нема. После си прават муабет со другарките и се кикотат а другарките и завидуваат (ко демек да добила Нобелова награда работава) како тоа она живее возбудливо и интересно и авантуриста тоа е женски превод на терминот ороспијашање. Ороспијашењето е возбудливо, забавно и авантуристички за жената. Ама да не се вреѓаме она не е ороспија, она е девојка која знае што сака во животот, знае како да ужива и останати атрибути што на жалост младинава (ај бе брат не биди толку затуцан и заостанат) ги прифаќа како вредности.

3. Сигурност, стабилност, материјал за врска

Во недостаток на квалитетни мажи деновиве односно во изобилие на педери, метросексуалци (латентни педери), и хипстери од Стара Чаршија, односно во време кога дури и старомодните сељаци (раскопчана кошуља, златен ланец од 200 кила, тетоважи и бодибилдинг) се гледаат како пак некоја си добра алтернатива, женетите се пак на цена бидејќи по некоја си женска логика чим е женет мора да е асален. Се сеќавате на синдромот кога немаш женска сите ти акаат корпи ама кога ќе фатиш женска одеднаш секоја сака да ти го пуши? Бидејќи женско е оперирано од непотребни работи како чест, почит и достоинство, водејќи се по политиката тоа што денес ми е убаво на душичката тоа е правилно посегнуваат по туѓи мажи. Прво започнуваат како точка еден или точка два односно се проебува за да не ја знаат или си вика еј женет е ај да видиме колку ми е голема вагиналната моќ. После тоа го гледа дека е стабилен, се удомил, има плата, кола, грижлив татко па се заљубува во него. Делот дека е женет го става во мозочниот подрум негде со БеЕмИксот од второ оделение и предизвикот од тоа да го изебе, се заменува со предизвикот да го лапне скроз за самата себе. Тоа што паралелно се фука и со неа и со жена му е нерелевантно (види објаснување за почит чест и достоинство). Важно е да се разведе со кучката а да се мажи за мене, работа што во реалност ретко се случува, бидејќи ретко кој со формиран брак, деца, фамилија освен во ситуации кога бракот е крајно лош, би ризикувал ради спортско-рекреативно курвање да си го уништи тоа. Она останува вечита швалерка-леле јас колку го сакам, ми вети дека ќе ја остави и ќе ме земе мене (даденото ветување датира од септември 1999та) а он си тера лезет на курот.

А да, да не заборавам, овој муабет од горе им го правам и лице во лице.
Нормално јас сум шовинистот, заостанат во 21 век, немам сенс за што значи слобода, либералност, авантуризам, живеј го секој живот како да ти е последен, не знам што е вистинска љубов, не се разбирам во женски длабоки чувства, не сфаќам дека љубовта е комплицирана и не секогаш може да се откажеме туку-така од нешто што го сакаме, дека секогаш имало светло на тунелот од Катланово.
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Жените од мажот бараат единствено сигурност, стабилност и потенција и женетиот маж во својата потсвест го доживуваат како реализирано битие и си викаат: "Кога некоја друга жена нашла кај него нешто мора да ги има исполнето овие услови, пред се потенцијата".
Ова е феномен што важи не само за женетите мажи туку и за мажите кои се зафатени и имаат девојки. Еве да замислиме ситуација некој тип влага во кафич со девојка и сите singl девојки го загледуваат и многу му се поголеми шансите да фати друга женска во кафичот додека е во женско опкружување отколку да излезе сам без девојка или со другарите во машко друштво.
Чудни се тоа жените, a можам да речам и глупави зашто веднаш од старт ги отфрлаат мажите што се singl кои повеќето се несигурни во себе што е нормално и тоа е одбивно за жените, но тоа е дел од женската психа да се натпреваруваат меѓу себе и самите со себе во обидот да фатат маж што е потентен и животот на некој начин е натпревар и на ова поле, за разлика од мажите ќе се испотепаат меѓу себе кој од нив да ја фати најубавата singl женска која ќе се појави пред нив, зашто кај секој маж зафатената или мажената жена му е одбивна од старт.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
се надевам дека постов ти има саркастично-иронични елементи..
Постот на Леандра има многу вистина во него, зошто релативно најчесто затоа и една девојка одлучува да има афера со женет. Зошто неженетиот, или пребрзо ќе отиде, или ќе почне да сака посериозна врска.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ако жена која има врска со женет маж е расипикуќа, тогаш маж кој има врска со мажена жена би требало да е поправикуќа. :D
--- надополнето: Nov 28, 2011 12:03 PM ---
Има многу женети мажи кои кога одат во град ги вадат бурмите, за да ебеле нешто, јас го правам спротивното не сум женет но кога одам во град си ставам бурма :icon_lol:

Барниии ти ли си !? :D
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.874
Поени од реакции
20.461
Стабилност, сигурност па и потенција... читнав погоре..
демек слободните мажи се импотентни.. хаос, не негирам дека ги има овија работи на тони и вагони, се пердашат и праат се и сешто, демек лезет, демек адренали му се дигало на типот или цурава, или како беше онаа најслатко било забранетото овошје...
јас само сакам сите тие што го прават тоа, од кога ќе завршат работа и ќе се вратат дома, како си ги гледаат дечињата во очи и ги гушкаат, јас не би можела да им погледнам во очи на децата после такви екскурзии (како што љубат некои да ги речат), ќе се осетам напрљаво и најбезвредно, што ми вреди семјството и сето тоа што сум го создавала ако не умеам да ги испочитувам и да ги сакам од дното на душата - ништо, ако ми се ебело и рикало или нему, ќе расчистам прво ќе ставам крај, па после кому како му се даде.
 
Пф што си заостаната. Мислиш сопругот е стално на "службено патување". Јуст до ит, утре ќе ти биде криво за сите пропуштени прилики во животот. Плус не сите имаат дечиња (сеуште) па да ги погледнуваат, некои само мужот треба. Али па мужот мање-више битен, и така веќе е предвидлив, зошто да е монтотоно се, време е за акција, авантура, нема вечно да живееме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom