Бардовци - од 70 евра па нагоре, во зависност од тоа колку блиску се струјата и водата. Канализација мислам дека има само во делот каде што е т.н. нова населба и тоа мислам дека е приватна па ќе треба да им плаќаш на тие што платиле за да се изгради. Според мене, премногу напумпани се цените овде, а сето тоа поради "богаташите" кои последниве години изградија куќи тука. Блиску си до Карпош (2-3 км), а во Бардовци мислам дека има само една продавница (таа кај школото). 21 оди до Бардовци, со тоа што ќе го прошеташ цело Скопје додека стигнеш, а најнов автобус е 21А кој врти десно и од кај Александар Палас оди директно до Бардовци (многу побрзо за разлика од линијата што ја вози 21).
Сопиште - од 40 до 100 евра во зависност од тоа во кој дел е плацот. Оние што се наоѓаат кај ресторанот Теферич и во негова близина се со цена од 70 до 100 евра, оние што се погоре накај општината чинат од 50 евра па нагоре. Колку што сум запознат канализација има скоро во цело Сопиште, а мали проблеми се јавуваат преку лето и зима со водата/струјата. Во последно време во Сопиште премногу се гради, па според мене набрзо и тука ќе се дигнат цените до небо. Ова е едно од најдобрите места за живеење во Скопје, лоцирано на Водно, опкружен си со природа, а до центар си за многу брзо време. 24, 58, 58А и 58Б се автобусите кои одат натаму.
Пинтија - Плацовите тука се со цена од 40 до 60 евра. Во долниот дел на Пинтија куќите се премногу збиени, а горниот дел (накај манастирот) се на еден начин "покомотни". Единствен проблем со патот во Пинтија според мене е што е премногу тесен, а населбата како населба е супер за живеење. 41 е прередовна линија, па така нема да имаш никаков проблем за стигнување до Центар.
Драчево - поодалечено од Центар, но убаво и мирно место за живеење. Мислам дека цената на плацовите овде се движи од 60 евра па нагоре. Истото што важи за поврзаноста со Центарот за Пинтија, важи и за Драчево.
Волково - цената на плацовите се движи од 20 до 30 евра. Малку подалеку е од Центар, но сепак е убаво место за живеење. Автобуска линија со број 22 оди од и до Волково.
Радишани - Мислам дека овде цената на плацовите се движи од 40 до 70 евра за квадрат. Оддалечено е 10тина километри од центарот, но 57 е редовен автобус па не би требало да имаш преголем проблем за транспортот.
Мислам дека која и да ја избереш од овие локации нема да згрешиш, верувај дека ќе дојде време кога за разлика од сега, сите ќе сакаат да бегаат што подалеку од Центар.
Пред да го купиш плацот, распрашај се за комуналиите, да не излезе на крај да дадеш повеќе пари за нив отколку за куќата
Комуналии во Бардовци не се плаќаат, но како што слушнав за брзо време и тие ќе се воведат. Во Сопиште беа 7 евра, но треба да се зголемат на 25 (ако не се зголемиле веќе). За делот од Сопиште што спаѓа под Кисела Вода (Теферич и околината), комуналиите изнесуваат 20 евра.