Запознавање "пријатели" преку Социјалните Мрежи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Запознавање "пријатели" преку Социјалните Мрежи...

На социјалните мрежи имаме илузија за повеќе пријатели од што е вистина и се лажеме дека нашиот живот на мрежата е поважен од реалниот. Имаме впечаток дека сите наши Фејсбук/Твитер пријатели не следат и дека знаат што ни се случува. Затоа не можете да дозволите некој да „ве срами“ по социјалните мрежи. На денешницава речиси стана модерно запознавање на партнери па и пријатели преку интернет.
Се поставува прашањето колку од тие луѓе, се такви какви што се претставуваат?
Колку долго може да опстојува ова навидум пријателство?

Јас сум запознал многу од тие така наречени "пријатели", но после запознавањето во живо, испаднало дека тие воопшто не се такви како што се преставуваат. После тоа, следеше сведување на комуникацијата на минимум, па и со нивно отстранување одкако ќе научиш што луѓе се.
А во најголем број луѓето не се такви, како што се претставуваат.
Затоа реков повеќе запознавање преку FaceBook-НЕ!

Споделете искуства, доколку сакате:
- Едно ваше НЕГАТИВНО искуство?
ИЛИ
- Едно ваше ПОЗИТИВНО искуство?
P.S. Претпоставувам дека имало и вакво нешто преку форумов.
 
Викаш ФБ запознавања не,а што викаш за кајгана запознавања :D?

Бтв зашто во философија и психологија темава?
 
Викаш ФБ запознавања не,а што викаш за кајгана запознавања :D?

Бтв зашто во философија и психологија темава?

Може и тоа ама се фокусирав повеќе на FaceBook, затоа што таму има и слики( сеа колку се вистински, фотошоп или симнати ог Чика Гоогле), и комуникација највеќе иде преку него или MSN.
Па мислам дека тука највеќе одговара ( Филозофија и Психологија), ако е дупла или не е на соодветно место нека иде аут. :D
 
Интересно... јас мислев фејсбукот е сајт на кој комуницираш со луѓе со кои веќе ГИ ПОЗНАВАШ, а не дека тука се запознавале нови женски. Остарев човече.
Lucky you.
 
Вака оди тоа ако сакаш да запознаеш девојка на ФБ .. !
И пишуваш HI !
Ако ти врати исто со HI , тогаш е во ред разговорот може да продолжи ,
Но доколку ти врати на пример со ? ( прашалник ) тогаш биди спремен и одговори и ( ВИРУС Е ) :D
АХХААХАХАХАХ ! :P :P :P
 
Ќе дое ред за некоја година луѓето да не можат да се запознаат на улица....оти тој коа ќе и пружи рака да се претстави,оваа ќе му рече,знам ти си Трпе,ти имам глеано албум од летото коа си бил у Турција.:eek:

Ќе се развие нов поредок....т.е секој што нема да ги следи сликите и објавите на своите врсници,нема да биде интересн за муабет.:)
 
Кое разочарување е кога ќе видиш дека всушност личноста на фејсбук нема врска со онаа во живо. Пример: гледаш слики на профил од типка или типац таканаречени манекени од Црнокрак...средени, милина да ги гледаш, кога ќе ги видиш во живо што ќе гледаш, од убавото лице ни трошка убавина, од телото(очигледно средено на фотошоп) останало само сало и целулит и ред други работи. И од една страна си викаш која бедотија е овој/оваа човече што се прави нешто што ни оддалеку не е, а од друга страна самиот се чувствуваш бедно што си дозволил да створиш илузија. Затоа запознавање исклучиво во живо.
 
На денешницава речиси стана модерно запознавање на партнери па и пријатели преку интернет.
Многу ми е смешен овој дел од реченицава лол Демек, станало модерно запознавање партнери по фејсбук, па дури и пријатели ЛОЛ Као, ај да фатиш дечко/девојки, ама у последно време дури и другарства се ствараат по овој пат ЛОЛ
 
Вака оди тоа ако сакаш да запознаеш девојка на ФБ .. !
И пишуваш HI !
Ако ти врати исто со HI , тогаш е во ред разговорот може да продолжи ,
Но доколку ти врати на пример со ? ( прашалник ) тогаш биди спремен и одговори и ( ВИРУС Е ) :D
АХХААХАХАХАХ ! :P :P :P
Ако не ти врати, избриши го курвичето :pos:
 
Запознавање "пријатели" преку Социјалните Мрежи...

Се поставува прашањето колку од тие луѓе, се такви какви што се претставуваат?
Колку долго може да опстојува ова навидум пријателство?

Јас сум запознал многу од тие така наречени "пријатели", но после запознавањето во живо, испаднало дека тие воопшто не се такви како што се преставуваат. После тоа, следеше сведување на комуникацијата на минимум, па и со нивно отстранување одкако ќе научиш што луѓе се.
А во најголем број луѓето не се такви, како што се претставуваат.
Затоа реков повеќе запознавање преку FaceBook-НЕ!

Oсвен фејсбук,постоејза иќе постојат еден тон други мрежи за ширење пријателства и запознавање луѓе.Една од нив беше мирцот порано, еве јас како и голем број луѓе што го користеле малце поинаку освен за бркање женски , сум запознал еден тон луѓе , и со дел од нив имам пријателство во живо. Исто е и месенџер, и фејсбук и се останато. едностедноставно зависи од особата што ја користи чет-апликацијата. Значи ти во случајов како разочаран од пријателствата и не можам баш да разберам кога веќе си четувал не си сфатил со кој тип на човек имаш работа?:)
Јас кога правам муабет со човек, едноставно после неколку разговори на чет, веќе можам на некој начин да почусвувам фактички за кој тип на човек станува збор никогаш 100 % али претчуството и фрекценцијата на зборови има голема битна улога...ако не веруваш, еве ти пример. Кога чатуваш со некој, едно е доживувањето и поинаку ги разбираш зборовите, обиди се истиот дел од разговорот да го прочиташ подоцна многу обично и поинаку ќе ти изгледа.

Немам против запознавања со луѓе од интернет, но со мал број се упознавам:)
 
Според мене на кајгана(или било кој друг форум) можеш да бидеш кој сакаш и што сакаш зашто никој не те знае а идентитетот ти е зачуван, арно ама на фејсбук не можам да глумам лудило.

За мене фејсбукот е еден вид замена на скајп, со тоа што на скајп имам само приватни особи, а на фејсбук ги имам сите познаници, не гледам на фејсбукот како место за фаќање дечко или женска. Имам и такви пораки добивано ама не им одговарам и приказната завршува тука.
 
Многу ми е смешен овој дел од реченицава лол Демек, станало модерно запознавање партнери по фејсбук, па дури и пријатели ЛОЛ Као, ај да фатиш дечко/девојки, ама у последно време дури и другарства се ствараат по овој пат ЛОЛ

Не гледам смешно дека и другари други имале слични случки. Ти не си се запознал со некој преку FaceBook?

Имам и такви пораки добивано ама не им одговарам и приказната завршува тука.
(y)
 
Не гледам смешно дека и другари други имале слични случки. Ти не си се запознал со некој преку FaceBook?
Прво, јас не ни имам ФБ, второ, ја објаснував нешто сосема друго (дека е смешно) ама ти ја утна поентата за 10000 километри...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom