ПРОХОР ПЧИНСКИ - ОТТУЃУВАЊЕ БЕЗ ОДГОВОРИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Andonov Bale
  • Време на започнување Време на започнување
Позиција (Точка 7) : Манастир Прохор Пчински ( Чуден слалом на границата кај манастирот)


Тука таа аномалија на границата ја нема (Точка 7. од мапата погоре)
размер дечко...картите се од различен размер
 
Манастирот е дел од етничко-историска Македонија, но после 45та територијата на која се наоѓа заедно со Гора, Качаник, Витина и горното течение на Пчиња се во состав на НР Србија.

Се сложувам со тебе ,но првата фотографија за оваа тема вели дека манастирот од 1945 до 1975 бил на Македонска територија.1975 ја земам условно за трансверот (цесијата),зошто таа година е публикувана Општата енциклопедија, што значи тоа се случило подоцна. Во нашите архиви мора да постојат документи за ова кој би одговориле на следните прашања:
1. Кога настанала цесијата
2. Причини
3. Актери
geo_karta.jpg

Аномалијата на оваа карта не се гледа - што не е случај на следната фотографија:( притисни на десниот гумб за поголема фотографија)
images

Аномалијата на границата кај манастирот тука е очигледна
--- надополнето: Nov 25, 2011 5:20 PM ---
размер дечко...картите се од различен размер
Дали кликна на сликата:геогравска карта Србије ?(за да видиш границата подобро? (Респект Дон МетаДон!)
 
Ако збориме за етничкиот дел,тој е до Ристовац,заедно со Качаник...но долга приказна,за која веќе ја имаме разработено во разни теми во подфорумот историја...
кој е добар картограф ја знае разликата...
Ilinden%2B1.jpg
 
Нека се префрлат овде мислењата од другата тема отворена за истово прашање за да има подобра прегледност и да не се губат информациите.
ОТУЃУВАЊЕ,ЦЕСИЈА ИЛИ ПРОДАЖБА

74370_162172277149710_100000708151584_338630_2328259_n.jpg

Извор: Мала енциклопедија - Просвета, Општа енциклопедија(второ издание)Белград 1975 ,стр.382

Манастирот Прохор Пчински повеќе не е на територијата на Р.Македонија.Фотографијата која се наоѓа на Општата енциклопедија издадена во 1975 година вели дека манастирот се наоѓа на македонска територија. Од разни техстови, нашите северни комшии не се задоволни со очигледната узурпација ,па читаме или гледаме нешто што револтира ...


Дали информацијата од техстот на Општата енциклопедија е точна...Дали манастирот некогаш бил на македонска територија ?
Мислам дека не ти е точна информацијата дека скенот од "Мала Енциклопедија - Просвета", Општа Енциклопадија, Белград кој си го дал тука е од 1975 година, т.е. од "второ издание".

Таа енциклопедија во СФРЈ имаше 4-четири изданија, од кои првото е дво-томно, од 1959 г., за второто не сум сигурен ама е најверојатно од крајот на 60-тите, после доаѓа третото од 1978 година (со темно-црвени корици), и четвртото од 1986 година (со темно-зелени корици). Сите последователни, освен првото се тро-томни изданија.

Твојов скен е најверојатно од ПРВОТО ИЗДАНИЕ од 1959 година.

Еве скен за истата одредница "ПРОХОР ПЧИЊСКИ" од третото издание од 1978 година, каде веќе гледаме дека промената за тоа кому припаѓа манастирот е направена.

6zpiq8.png


Дефинитивно за ова е одговорен Лазо Колишевски и неколкуте негови верни послушници.
 
Имав скенирани документи на кои е наведена територијалната поделба на Македонија по општини за време на СФРЈ, па имаше во нив и за кумановско. На документите се гледа јасно дека манастирот припаѓа на Македонија уште од крајот на војната па се до 53та-54та кога има нова територијална промена. Нема никаков закон донесен, нема некоја официјална размена на територии со србија, едноставно во новата територијална поделба манастирот е изоставен, го нема. За жал тие слики ми беа на стариот компјутер на кој ми цвикна хард дискот и изгубив се што имав на него па сега ова делува малце како шпекулација. Ама има луѓе со пристап до архиви, па не би било лошо ако има овде некој таков да го провери ова. Не дека ќе го добиеме назад по мирен пат, ама како за некое морално задоволство...
 
Имав скенирани документи на кои е наведена територијалната поделба на Македонија по општини за време на СФРЈ, па имаше во нив и за кумановско. На документите се гледа јасно дека манастирот припаѓа на Македонија уште од крајот на војната па се до 53та-54та кога има нова територијална промена. Нема никаков закон донесен, нема некоја официјална размена на територии со србија, едноставно во новата територијална поделба манастирот е изоставен, го нема. За жал тие слики ми беа на стариот компјутер на кој ми цвикна хард дискот и изгубив се што имав на него па сега ова делува малце како шпекулација. Ама има луѓе со пристап до архиви, па не би било лошо ако има овде некој таков да го провери ова. Не дека ќе го добиеме назад по мирен пат, ама како за некое морално задоволство...

Мислам дека си во право, и дека баш тогаш 1953-54 или година-две пред или потоа е случена преќутната територијална промена.
Упорно барам деновиве една мапа што ја имам баш од 50-ти на која е претставена Н.Р.Македонија, ама не се сеќавам дали манастирот е на неа прикажан кај нас или е веќе поместена границата подолу.

Ќе ја најдам и ќе постирам, а во меѓувреме ако не можеш никако да го оживееш рикнатиот хард драјв (колку што ми е познато има начин, освен ако не е физички скршен) тогаш дај барем инфо на кои документи било тоа па да побараме.

Ми иде во глава и друга помисла во врска со ова...
Да не е "даден" преќутно манастирот по барање-инсистирање на СПЦ зашто тогаш во 50-тите почна процесот за одделувањето т.е. отфрлањето на вештачки наметнатата јурисдикција на нивната врз нашата македонска црква која е мајка на нивната.
Шпекулирам, ама освен тоталната сервилност и послушност на Лазо кон Белград, ова ми звучи "по-нормално" како некоја "причина", којашто се разбира е лудост и еклатантен пример за велепредавство ама ете се случило.
 
на некој блог ги најдов не се сеќавам кој беше, ама документот беше како листа на населени места во таа и таа општина, за сите општини кои се креираа со таа територијална поделба. На пример беше наведено за 45та дека и бујановац, тогашен бујановци/це беше во македонија. веќе во 48ма него го немаше ама некои села кои се денес на српска територија, северно од манастирот уште се водеа како дел од општина Младо или Старо Нагоричане, не знам која е таму, што значи манастирот сеуште е во Македонија. Е веќе во 50 и некоја пелинце е последното место пред границата. Додуша граници и не се ни спомнуваа во документот бидејќи нели бевме една држава. И изгледа на таа финта ги префрлија од таа страна
--- надополнето: Nov 29, 2011 8:24 PM ---
Мислам дека си во право, и дека баш тогаш 1953-54 или година-две пред или потоа е случена преќутната територијална промена.
Упорно барам деновиве една мапа што ја имам баш од 50-ти на која е претставена Н.Р.Македонија, ама не се сеќавам дали манастирот е на неа прикажан кај нас или е веќе поместена границата подолу.

Ќе ја најдам и ќе постирам, а во меѓувреме ако не можеш никако да го оживееш рикнатиот хард драјв (колку што ми е познато има начин, освен ако не е физички скршен) тогаш дај барем инфо на кои документи било тоа па да побараме.

Ми иде во глава и друга помисла во врска со ова...
Да не е "даден" преќутно манастирот по барање-инсистирање на СПЦ зашто тогаш во 50-тите почна процесот за одделувањето т.е. отфрлањето на вештачки наметнатата јурисдикција на нивната врз нашата македонска црква која е мајка на нивната.
Шпекулирам, ама освен тоталната сервилност и послушност на Лазо кон Белград, ова ми звучи "по-нормално" како некоја "причина", којашто се разбира е лудост и еклатантен пример за велепредавство ама ете се случило.
хард дискот веќе 2-3 години се распаѓа на некоја депонија така да ништо од тоа. инаку сакав тогаш да извлечам што можам ама во сервисот кај што го однесов ми рекоа дека нема шанси па се откажав брзо.
 
Постои тапија за манастирскиот имот кој е заведен на 17.08.1923 година во тогашниот суд на Општината на Градот Скопје, на крлаството на Србите, Хрватите и Словенците. Каде што во оваа тапија точно се утврдува местоположбата на четирите згради и останатиот придружен имот односно земја. Како што е познато на 2 август 1944 година во свечената сала на манастирот Свети отец Прохор Пчински се одржа заседанието на АСНОМ со кое македонскиот народ ја возобнови својата Македонска држава.

Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:
,, ...Во исто време, многу доселеници, колонисти и чиновници, кои беа дојдени во Македонија меѓу двете светски војни, а за време на војната се вратија во Србија почнаа да идат во Македонија. Тогаш помислив, ако неможат да дојдат оние кои што се родија овде, не треба да се вратат ни оние, кои ги насели бившиот Југословенски режим. Затоа на истата седница на Президиумот го постави прашањето дали во Македонија можат да се враќаат србите доселеници и чиновници, кога не смејат да се вратат македонците, кои емигрирале од теророт од кралството на Југославија. Президиумот го прифати предлогот да не им се позволи слободно да влегуваат на македонска територија. Така се случи да тие повратници беа задржувани во Ристовац, на границата меѓу Македонија и Србија. Веста за тоа стигнала во Белград, каде што почнало да се манипулира дека во Македонија владее антисрпско расположение. За тоа и за други важни работи ми пиша Мане Чучков кој беше испратен во националниот комитет за ослободување на Југославија, како претставник од Македонија..,,.

Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремослив судир помеѓу Ченто и секретарот на комунистичката партија Лазар Колишевски.
Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робја во монтиран судски процес во 1946 година.
Сеќавањата на нашиот прв претседател Ченто се објавени во мемоарската книга ,,Мојот татко- Методија Андонов Ченто,, која излезе во печат 1999 година. Во тие времиња Лазар Колишевски беше секретар на ЦК на КПМ во период од март 1943 до јули 1963 година. Покрај партиска едновремено Колишевски има неограничена државна моќ како претседател на македонската Влада од 16 април 1945 година до 19 декември 1953 година.

Во 1945 година Президиумот донесува Закон за територијална поделба на Македонија на окрузи, а Владата таа проблематика ја регулира со Уредба за определување на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околиите и месните народни одбори. Со донесување на овој подзаконски акт на тогашната влада се испуштени териториите односно околиите: Качаничката, Прешевската, Бујановачката, Трговишката односно дел од Козјачката околија.
Месец февруари 1946 година владата на Србија донесува одлука со која манстирот Свети Прохор Пчински бил предмет за утврдување на објект за аграрна реформа со неговиот имот селото Старац- Прешевска околија.
Генералниот секретар Митар Бакиќ се обраќа со писмо К.бр.1181 од 15 мај 1946 година до македонската влада во врска со територијалното разграничување на народните републики во врска со измена на заедничките административни граници. Помошникот на генералниот секретар Киро Глигоров испраќа уште едно ургентно писмо на 6 август до македноската влада во врска со проблемот за корегирање на административните граници помеѓу НР Македонија и НР Србија. По повод ваквата расписка меѓу федералната влада и македонската влада, претседателот на народнио одбор во Скопје Пешев се обраќа со писмо од 27 декември 1946 година до македонската влада, во кое покрај другото споменува:

- Во врска со Козјачката околија, таму нестанува збор за припојување или за издвојување на некои села. Прашањето е само за манастирот Прохор Пчински, кој како географска така и од општопознатите историски причини би требало да потпадне под НР Македонија.
- Манастирот Прохор Пчински (само како манастир) да се одвои од НРС (Прешевска околија) и да се присоедини кон НРМ (Козјачка околија).
- Манастирот Прохор Пчински, односно поголемиот дел од неговиот имот (шума, ораници) се наоѓа на територијата на НРМ, додека манастирот со мал дел од имотот се наоѓа на територијата на НРС. Бидејќи во тие краеви не станува збор за префрлување на некои села, предлагаме манастирот порадиопштопознатите историски причини ( од важност за НРМ) да се приклучи кон НРМ.
Во интервју од 7 септември 2005 година во дневниот весник ,, Дневник,, поранешниот претседател Киро Глигоров посведочува, ќе го каже следното:
,, Историски гледано тој е наш манастир и околу тоа не би требало да има некој спор. За тоа и првото заседание на АСНОМ беше одржано таму. Кога се постави прашањето каде да се одржи заседанието, Михајло Апостолски предложи да биде таму бидејќи тоа е наш манастир кој може многу лесно да се брани. Во повоените документи и карти нема дилеми дека манастирот беше на наша територија. Сега се поставува прашањето како се случило да биде отстапен, како наеднаш се случи да се најде во друга република. За тоа треба да се приберат податоци и да се искаже науката. Кога бев повереник за финансии во Президиумот на Македонија повеќе пати сум одел во Бујановац за наплата на даноци. Ми се случило претседателот на градот да одбие да се уплатуваат даноци во Македонија. Ми кажа: Ние чекаме да дојди нашата држава вие не сте нашата држава. Кога бев претседател наредив да се пребараат архивите на претседателството околу тој случај но не се најде ништо. Се бараше и во архивите на Собранието на РМ, во Владата, бидејќи за такво отстапување мораше да има некаква одлука. Но , немаше ништо. Се поставува прашањето кој можеше да го направи тоа, не тврдам, но мислам дека тоа можеле да го направат само тогашните неприкосновени партиски раководители на Србија и на Македонија Благоја Нешковиќ и Лазар Колишевски во нивен договор. Претпоставувам дека таков договор направиле во име на тогашното братство и единство,,.

Поконкретно решавање на статусот на манастирот ќе биде особен интерес во времето на премиерот Љубчо Георгивски на владата, претседателот на државата Борис Трајковски и претседателот на парламентот Стојан Андов во 2001-та година, кога повторно се постави прашањето за протегање и опис на државната граница помеѓу Репулика Македонија и СР Југославија односно државата Србија и Црна Гора.

Договорот за протегање на границита помеѓу двете држави потпишан од претседателот Борис Трајковки и претседателот Војислав Коштуница на 23 февруари 2001 година во Скопје. Тој се заснова на повеќе меѓународни принципи, стандарди и Повелбата на ОН .
Иако одредбите на договорот имаат иста правна важност, во оваа прилика ќе се цитираат следниве членови:
- Договорните страни спогодбено ќе ги регулираат односите во врска со одржувањето , обновувањето и обележувањето на граничната линија и граничните белези, спречувањето и решавањето на граничните инциденти и регулирањето на малограничниот сообраќај на лица, како и за непреченото користење на недвижниот имот кој останува од другата страна на граничната линија, од страна на носителите на стварни права врз него- (6).- Договорните страни во врска со културно- историските споменици и спомен обележја на територијата на двете држави- манастирот Св. Прохор Пчињски, српските војнички гробишта и др., ќе склучат посебен меѓудржавен договор во кој ќе бидат утврдени модалитетите на нивното обновување, одржување и непречен пристап на граѓаните на двете земји-(7).

Кон Договорот придружен Текстуален опис на протегање на државната граница. Во тој дел од границата следи наведениот опис:

,,Од к. 522, граничната линија продолжува во општ правец кон исток спротиводно по безимениот поток , до место во потокот, на оклу 470 м југозападно од к.705, каде го менува општиот правец кон југоисток, го сече колскиот пат на гребенот Габреница , на оклу 530 м југозападно од к 705 , до место на колскиот пат Пелинце- Горњи Старац, на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, во должина од околу 1500 м.Од место на колскиот пат Пелинце- Горњи Старац , на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, граничната линија се протега во општ правец кон југоисток, по колскиот пат во должина од околу 160 м , каде продолжува по водосливницата, по безимениот поток, преку утоката на безимениот поток во потокот Длибоки дол, на околу 620 м источно од к. 592, продолжува по течението на потокот Длибоки дол од утоката на потокот Длибоки дол во река Пчиња, во должина од околу 2000 м .
Од утоката на потокот Длибоки Дол во река Пчиња, граничната линија продолжува во општ правец кон североисток, по течението на река Пчиња од утоката на безимениот поток во река Пчиња, на околу 320 м југоисточно од ТТ к. 516, каде го менува општиот правец кон југоисток по безимениот поток , преку утоките на безимениот потоци, на околу 300 м североисточно од к. 586 до утоката на безимените потоци на околу 530 м југозападно од ТТ к. 637, продолжува по јужниот безимен поток и по водосливницата, до седло, на околу 410 м североистожно од ТТ к. 887(Големи уши), каде го менува општиот правец кон североисток по гребенот на Градиште, преку к. 984, ТТ к. 1211 (Китка), к. 1196 (Средњи камен), до ТТ к. 1285(Вирови) по одлжината на околу 7200 м. Во македонскиот парламент со Закон се ратификува овој билатерален Договор на седницата одржана на 1 март 2001 година,,.

http://www.m-p-c.org/Vesti/ProhorPchinski_Svetlenik.htm
--- надополнето: Nov 29, 2011 10:17 PM ---
Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:
,, ...Во исто време, многу доселеници, колонисти и чиновници, кои беа дојдени во Македонија меѓу двете светски војни, а за време на војната се вратија во Србија почнаа да идат во Македонија. Тогаш помислив, ако неможат да дојдат оние кои што се родија овде, не треба да се вратат ни оние, кои ги насели бившиот Југословенски режим. Затоа на истата седница на Президиумот го постави прашањето дали во Македонија можат да се враќаат србите доселеници и чиновници, кога не смејат да се вратат македонците, кои емигрирале од теророт од кралството на Југославија. Президиумот го прифати предлогот да не им се позволи слободно да влегуваат на македонска територија. Така се случи да тие повратници беа задржувани во Ристовац, на границата меѓу Македонија и Србија. Веста за тоа стигнала во Белград, каде што почнало да се манипулира дека во Македонија владее антисрпско расположение. За тоа и за други важни работи ми пиша Мане Чучков кој беше испратен во националниот комитет за ослободување на Југославија, како претставник од Македонија..,,.


agOoB.png



Ристовац е оддалечен од Прохор Пчињски, околу 23 км воздушна линија.
--- надополнето: Nov 29, 2011 10:28 PM ---
Еве уште една карта каде манастирот е на македонска државна територија:

yHic3.jpg


Оваа е исечок од атласот на ФНР Југославија печатен во Белград 1948 година,на која е прикажана Македонија и многу јасно се гледа дека манастирот "свети Прохор Пчињски" е на македонска територија.
--- надополнето: Nov 29, 2011 10:36 PM ---
Поштенска значка на ДФ Југославија со Прохор Пчињски и АСНОМ:

15Os.jpg


YU,1945,Prohor Pčinjski.
--- надополнето: Nov 29, 2011 10:44 PM ---
ATLAS-FNR-JUGOSLAVIJE-iz-1948_slika_O_726337.jpg


Може да се купи за 300 динари:

http://www.kupindo.com/kupljeno/9432706_ATLAS-FNR-JUGOSLAVIJE-iz-1948
--- надополнето: Nov 29, 2011 11:15 PM ---
Оние кои се во можност нека ја побараат книгата од Ставре Џиков „Вистината за Прохор Пчињски“ - Библиотека Сведоштва.
Издавач: Нова Македонија, 1990 година, 79 страни.
ISBN 8643700045, 9788643700044

Во неа би требало да ги има сите документи и податоци.
 
Нека се префрлат овде мислењата од другата тема отворена за истово прашање за да има подобра прегледност и да не се губат информациите.

Верувам дека овој линк ќе задржи вашето внимание во техстот:Пеќка Патријаржија во делот за Охридската архиепископија во XV век. Се работи за податок поради односот на Српската ПЦ кон МПЦ како ќерка. Ова бесрамно тврдење не го трпи ниту историјата на Српската црква, која актуелните српски црковни великодостоници не ја почитуваат .Тоа неможе да се толкува поинаку освен акт на национализам кој од блиското минато останал во редовите на Српската црква.
http://www.riznicasrpska.net/riznicasrpska/index.php?topic=15.0
 
Дали Прохор Пчински е цената што требаше да ја платиме `91? Сите знаеме како се одделивме од ЈУ без војна...

Не мора да значи дека манастирот е земен од ЈУ власти.
Што ако Киро ја платил оваа цена за да сме слободни? Знаеме и дека сме немале војници на границата `91. Дали Прохор е цената? ..
 
Српска карта на Народна Република Македонија од 1948 година во која манастирот Св. Прохор Пчињски е дел од територијата на македонската држава.


25952_10152541490825153_820186913_n.jpg
 
Во светот сега дуваат други ветрови, величењето на комунизмот го нема ни во Русија.
Било што било, меѓутоа мислам дека нема да стигнеме далеку ако се навраќаме на минатото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom