Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Ми треба совет се мислам помегу пежо 307 , 2.0 хди 2002 , и Фокус 1.8 хди 2003 , иста цена се само по шо не сум искусен со коли барам совет кои се предностите на едната и на другата и секако лошите работи .. :D
Пежо се разбира,
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Нов Subaru Forester или нов Santa Fe. Претпоставувам го знаете односот на цените и квалитетите, па кој е поекономичен?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689

Прво, фокусот 1.8 е TDCI, не HDI.
Друго, тој мотор умре во 2004. Зошто, како, размисли си сам. Сега Форд ги вградува моторите на PSA (Пежо/Цитроен) со зафатнина од 1.6 и 2.0. И двата носат TDCI ознака, иако се работи за истата машина.

Така да пежо е мојот избор на хартија, иако пресудно ќе биди тест возењето и состојбата на двете возила.
--- надополнето: Nov 24, 2011 8:49 PM ---

Шо си се запнал за овие две? Имаш широка понуда, тука е и Аутлендер на митсибуши, шкода јети, Хонда ЦРВ...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Ја би одил на Пежо 307 2.0 хди.Не само ради тоа што го имам возено,туку и ради подобрата истрајност на моторот.Малку објаснување од мене.
307 2.0хди со 130К.С. 6брзини возев малку 5-6 км и сум презадоволен од моторот.Досега немам слушнато некој да се пожали од овој мотор.
А Фордов 1.8 тдци(овој мотор мислам дека е ист или форд го развивал заедно со пежо хди)не би му го препорачал никому.Кај мене во село досега беа докарани 2фордови ТДЦИ коли со мотор од 1.8 едната беше Мондео другата Фокус,двете завршија неславно(читај продадени).
Мондеото месец дена после докарувањето од Словенија(најверојатно поради нашата нафта(читај мочка)) ги рикна дизните.Не сум сигурен ама на газдата му бараа 400евра за една или за 4дизни не знам точно.
Знам дека потоа најде стари дизни за околу 200-300евра.Но колата не беше кола.Исто како да возеш Голф1 обичен дизел,тропаше не одеше како што треба,виде не виде газдата ја смени со Голф 4 1.6 бензин со плин и веке според негово кажување не би возел дизел(пред Мондеото се изгори слично со Астра 1.7 дизел).
Фокусот ваков после 5-6месеци од докарувањето исто од Словенија ги рикна дизните.Беше во мида моторс во Скопје на поправање ама никогаш не се врати.Според кажувањата на неговиот сегашен газда го продал а сумата за која го продал(со рикнати дизни)остана тајна.
Така да оди на Пежо.Според мене
Им рикнувале дизните или бош пумпата затоа што имале поминато минимум по 500-600000 км,а километражата била вратена на 100-200000 па некој се залетал по ефтин дизел со малку поминати километри:pos::tapp:

Пежо се знае(y)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
307 2.0хди со 130К.С. 6брзини возев малку 5-6 км и сум презадоволен од моторот.Досега немам слушнато некој да се пожали од овој мотор.
Најверојатно оти слабо се вози кај нас... на 20 фордови, едно пежо ако најдиш да си пресреќен треба.

А Фордов 1.8 тдци(овој мотор мислам дека е ист или форд го развивал заедно со пежо хди)не би му го препорачал никому.Кај мене во село досега беа докарани 2фордови ТДЦИ коли со мотор од 1.8 едната беше Мондео другата Фокус,двете завршија неславно(читај продадени).
Изгледа познавачи на дизелите се “докарувачите“... па знаат што да одберат.

Мондеото месец дена после докарувањето од Словенија(најверојатно поради нашата нафта(читај мочка)) ги рикна дизните.Не сум сигурен ама на газдата му бараа 400евра за една или за 4дизни не знам точно.
Знам дека потоа најде стари дизни за околу 200-300евра.Но колата не беше кола.Исто како да возеш Голф1 обичен дизел,тропаше не одеше како што треба,виде не виде газдата ја смени со Голф 4 1.6 бензин со плин и веке според негово кажување не би возел дизел(пред Мондеото се изгори слично со Астра 1.7 дизел).
Фокусот ваков после 5-6месеци од докарувањето исто од Словенија ги рикна дизните.Беше во мида моторс во Скопје на поправање ама никогаш не се врати.Според кажувањата на неговиот сегашен газда го продал а сумата за која го продал(со рикнати дизни)остана тајна.
Така да оди на Пежо.Според мене
Мислам дека колегата многу добро ти долови каде лежи зајакот :
Им рикнувале дизните или бош пумпата затоа што имале поминато минимум по 500-600000 км,а километражата била вратена на 100-200000 па некој се залетал по ефтин дизел со малку поминати километри:pos::tapp:
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Прво, фокусот 1.8 е TDCI, не HDI.
Друго, тој мотор умре во 2004. Зошто, како, размисли си сам. Сега Форд ги вградува моторите на PSA (Пежо/Цитроен) со зафатнина од 1.6 и 2.0. И двата носат TDCI ознака, иако се работи за истата машина.

Така да пежо е мојот избор на хартија, иако пресудно ќе биди тест возењето и состојбата на двете возила.
--- надополнето: Nov 24, 2011 8:49 PM ---

Шо си се запнал за овие две? Имаш широка понуда, тука е и Аутлендер на митсибуши, шкода јети, Хонда ЦРВ...
Аутлендер ми испадна од конкуренција кога го споредив со Forester, Forester во секој поглед ми е подобар. Шкода Јети е далеку назад. Хонда ЦРВ хмм. Засега фаворит ми е Forester прво заради Subaru нормално, понатаму заради изгледот и цената, односот на коњи, тежина и потрошувачка па и боксер моторот, едноставно перфектна комбинација за мене.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Аутлендер ми испадна од конкуренција кога го споредив со Forester, Forester во секој поглед ми е подобар. Шкода Јети е далеку назад. Хонда ЦРВ хмм. Засега фаворит ми е Forester прво заради Subaru нормално, понатаму заради изгледот и цената, односот на коњи, тежина и потрошувачка па и боксер моторот, едноставно перфектна комбинација за мене.
А овие КИА новите? Sportage?

Инаку кога веќе си го одбрал Форестер... со здравје да си го возиш :)
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
А овие КИА новите? Sportage?

Инаку кога веќе си го одбрал Форестер... со здравје да си го возиш :)
хаха фала, да исчекаме и за тебе (ова важи ако се испадне како што треба).
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
А овие КИА новите? Sportage?

Инаку кога веќе си го одбрал Форестер... со здравје да си го возиш :)
Subaru forester+дизел со box machine=сателит друже
И од мене големо со здравје возење
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Subaru forester+дизел со box machine=сателит друже
И од мене големо со здравје возење
Имав некои последни мали дилеми, но се повеќе и повеќе сум уверен. Можда уште утре ќе го направам договорот. Фала, да исчекаме и за тебе другар :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имав некои последни мали дилеми, но се повеќе и повеќе сум уверен. Можда уште утре ќе го направам договорот. Фала, да исчекаме и за тебе другар :)
Чек, прајме муабет за дизелашот боксер? Ауф, баш сакам да слушнам што како... тој мотор е врв на Субару понудата :)
 
Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Чек, прајме муабет за дизелашот боксер? Ауф, баш сакам да слушнам што како... тој мотор е врв на Субару понудата :)
Да да, заборавив да напоменам претходно. Дизел на 150 коњи, 1,5 тони, 6,5 гратска потрошувачка, 2000 кубици.
 
B

BooBojan

Гостин
Најверојатно оти слабо се вози кај нас... на 20 фордови, едно пежо ако најдиш да си пресреќен треба.

Изгледа познавачи на дизелите се “докарувачите“... па знаат што да одберат.

Мислам дека колегата многу добро ти долови каде лежи зајакот :
Имаш право слабо се вози кај нас.
Прво мене ми беше многу чудно такво Мондео мислам 2002 беше да чини едвај 3000-3500евра.Мене ми беше сомнително.Потоа кога видов што му се случи,сериозно размислив за евентуално мое докарување на возило лично за мене,бидејќи веке 5години возам 4ка Голф 1.4(го знаеш),бидејќи сакав да разменам малце.
Но бидејќи досега овие 5години на колата сменив само 5пати улје филтери,1каишите(напролет гарант уште еднаш),пар предни гуми и два акумулатори(бидејќи кога го купив голфот беше со фабрички акомулатор) потоа таткоми купи еден ефтин и пред недела дена рикна.Сега му зедов 75Амперски од околу 4000денари мислам дека е купен.Е СЕГА ПОСЛЕ ОВА сериозно размислувам дали да го дадам мојот голф на некој друг за некои 3500-4000евра,бидејќи му заминав само 25000км(малце го возевме)за овие 5години,за да купам некое друго возило со кое можам да се изгорам.Не заџабе рекле старите КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА пред 5години го платив 7500евра.Ама секое евро за него нека му донесе милион на човекот од кој го купив.
Пежото е токму возило какво би купил.Докарано од Германија со 200000км(старо 7-8 години)по ова заклучив дека километражата му е како што треба.Се познава дека е чувано.Ама и дебело платено околу 5000евра мислам беше на цол табли и плус правење на наши околу 1500-2000евра.Е пари да дадеш за вакво никогаш да не се покаеш,барем нема да бидеш излажан,за километража и остали параметри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom