N
Nessa Alcarin
Гостин
Не е проблем во гордоста или егото. Кога жена се надоградува и го средува животот, сака и тој што е до неа да го следи тоа темпо (важи и обратното). Ако не се следат заедно во животот ќе се изгубат по патот. Има периоди во сечиј живот кога некои работи ги правиме поприоритетни од другите, работата е во вистински моменти да знаеш што ти е приоритет.А што е најтрагичното во сето ова што го кажа: Да се најде во ситуација да избира жена помеѓу овој тип на маж и оние типови на мажи кои си ги задоволуваат своите фантазии со брцање свеќи во гз на жената, МК жената ќе го избере вториот тип, наместо првиот.
Навистина чудна работа........Од една страна цимолење по вистинскиот маж, а од друга кога ќе им се укаже шансата тие се обидуваат да го променат тој во мазохист и да го турнат заедно со нив во мизеријата, наместо да си ја признаат грешката и да се корегираат.Човечки е да се греши, нели?
Само гордоста не им дава, односно нивното второ ЈАС.Не знам од каде толкава горделивост црпат овие жениве, причината за толкава горделивост е што?
Измисливте лек за сидата па спасивте милијарди човечки животи?На покер партија го освоивте Господ и го најдовте идеалниот маж кој што се води по десетте божји заповеди?Успеавте да го фатите Господ за едното влакно од левото маде??
Ај и понатаму.......
Не ми е поентата да навредам некого, да потенцирам уште од самиот почеток со ова што го кажувам.
Кога сакаш некој, не е само работата да завртиш грб и да си одиш. Сакаш да го извлечеш од мизеријата што ја нарекува „живот“ за да ги види сите доблести во светот. Јас ако сега си заминам од мојата врска ништо не сум направила. Да јас ќе бидам среќна, но во каква ситуација ќе го оставам тој позади мене. Ако знам дека тој е мизерен и несреќен и пак продолжува да тоне во животот, тогаш колку и да се правам дека сум среќна, нема да бидам.