UNMOUNTABLE BOOT VOLUME, ова мене ме асоцира на проблем со делот за подигање на windows-от. Добро би било во постот да напишеше и каков ОС користиш. Пробај, стартувај го компјутерот во safe mode види дали ќе се подигне. Доколку успее, пробај со System Restore да го вратиш ден-два пред да се случи овој проблем. Можно е, некој нов драјвер или нова програма што си ја инсталирал да го предизвикало ова. Исто, ме интересира во каква состојба беше компјутерот пред да ти се случи ова (мислам на снемување струја, исклучување од копче и веднаш повторно вклучување и сл. ). Ако имаш бутабилно цеде, пробај го и ова:
XP - стави го цедетo, стисни F8, избери first boot device да биде cd/dvd rom, причекај додека да се подигне сетапот, потоа избери To repair the selecgted XP installation press the R key, натаму постапката е лесна исто како за нормално инсталирање.
Друга опција е да ја отвориш рекавери конзолата, и да ја внесеш следнава команда: fixboot drive, каде drive е партицијата во која е инсталиран оперативниот систем (пример: fixboot c: ), и потоа рестартирај го компјутерот.
Win7 - Постапката е слична, со тоа што ќе го подигнеш ОС-от преку бутабилно цеде, и потоа кога ќе се појави делот каде избираш upgrade / custom (advanced), ќе ја избереш првата опција UPGRADE, потоа системот ќе ја провери веќепостоечката инсталација и натаму постапката се сведува на нормално инсталирање/репарирање.