Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ах бе на кое дереџе паднавте! Кај се тие што викаа на почеток на сезона дека БАрса под нозе ке ни падне и сл.лани овој период не викаа најлош тим што манчестер го имал некогаш па што направивме.i just don't get it o_O

не се предавајте на почеток, сите знаеме какви се Манчестер и знаеме дека се борат до крај!
It's all about believe!
 
Во офанзива бевме одлични вчера. Премногу створени шанси за гол и тоа ме радува, затоа што во изминатите натпревари тоа не изгледаше така. Керик и Флечер беа одлични во средината, Јанг малу потфрли. Ама во дефанзивен план бевме нула. Рио и Џонс повеќе никогаш како тандем, не си одговараат никако. Фабио се трудеше, премногу офанзивен, ама назад не беше тој стандардниот. Не знам зошто ги кривите Де Геа и Џонс. Џонс не очекуваше таква топка и видливо е дека не ни беше поставен да реагира така, додека Де Геа беше принуден да дегажира без разлика како затоа што топката која му ја вратија во казненото поле створи беше ептен притисната од противничките играчи. Вчера сами го одигравме натпреварот. Ние им ги наместивме двата гола, ние ги постигнавме нашите и кога ќе видиме треба да жалиме зошто не победивме, а уште повеќе затоа што сега ќе играме доста под притисок против Базел и тоа многу ме плаши. Од лесна група, направивме да се мислиме до крај кое место ќе завршиме...Се надевам на добар епилог па потоа да се мислиме со кој ќе се јадиме во 1/8 финале.
 
Eбатти децата ебатти. Што го гледате клубот од времето на Роналдо и кога секоја втора утакмица беше победа од 4-0 и кога освоивме 3титули по ред. Ај океј, ама не се прчи барем бе, не се прчи, ништо не знаеш/те за Манчестер Јунајтед вие бе. Одете гледајте, навивајте за Реал, Барселона каде неможат да избројат колку гола постигнуваат. Ајде бе, па и 3-4 години да го пратите клубот ке треба да го сфатите, но вие не, одете глејте ги шпанците шо да ви кажам.

Јас овој клуб го сакам токму поради тоа! И покрај сите "бледи" игри ние сме на врвот!(во наводници затоа што и не се бледи! дознајте зошто)

Толку ли не гледате бе дека со ваквите игри Фергусон сака да го одвлечи вниманието од нас бе.. Што дека неможеме да победиме било кој? МОЖЕМЕ! Сега не е се како подмачкано, фудбал е ова, топката се врти, но јас им верувам! И знам дека знаат што прават.

И преиспитајте си ја вашата верност кон клубот пред уште еднаш да кажете нешто за него!
 
Муабетот за Џонс и неговата нова кола :cuc:, уште малку и ќе си го испушам! Флечер беше мангата денес, таква енергична игра од него неам видено одамна. Имаше муабети и дека му прошол рокот, не се враќало тоа веќе. Тие ни се капацитетите јебига. Ќе си одпаднеме сега од Баерн/Реал/Барса и ќе си го свиткаме опашот знаејќи дека со оваков тим не се освојува ЛШ. Инат човек е Ферги не го купува Снајдер, затоа и ќе губиме стално од Барса. Додека се засилуваат сите со екстра играчи ние еден Јанг само, епа не бива...

А што ако го имавме Снајдер како ќе беше резултатот на натпреварот. Со сета почит кон квалитетите на Снајдер но мислам дека многу од тука го гледаат како бог. Да беше Снајдер тоа што сите го правите Интер немаше да се бори за опстанок во Серија А. Да, сакам да дојде во Манчестер, секое засилување е добредојдено но не е и неопходно. Истите муабети беа и кога Робен требаше да дојде во Манчестер и наместо него дојде некојси Кристијано Роналдо па резултатите за неколку години од тој трансфер беа видливи. Никој никогаш не гарантирал титула во Манчестер во ниедно натпреварување, но секогаш се освојува по некоја. Фергусон бил инат а? Епа токму тој инат ти овозможи денес да имаш потпис каков што си ставил, и токму тој инат го донесе клубот на местото каде што е денес - Најголем во светот.
 
Што фајде од тоа?:cautious:
Од кога отиде Роналдо у Реал, мерак ми е да се паднеме со нив, да видам како ќе игра против нас, а сега е идеална прилика :D
 
Незнам за вас,ама желба ми е да ни се паднат Милан(ако поминеме) и да ги плеснеме убаво :D
 
Абе АПОЕЛ или Зенит да ни се паднат најдобро би било
 
И со Базел и сега со Бенфика ме оборија...Аххх бе Манчестер ли е ова ??? Тие 4 коло веќе си обезбедуваја пласман во 1/8 финале а сега,чекаат последно коло ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom