Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

  • Креатор на темата Креатор на темата TheShadow
  • Време на започнување Време на започнување
Си се заглавил у место и не мрдаш :)
There's a first time for everything....

Местото е состојба на умот. Све е то илузија. Движењето е илузија. Се е тао. Музиката е вибрација, движење... илузија :)
Ми се допаѓа како си си го наредил размислувањето :) Ќе умреш среќен и незаглавен во местото на илузијата :cautious:

youtube.com врие од сатанисти! Интернетот е ѓаволска работа! :D
Еве едни „сатанисти“:
 
youtube.com врие од сатанисти! Интернетот е ѓаволска работа! :D
Еве едни „сатанисти“:
Овие мора да имаат некоја магија фрлено на нив за да можат дење да свират на гитари. Гитарата е џаолски инструмент, па ништо чудно е да се маскираат во обични луѓе и да носат нормална облека додека пазарат дење.
 
Овие мора да имаат некоја магија фрлено на нив за да можат дење да свират на гитари. Гитарата е џаолски инструмент, па ништо чудно е да се маскираат во обични луѓе и да носат нормална облека додека пазарат дење.

Можеби како Моцарт носат некој прстен, алка што им дава „ѓаолска“ моќ да бидат виртуози во своето делување!
Абе неспособните секогаш го имаат ѓаолот како оружје со кој ги напаѓаат другите... видено веќе :) Но,сепак интересно е :)
 
Мојот коментар за луѓето кои ја носат титулата “металци“ или се етикетираат како такви , го дадов претходно, неколку страни уназад. На ред е да размениме малце музика, само за луѓе со широки погледи кон светот, без етикетирање и глупирање:)

Еден од моите поомилени бендови:

 
Number of the beast! Yeah!

Кога бев 7 одделение симпатијата од маало ми ја нацрта предната страна од албумот на Iron Maiden на лист од тетратка, не се сеќавам точно на цртежот знам дека имаше ѕвер, пентаграм и 666. Мајка ми кога го виде ми го фрли во канта :( а јас и се налутив. Па наредото лето си купив таква маица и цело лето го поминав во догмартинки и привремена тетоважа на врат :) Си слушав и таква музика и и кажав дека тоа е мојот стил на изразување. Не ме замараше потоа ....

Си ги измешала брзините.Панкерите носеа мартинки,а металците планинарски кондури: индекс.jpgИ се собираа во бесна кобила
Уште слушам metal&rock па не сум станал неверник
 
Си ги измешала брзините.Панкерите носеа мартинки,а металците планинарски кондури: Прегледај го приврзокот 36674И се собираа во бесна кобила
Уште слушам metal&rock па не сум станал неверник
Сериозен си? И металците носеа мартинки, а хевиметалци носеа бели олдскул патики
 
анастасија не слушам, а dead can dance имам некој си албум тамо пред 6-7 години снимано, не се пронајдувам у таква музика. Пример dead can dance имаат изработено добар соундтрак за филмот the spirit of baraka (ако не сум грешка) ми се свиѓа музиката ама текстовите не ги ни знам, слушам музика и си замислувам што сака композиторот да каже. Пример јас не ни знаев дека уствари dead can dance прават музика со верска тематика, еве од тебе читам. :)

Да Dead Can Dance имаат доста духовни елементи во својата музика. Друго, саундтракот т.е. нумерaта која што е дел од култниот документарец (наречен Baraka) се вика The Host Of Seraphim, за тој документарец/песна збориш ако не се лажам?
 
Друже слушај си тоа сатанските хехе се зезам,слушај си што ти душа сака брат,музиката е нешто кое треба да те исполни и да те развесели.Каква врска има што слушаш со верба во бога или сатана,дрн дрн.Во што веруваш е твој личен избор и убедување.Ај опали WMPlayer сеа со Синан Саќич и Јужни Ветер,разлупај тоа флашите со пиво па сатаната гомна да јаде,и он го слуша тоа.
 
Да Dead Can Dance имаат доста духовни елементи во својата музика. Друго, саундтракот т.е. нумерaта која што е дел од култниот документарец (наречен Baraka) се вика The Host Of Seraphim, за тој документарец/песна збориш ако не се лажам?
да (y)
 
Мики, премногу ќе генерализираме ако речеме дека целиот правец Рок музика е таков. Има еден куп бендови во кои има членови Христијани, или пак кои целосно игнорираат религија во текстовите од песните, си пејат за други работи. Металика напр, немаат ништо сатанистичко, Дип Парпл, Клептон итн. Во една кошница има различни јаболка, некои поарни, некои полоши, некои скапани. Така е и со рокот/металот. Можеби таму има најмногу скапани јаболка, но оние добрите се ептен добри.

Па мојот коментар и беше општ, а за да видиме дали има или нема сатанизам, треба да разгледуваме случај до случај, т.е. конкретни групи или поединци па ќе расудиме дали има или нема сатанизам. А ако пак бидам општ во ставот, тогаш сатанизам има не само кај рокот, хард-рокот или металот, туку во латентна форма, го има и во поп-музиката, која по дефиниција не би требало да има ништо заедничко со демоните, но како реков, не е проблемот во музиката, туку во „она„ кое ни‘ се подметнува, запакувано све ѓутуре со и во музиката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom