Сајт на годината 2011 (Кајгана прогласен за најиновативен сајт, Кајгана форум за најдобар форум!)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.335
Поени од реакции
34.787
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Момци и девојки,

Гласањето за најдобрите Македонски веб сајтови започна. Гласањето ќе трае до 10 декември. Одберете ги Вашите 3 омилени сајтови по категории и гласајте за нив. Во финалниот избор ќе влезат 5те сајтови со најмногу гласови од сите категории. Гласовите ќе бидат објавени на 20 декември.

Благодарение на сите вас, Кајгана форум е номиниран за најдобар македонски форум. Потврдете го тоа што веќе одамна сите го знаеме :)

ГЛАСАЊЕ

Надополнето - 20.12.2011
Гласањето заврши, ова се победниците:

  • Најдобар веб сајт - Femina.mk
  • Најпопуларен сајт (од публика)Motika.com
  • Најдобар забавен сајтCrnobelo.com
  • Најиновативен сајтKajgana.com
  • Најдобар информативен сајтTime.mk
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајтT-mobile.mk
  • Најдобар сајт за е-трговијаKupikartizase.com
  • Најдобар блогMarketing365.blog.mk
  • Најдобар форумforum.kajgana.com
Кајгана ја добри наградата за најдобар форум и награда за најиновативен сајт за 2011 година на изборот на сајт на годината. Наградите им ги посветуваме на нашите форумџии и читатели, затоа што тие се најзаслужни. Им честитаме и на другите добитници :)
 
Јасно е за кој ќе гласаме, ама што е со тоа што може да се напише Макро скрипта која сама ќе гласа за одреден номиниран сајт ...
 
Јасно е за кој ќе гласаме, ама што е со тоа што може да се напише Макро скрипта која сама ќе гласа за одреден номиниран сајт ...
Искрено, верувам дека токму затоа е ставено и жирито во целиот избор.
Не верувам дека победникот ќе биде избран само според гласовите... Јасно е дека со гласови на интеренет, без разлика на заштитата, може да се манипулира :)
 
Затоа и пишав пошто еве лично можам да ја напишам и не е тоа тоа гласовите ваљда 60% од жирито се, а 40% од гласовите сепак и тие ќе имаат големо влијание... Ме мрзеше да читам што и како само го ѕирнав кодот и гласав, се надевам нема да манипулира некој :)
 
Кајгана и навистина е најдобриот македонски форум.

Без зезање, сериозно. За разлика од другите форуми, кајгана најмногу ми се свиѓа затоа што е среден и функционира според некои одредени правила, на пример многу е јасно кога некој некого цитира или кога се пишува некој пост, лесен и едноставен за користење поради што нов корисник може многу лесно да се најде. Секако, секогаш може и подобро ама дека е најдобар- најдобар е:)
 
Oд форумите кајгана мислам дека без конкуренција е , мада мислам дека и емагаре последно време доби на популарност,посебно кај компјутеристите
 
Кајгана и навистина е најдобриот македонски форум.

Без зезање, сериозно. За разлика од другите форуми, кајгана најмногу ми се свиѓа затоа што е среден и функционира според некои одредени правила, на пример многу е јасно кога некој некого цитира или кога се пишува некој пост, лесен и едноставен за користење поради што нов корисник може многу лесно да се најде. Секако, секогаш може и подобро ама дека е најдобар- најдобар е:)
Тоа може да го постигне секој форум - а функционалноста ја дава и xenforo. GSM, it.com.mk, cyberbug (за кои знам) имаат xenforo платформа за форум и сите ги имаат истиве функционалности и исто се средени. Значи кајгана не е најдобар ако споредуваш по тоа.

Се гледа дизајнот, квалитетните дискусии, оригиналноста, членовите...

Нешто што zapirka.info (номиниран форум) нема, а сепак стои во листата за најдобар форум 2011.

Мислам дека емагаре навистина заслужуваат награда за најдобар форум, бидејќи секој аскепт, од членови до дизајн според мене е најдобар во споредба со другите.
 
Член сум на неколку форуми и затоа го пишав тоа што го пишав, јас гласам за мене, а впрочем и затоа се вика гласање, секој го дава својот глас и мислење, значи јас можам да гласам од XXX причини, а ти од некои YYY причини, и не можеш ти да ми кажеш ти на мене што треба да гледам и за што да гласам.
 
Како што читаш, не ти кажувам јас ти погрешен вкус имаш за дизајнот, плавите бои се подобри од портокаловите.
Туку ти кажувам дека тоа што го пиша ти за функционалноста (цитирање, нови мислења...) може да го имаат, а и го имаат повеќето форуми.
 
Како што читаш, не ти кажувам јас ти погрешен вкус имаш за дизајнот, плавите бои се подобри од портокаловите.
Туку ти кажувам дека тоа што го пиша ти за функционалноста (цитирање, нови мислења...) може (а и го имаат) повеќето форуми.

Точно, ама не ги знам јас сите форуми во мк за да знам како функционираат, јас ја споредував кајгана со тие со кој лично сум запознаена (не сакам да ги именувам) , а кои сеуште функционираат на многу глупав начин.

Точно- да, секој форум може да го постигне тоа ама голем број од нив уште работаат на ниско ниво, што мене лично не ми се свиѓа..

За квалитетот на дискусија што погоре спомна нема да коментирам, самиот факт што сум тука и ти реплицирам го кажува и моето мислење на таа тема :)

Толку имам да кажам, позз :cool:
 
Од форумите Кајгана....заради разноликоста на фаците,кои допринесуваат прекрасни и незаборавни трол моменти.

А од порталите...on.net.mk.....а порталот на кајгана ми е најтапа....поготово сите статии се "3 начини да постигнеш ова",5 начини како да направиш ова" ,"7 совети како да..." ...и итн :pos:
 
по кој основ се бирани сајтовите, на тепка?
 
Од форумите Кајгана....заради разноликоста на фаците,кои допринесуваат прекрасни и незаборавни трол моменти.

А од порталите...on.net.mk.....а порталот на кајгана ми е најтапа....поготово сите статии се "3 начини да постигнеш ова",5 начини како да направиш ова" ,"7 совети како да..." ...и итн :pos:
Можеби повеќе ти се свиѓаат статиите од типот "Бред пит фатен како моча во јавно веце", "Шакира не е депилирана", "Тој и тој фатен во кревет со таа и таа"... ? Тука барем имаш нешто корисно, аман секој втор веќе има портал и секој втор сака успешност со трач статии и еротика...

Кајгана и емагаре очекувам да земат едни од повисоките места.. (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom