Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Уште една за жал нормална работа кај нас.
За многумина добро е позната тажната судбина на добар дел од македонските индивидуални спортови кои, поради финансиската немоќ, се оставени на маргините на нашето функционирање.
Но, навистина засилено потресно е кога и индивидуалните судбини на македонските врвни спортисти сведочат за третманот кој го „уживаат“ кога, откако ќе се повлечат од централното внимание како дел од оние нивни пет минути кога и носат слава на нашата држава, ќе се вратат во своите семејни „гнезда“ во кои дури некогаш немаат ниту елементарни услови за преживување. А, тоа никој не го знае ниту, пак, за жал било кого интересира.
Сепак, никого во македонскиот спорт не може да остави рамнодушен тажната приказна на најдобриот македонски маратонец Ѓорѓи Трендафилов, пренесена во сторијата на националната телевизија Канал 5, во која дознаваме дека еден од нашите најдобри атлетичари го допрел социјалното дно.
„Ѓорѓи Трендафилов, неделно трча по 200 километри со празен стомак.Невработен, неухранет, пет години живее на свеќа и со долга листа на долгови. Безбројните медали, пехари и признанија се единствената движечка сила за 31 годишниот Ѓорѓи да ја издржи семејната голгота. Десетчленото семејство Трендафилови го прехранува скромната плата на таткото на Ѓорѓи. Долговите кон ЕВН растат, и се подалечна останува светлината од домот на Трендафилови“ – е дел од сторијата на Канал 5, која делува просто за не верување кога е во прашање актуелниот балкански вицешампион.
„Да. Иако е за не верување живеам на свеќа затоа што струјата ни е исклучена, а немам ниту за храна, витамини и средства за хигиена кои се многу важни за правилно да тренирам и да постигнувам резултати. Само Господ знае како се снаоѓам, живеам во многу тешки услови“ – вели Ѓорѓи Трендафилов.
Нашиот маратонец чија главна амбиција е настапот на идниот европски шампионат во атлетика, е оставен буквално сам во обидот за преживување иако досега, по секој негов успешен настап на меѓународната сцена, добивал ветувања за помош. Но, секогаш така само до наредното гостување...
А, потоа се чудиме, зошто наспроти празните фрази со повици за активно спортување, ние никако на вистински начин не успеваме да го доближиме спортот до младите.