Тажната судбина на македонскиот спорт: Најдобриот маратонец го допре социјалното дно!

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
Уште една за жал нормална работа кај нас.
Gorgi%20Trendafilovski.JPG

За многумина добро е позната тажната судбина на добар дел од македонските индивидуални спортови кои, поради финансиската немоќ, се оставени на маргините на нашето функционирање.

Но, навистина засилено потресно е кога и индивидуалните судбини на македонските врвни спортисти сведочат за третманот кој го „уживаат“ кога, откако ќе се повлечат од централното внимание како дел од оние нивни пет минути кога и носат слава на нашата држава, ќе се вратат во своите семејни „гнезда“ во кои дури некогаш немаат ниту елементарни услови за преживување. А, тоа никој не го знае ниту, пак, за жал било кого интересира.

Сепак, никого во македонскиот спорт не може да остави рамнодушен тажната приказна на најдобриот македонски маратонец Ѓорѓи Трендафилов, пренесена во сторијата на националната телевизија Канал 5, во која дознаваме дека еден од нашите најдобри атлетичари го допрел социјалното дно.

„Ѓорѓи Трендафилов, неделно трча по 200 километри со празен стомак.Невработен, неухранет, пет години живее на свеќа и со долга листа на долгови. Безбројните медали, пехари и признанија се единствената движечка сила за 31 годишниот Ѓорѓи да ја издржи семејната голгота. Десетчленото семејство Трендафилови го прехранува скромната плата на таткото на Ѓорѓи. Долговите кон ЕВН растат, и се подалечна останува светлината од домот на Трендафилови – е дел од сторијата на Канал 5, која делува просто за не верување кога е во прашање актуелниот балкански вицешампион.

Да. Иако е за не верување живеам на свеќа затоа што струјата ни е исклучена, а немам ниту за храна, витамини и средства за хигиена кои се многу важни за правилно да тренирам и да постигнувам резултати. Само Господ знае како се снаоѓам, живеам во многу тешки услови – вели Ѓорѓи Трендафилов.

Нашиот маратонец чија главна амбиција е настапот на идниот европски шампионат во атлетика, е оставен буквално сам во обидот за преживување иако досега, по секој негов успешен настап на меѓународната сцена, добивал ветувања за помош. Но, секогаш така само до наредното гостување...
А, потоа се чудиме, зошто наспроти празните фрази со повици за активно спортување, ние никако на вистински начин не успеваме да го доближиме спортот до младите.
 
И после ќе плукаме по наши спортисти кои зеле пасоши од друга земја и пеат туѓа химна на натпреварување. Мој совет до оние што се бават со спорт и го читаат ова - а видите дека ве бива, земајте пасош од друга земја, барем ако ве бива знајте дека ќе инвестира во вас.

Баталете го патриотизмот, нема да ви донесе резултати.
 
Уште потрагично, ова е само дел од многу случаи.Пред неколку години ваква вест имаше за наш поранешен боксер, Реџеп Реџеповски носител на сребрен медал од ОИ во Лос Анџелес, 1984-та.


Реџеп Реџеповски

(Македонски познати )
Реџеп Реџеповски
Машки боксер
Конкурент за Југославија
Олимписки игри
Лос Анџелес, Калифорнија 1984 сребрени медал мува-категорија


Реџеп Реџеповски (роден на 14 декември 1962 година во Куманово) е пензиониран боксер од македонско потекло, кој го освои сребрениот медал за Југославија во мува категорија (<51kg) на Летните олимписки игри во 1984 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Во финалето беше поразен од Стив Мекрори претрставник на Соединетите Американски Држави.

2006-та
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2649&stID=46389
ОСВОЈУВАЧОТ НА ОЛИМПИСКО СРЕБРО ВО БОКС - СОЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ
Сиромаштијата го нокаутира Реџеповски
Витрината на кумановскиот боксер Реџеп Реџеповски е полна со трофеи од 420 борби, во кои само петпати бил поразен, но сега го доживува најтешкиот пораз - нема пари ни за кифличка за ќерката

Кога ги гледам сите овие медали, пехари, трофеи и признанија, ми се враќа чувството на гордост и сеќавањето за тие прекрасни мигови. Ама џабе! Зошто ми се, кога немам пари ни за леб, за мене, за четирите деца и за сопругата - револтиран е четириесет и двегодишниот Реџеп Реџеповски од Куманово, некогашното олимписко сребрено момче во боксот.

Тој е социјален случај, но и социјалната помош му ја укинале бидејќи заборавил еден месец да се пријави во Заводот за вработување.

- Не се живее од ветер! Сопругата Иљбадет, ќерката Сенада (22) и синот Џемаил (19) се невработени. Немавме пари децата да завршат средно школо. Фарија (14) и Рамона (10) се основки, а не им купувам ниту книги, ниту пак можам да им платам кифли. Струја и вода не можам да плаќам и едвај преживуваме - раскажува Реџеповски.

Не го крие големото разочарување. Најмногу го боли тоа што во времето додека бил успешен сите го почукнувале по рамето и го фалеле. Подоцна сфатил дека од неговите успеси поголема полза имале другите околу него.

Иљбадет, сопругата на Реџеп, вели дека во тоа време кога редел успеси сите го сакале и го славеле, а управата во боксерскиот клуб и многу други "високи" луѓе му приредувале пречеци како на маршал Тито.

- Сега не му даваат лиценца да биде тренер затоа што нема факултет. А и на децата не сакаат да им помогнат. Син ми отиде во една фирма да бара амалска работа, а таму го прашале: "Кој си бе ти? Кој е тој Реџеповски? Магла! Надвор! Го бркале со навредливи зборови дека е Ром - раскажува сопругата на Реџеповски.

Најстарата ќерка Сенада вели дека секогаш кога ги чисти пехарите и трофеите на татко и е среќна. Најмалата Рамона, пак, вели дека никој од нејзините врсници не знае колку татко и бил успешен човек.

- Само учителката Светлана Кузмановска многу ми помага. Таа ми наоѓа стари книги, а честопати нејзината кифла ја дели со мене - срамежливо раскажува ова 10-годишно девојче.

Така е, потврдуваат и Реџеп и неговата сопруга, и додаваат дека некогашните пријатели "исчезнале".

- Меѓу тие што ми помагаат е Бранко Арсовски од Центарот за социјални работи, Цеце "Лав" и уште некои. Никогаш нема да ги заборавам Светозар Максимовски-Ѕоле и Јанчо Јанчевски. Тие беа многу хумани, фер, и луѓе од збор. Кога дојде Благоја Стојковски за претседател на клубот се сврте поинаку. Мојот клупски другар Аце Русевски, пак, кога стана директор на спортската сала отидов да ме вработи макар како чувар, а тој ми удри "корпа" - раскажува Реџеповски.

Реџеп се гордее со своите успеси, но се чини најмногу сака да раскажува за олимпискиот сребрен медал освоен во 1984 година во Лос Анџелес. Додека бил на Олимпијадата му понудиле 10.000 долари да му го откупат медалот.

- Им реков не го продавам! Морам со него да се вратам во мојата земја. Следниот ден дојдоа и, на мене и на Анте Јосиповиќ, ни понудија 50.000 долари да останеме таму и да бидеме професионалци. Двајцата ја пропуштивме шансата - вели освојувачот на олимпиското сребро.

За малку ќе останел и без медалот.

- Дојдоа пријатели од управата и ги бараа сите мои пехари и медали да ги носат на некоја изложба. Јас ги дадов, а тие се ми вратија, но "среброто" го немаше. Тогаш се налутив како рис и на едниот од нив му реков: Пријатели сме, но ако не ми го вратиш тоа што е само мое, што ми е длабоко во срцето, нема да одиш повеќе. По два-три дена ми го донесоа - се присетува Реџеповски.

Боксерот Тадија Качар сакал да го задржи во Нови Сад.

- Тадија ме советуваше да останам таму, ама јас не можев без мојот град. Мислев дека тука најмногу ќе бидам почитуван, оти се што сторив беше за Куманово. Од тие пари што ги заработив во Нови Сад го наместивме станот, а од парите од Германија го откупивме. Да не беше тоа, сега сите шестмина ќе бевме на улица - вели Реџеп.

Тој се сеќава на 1980 година кога влегол во репрезентација на тогашната СФРЈ и шест пати бил државен првак. На меѓународниот турнир во Атина 1983 година, на Златниот гонг во 1983 и 1985 година, на 1986/87 во Нови Сад, кога од 24 меча ги добил сите. За девет години боксерска кариера имал 420 борби во кои доживеал само пет порази.

- Од славата што тогаш ја имав сега немам ни ден стаж. Никаков приход. Никогаш не паднав во рингот, ама паднав во заборав - воздивнува кумановскиот боксер.




Вест од пред неколку дена - 2011 (ПОСЛЕ 5 ГОДИНИ!!!) добил спортска пензија.А зошто не позиција на тренер на македонските боксери?
Или работа во АМС?
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15522828,00.html
СПОРТ | 10.11.2011

Заборавениот шампион




Се сеќавате ли на Реџеп Реџеповски? Македонски боксер од највисока класа, кумановчанец, наследник на Аце Русевски. Тој со себе носи боксерска приказна преполна со контроверзи - од шампион до социјален случај!


Боксот е спорт со веројатно најмногу контроверзи. Го именуваат како „благородна вештина“, иако целта е да се удри противникот што е можно посилно, да се нокаутира. Боксот е силен магнет за масите, шампионите се слават, но и брзо се забораваат.
Се сеќавате ли на Реџеп Реџеповски? Македонски боксер од највисока класа, кумановчанец, наследник на Аце Русевски.Тој со себе носи токму таква боксерска приказна преполна со контроверзи.
Сагата за големиот шампион почнува од кумановското ромско маало, кога малиот Реџеп, тежок само 43 килограми, влегува првпат во магичниот четириаголник:
„Почнав во 1979 година и за кусо време, за само неколку месеци станав првак на Македонија.“
Што беше тоа што го натера Реџеповски да влезе во спортот, во кој владее законот на посилниот? Дали само восхитот кон легендарниот Касиус Клеј?
„Идол ми беше Касиус Клеј или Мохамед Али. Го гледав на телевизија и му се одушевував. Но, и сиромаштијата во семејството беше голема. Бевме седум деца. Татко ми работеше во градска чистота. Беше тешко и за храна и за облека. Во 5-то одделение го напуштив училиштето за да му помогнам на семејството. Се зафатив со боксот и бев решен да успеам.Г оспод ме награди, стигнав и до сребрениот олимписки медал.“
Меѓу славата и бедата
Големиот талент, во рацете на познатиот кумановски тренер Аца Петровиќ, само после пет години ќе боксува во финалето во мува-категорија на Олимписките игри во Лос Анџелес, во 1984 година.
„После 6-те претходни борби, во финалето боксував против Американецот Стив МекРори. Било кој да беше друг боксер, гарантирам дека ќе го освоев златниот медал. Боксувавме жестоко, прегласувањето на судиите долго траеше за на крај да загубам. Стив МекРори победи, јас го освоив сребрениот медал.“Во Куманово е пречекан како херој! Од градот добива двособен стан и многу ветувања! Но, успесите на Реџеповски брзо се заборавени. Без образование, без шанса да работи во боксот, без приходи, набрзо станува социјален случај.
„Имав страшен период во животот, кога преживував со 3000 денари. Со овие пари го издржував семејството, мојата жена и 4-те деца, три ќерќи и еден син. 12 години имав проблеми да платам струја, вода, ѓубретарина...“
Спасот доаѓа пред неколку години, со воведувањето на спортските пензии за заслужните спортисти на Македонија. Реџеповски доби егзистенција, но односот од луѓето, особено од оние што се во боксот, го боли.
„На пример, еве сега доаѓа ’Златниот гонг’,кој двапати го освојував. Ќе ме поканат, а потоа ќе ме стават да гледам од ’третиот’ ред. Ова ме прави лошо да се чувствувам, а го сакам боксот.“
Работа со млади, неисполнета желба
Сака да работи во боксот. Реџеп Реџеповски смета дека боксот во Македонија може да биде како некогаш.„Сега ќе наполнам 49 години, а се чувствувам дека ништо не сум создал во боксот. Не ми ни даваат можност да почнам да работам со деца, да им го пренесам моето искуство. Секогаш кога ќе излезам на улица се собираат деца околу мене и ме прашуваат кога ќе почнеме да тренираме. Една сезона работев во Куманово без пари за да им докажам на некои луѓе дека можам. Направив неколку македонски прваци.“
Со сребрениот олимписки медал, со двете злата од Балканијадите, со двата освоени „Гонга“,со спомените за златното време боксерско, македонскиот спортски великан Реџеп Реџеповски го живее својот живот. Лузните, оние зададени од околината се многу подлабоки од боксерските! Си ги носи во себе. Приказна типично боксерска!

Автор: Златко Калински
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска
 
И овој Вели Мумин нејќете да знаете у каква куќа живее(ше) не знам сега дали уште живее го немам видено тука у населба кај мене, може е преселен. Секое сабајле го гледав како трчаше до пред некоја година, живееше у една соба у полето кај што е сеа Св. Лазар болницата, распукани ѕидови, една сијалица и толку.

Да ти се мочам у државата се вика ова.
 
Па добро бе, толку многу ги има ваквите, па државава не знае да им го најде крајот? Срамота е. Жално е. И што мотив ќе бидат ваквите случаи за некој што има намера професионално со спорт да се занимава? Не сме премногу бројни како народ, ниту ни се претураат спортски легенди и шампиони од каков и да е меѓународен углед, па да си дозволиме ваква слобода во играњето со нечија судбина. Па и да сме некоја спортска сила, ваквиот однос на е нечовечки, независно за кого се работи.
 
Да не се ова медиумите, нема ни ова да знаевме. Знаеме дека поголемиот дел од "објективните медиуми" селективно ги пренесуваат вестите, затоа ми е малку повеќе чудно како некој се осмелил да пренесе ваква бомбастична вест.

А вакви приказни има, не е само овој "грешник". Секогаш, абе секогаш кога ќе се објави ваква вест, после 2-3 дена ќе се најде некој арен чоек кој ќе донира некоја пара за загрозените (а со тоа да си направи една успешна реклама).

Прашање на време е кога ќе решат колективно да им се реши статусот на спортистите, а не откако ќе ги остават на мала душа.
 
А вакви приказни има, не е само овој "грешник". Секогаш, абе секогаш кога ќе се објави ваква вест, после 2-3 дена ќе се најде некој арен чоек кој ќе донира некоја пара за загрозените (а со тоа да си направи една успешна реклама).
.

Веруј дека додека бев загреана со пливањето да стигнам до овие ЛОИ што ќе бидат во Лондон спремна бев да го тетовирам името негово на груда само некој да успее базенот да го оспособи со вода. Сеа можеш да замислиш колку ни е гајле на нас спортистите дали некој ќе си направи реклама или не коа надлежните ги боли органот за спортот во МКД.
 
Веруј дека додека бев загреана со пливањето да стигнам до овие ЛОИ што ќе бидат во Лондон спремна бев да го тетовирам името негово на груда само некој да успее базенот да го оспособи со вода. Сеа можеш да замислиш колку ни е гајле на нас спортистите дали некој ќе си направи реклама или не коа надлежните ги боли органот за спортот во МКД.
Имам еден братучед кој имаше многу голема желба да тренира пливање. Идеше до Скопје да плива во базенот на зима (поминувајќи повеќе од 130км. со автобус) еднаш неделно, внатре во базенот водата била топла, но со искршени прозорци во цела сала, било ладно откако ќе излезеш од водата.
Тоа беше период некаде, 95-та/96-та. После тоа, се проба со ракомет, па со борење грчко/римски,... Се откажа од тие намери, откако виде дека не е ништо како што треба.
Да не почнувам со мои искуства, и јас сум абортиран спортист. :(
 
Имам еден братучед кој имаше многу голема желба да тренира пливање. Идеше до Скопје да плива во базенот на зима (поминувајќи повеќе од 130км. со автобус) еднаш неделно, внатре во базенот водата била топла, но со искршени прозорци во цела сала, било ладно откако ќе излезеш од водата.
Тоа беше период некаде, 95-та/96-та. После тоа, се проба со ракомет, па со борење грчко/римски,... Се откажа од тие намери, откако виде дека не е ништо како што треба.
Да не почнувам со мои искуства, и јас сум абортиран спортист. :(

И да било топло, со еднаш неделно џабе е. Јас со 12 пати неделно морав да употребувам додатни техники за зацврствуање ама џабе е и тоа ако немаш услови за главното :)
 
Се избедирав до коска еј, тиеам државата....
Паднав морално...
 
Уште еден.Александар Маленко.Ама прашање е колку заслужил...
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CE637D14B9C154381386C54D64C58FE

Маленко е европски младински шампион на 200 делфин во Хелсинки, 9ти на европско сениорско 200 краул. Овие резултати се многу вредни, пред се бидејќи пливањето е базичен и олимписки спорт, многу развиен и распространет низ целиот свет. Немој сеа некој да ми извади муабет и да ми ги споредува овие резултати со резултатите на спортови како традиционално карате, таеквондо итн каде што конкуренцијата се сведува на не повеќе од 10 натпреварувачи во категорија. Маленко е талент невиден и идол на генерациите после него само штета што спортот конкретно пливањето падна во таква беда како со услови така и со стручен кадар.
 
Маленко е европски младински шампион на 200 делфин во Хелсинки, 9ти на европско сениорско 200 краул. Овие резултати се многу вредни, пред се бидејќи пливањето е базичен и олимписки спорт, многу развиен и распространет низ целиот свет. Немој сеа некој да ми извади муабет и да ми ги споредува овие резултати со резултатите на спортови како традиционално карате, таеквондо итн каде што конкуренцијата се сведува на не повеќе од 10 натпреварувачи во категорија. Маленко е талент невиден и идол на генерациите после него само штета што спортот конкретно пливањето падна во таква беда како со услови така и со стручен кадар.

Све убаво што има напраено ама тоа што има 2 грама мозок и 1 неврон му се удри од глава. Да продолжеше со такво темпо кога ги освои одличјата можеше да стане многу поголем спортист.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom