Ригас Фереос - значењето на неговото дело за Македонија и Балканот

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Ригас Фереос ( 1757 – 1798 ), познат уште како, Ригас Велестинлис, Константинос Ригас, Рига од Фере, е Личност која грчките квази историчари ја нарекуваат татко на Филики Етеријаи Грчки национален херој. Меѓутоа, како и секогаш, омразените грчки квази историчари лажат и присвојуваат се.

Најдов податок, дека печатницата, во Виена, во која Ригас ги печател своите дела, била на Македонци од градот Сачишта - Македонија. Тоа ме заинтересира, да на овој Форум, ја поставам темата за значењето на делото на ова голема Личност од 18 век и да од учесниците на овој Форум соберам податоци за Ригас Ферерос, Сачишта, печатницата во Виена и значењето на делото на Ригас Фереос, за Македонија.

Сега, во неколку реда ќе подсетам на животот на на Ригас Фереос, од кои јасно се гледа дека не се работи за некаков национален херој туку за Преродбеник и Борец за Слобода и човекови права , задоен со Идеите на Француската Буржуаска Револуција.

Роден е во богато влашко семејство во гратчето Велестино – Тесалија , кое се наоѓа во близина на античкиот град Фере( воопшто не бил грк ). Семејството му потекнува од Периволи место на Пинд, во Македонија. Се школувал во родното место, Загора и Амбелокија, во видни училишта во Тесалија. После школувањето станал учител во Кисос. На 20 годишна возраст, убил Турчин и се ометнал, станал одметник – ајдук во групата на, својот роднина, Спирос Зирас.

Подоцна оди на Света Гора, па потоа во Цариград, каде што станал секретар на фанариотот Александрос Инспилантис. Во Цариград го научил францускиот и германскиот јазик. Во 1786 Инспилантис е назначен за управник во Молдавија и Ригас со него заминува во Јаши. Набргу се скарал со Инспилантис и оди во Букурешт. Таму продолжува да се школува и станува секретар на влашкиот кнез Николас Маврогенис. Во Руско-турската војна, тој станува инспектор на турската војска и тогаш се спријателил со турскиот офицер Осман Пазвантоглу. Ова пријателство ќе има голем значај во неговиот живот.

Во оваа војна турците изгубиле, а на Маврогенис му е одсечена главата. Ригас се спасил со помош на својот пријател Пазвантоглу. По војната, Ригас е повторно во Букурешт и станува драгоман - преведувач во конзулатот на Франција.

Во овој период на животот, Ригас се запознава со Идеите на Француската Буржуаска Револуција. Ја превел на влашки јазик Марсељезата и ги прифатил идеите на Просветителството и на Слободата.

Тогаш, почнува голема политичка активност, контактира со видни, световни и црковни дејци од сите делови од Балканот со цел да се подигне општо востание на полуостровот.

Во 1793, заминува за Виена, каде во печатницата на Македонци од Сачиште ( кои веќе ги спомнав), издава бројни памфлети врз основ на прочуента, Декларација за правата на Човекот и граѓанинот од 1789 и го создава Новиот политички Устав за граѓаните на Румелија, Мала Азија, Егејските острови и кнежевствата Молдавија и Валшка, се со цел да се дигне Пан Балканско востание, против феудалното угнетување во Отоманската Империја. Тогаш се напишани и повеќе песни кои се објавени дури по неговата смрт.

Се обидува да се сретне со Наполеон кој во тоа време е воен комндант во Италија. Ригас се допишувал со него и му пратил на Наполеон прекрасна табакера, изработена од корен од ловорово дрво кое растело во Аполоновиот храм. Тргнал да се сретне со него во Венеција, но на пат, во Трст, го фатиле австриските власти на 1. 12. 1797. Бидејки Австрија била против Франција, го испорачале на османскиот кајмакан во Белград. Бил затворен на Калемегдан и долго мачен. Требале да го испорачаат во Цариград, но бидејќи се плашеле дека неговиот Пријател Осман Пазвантоглу ќе го спаси, на 14. 06. 1798, го задавиле и неговото тело го фрлиле во Дунав.

Така завршил овој голем Борец, за Слободата и правата на Човекот.

Мене ме интересира, како учесниците на овој форум го оценуваат неговото дело за Македонија и Македонскиот народ.
 
Неможам да го оценам позитивно бидејќи се што било правено во минатото за Македонија и Македонскиот народ завршувало со неуспех (или евентуално краткорочен успех). Последиците ги трпиме ден-денес, па поради тоа оцена 5/10
 
Најдов податок, дека печатницата, во Виена, во која Ригас ги печател своите дела, била на Македонци од градот Сачишта - Македонија.

Дај да видеме
 
Ригас Фереос ( 1757 – 1798 ), познат уште како, Ригас Велестинлис, Константинос Ригас, Рига од Фере, е Личност која грчките квази историчари ја нарекуваат татко на Филики Етеријаи Грчки национален херој. Меѓутоа, како и секогаш, омразените грчки квази историчари лажат и присвојуваат се.
Најдов податок, дека печатницата, во Виена, во која Ригас ги печател своите дела, била на Македонци од градот Сачишта - Македонија. Тоа ме заинтересира, да на овој Форум, ја поставам темата за значењето на делото на ова голема Личност од 18 век и да од учесниците на овој Форум соберам податоци за Ригас Ферерос, Сачишта, печатницата во Виена и значењето на делото на Ригас Фереос, за Македонија.

Мене ме интересира, како учесниците на овој форум го оценуваат неговото дело за Македонија и Македонскиот народ.

Во интерес на дискусијата и на тоа што те интересира, достави повеќе информации.
 
Во интерес на дискусијата и на тоа што те интересира, достави повеќе информации.
Jaс незнам ниту каде е Сачишта ниту за оваа печатница во Виена. Во тоа време печатниците не биле толку чести, па таму се сигурно печатени и други книги. Ме интересира дали имало и Македонци што соработувале со Ригас. Тоа е крај на 18 век и нациите какви што сега ги имаме не постоеле, но сепак имало поделба по вероисповест и мајчин јазик.
Се што знаев напишав во постот, секоја друга информација ме интересира.
 
Ме интересираше каде го најде податокот, конкретно, каде прочита тоа што напиша?

Во врска со Сачишта, релативно лесно можеш да дознаеш локација на местото:

Сачишта (или во костурскиот диjалект Сачишча) е град во Егејска Македонија, Република Грција.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Сачишта

Siatista (Greek: Σιάτιστα) is a town and a former municipality in Kozani peripheral unit, West Macedonia, Greece.

http://en.wikipedia.org/wiki/Siatista

Овде интересно е да се спомене првото име на Сачишта - Калибиа како што е наведено и на Википедија. Самото име го потврдува македонската етимологија - гратчето било познато по своите колиби (huts).

The first name of the city was Kalyvia, because the city was known for its huts. This name is referenced in the archives of the Zavordas Monastery.

Од грчки извори, познати се уште неколку соселани на Ригас членувале во друштвото.

Ригас е само еден од низата хеленизирани Власи.

http://books.google.com/books?id=Rk1iVvOr6RUC&pg=PA27&dq=rigas fereos&hl=en&ei=J7HKTv__HIOr8QPd09CKAQ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=4&ved=0CDgQ6AEwAw#v=onepage&q=rigas fereos&f=false

1790 Rigas Fereos and the Poulious brothers produced a weekly Greek language newspaper in Vienna which was smuggled into Turkish-ruled Greece

Она што тебе те интересира се браќата Поулиоус кои го печателе весникот Ephemeris во својата печатница во Виена. Грците тврдат дека тоа е „првиот грчки весник“, меѓутоа колку овие хеленизирани Власи или Арумуни биле Грци, пишува во:

petemack.png

mackridge71.png

Значи овој весник, ниту бил “грчки“ а уште помалце јазикот нивен бил нарекуван “грчки“ јазик, туку ромејски, според службениот јазик во Источната Римска Империја.

http://www.thefreedictionary.com/Romaic
 
Сите податоци кои ги ставив во постот, потекнуваат од интернет, најмногу од Wikipedia, со тоа што за Ригас читав и ги споредував податоците, на повеќе јазици.
Инаку јас сметам крајот на 18 век е многу значаен за модерниот Свет, бидејќи тогаш се поставени темелите на модерните правни држави. Пред се мислам на Декларацијата за правата на Човекот и граѓанинот од 1789 и Кодексите на Наполеон ( за граѓанското и јавното право ), парламентите и политичките партии какви што денес ги имаме потекнуваат од времето на Француската револуција. модерните судови и многу други работи потекнуваат од тој период.
И мене ме интересираа влианието на овие Европски текови на нашиот Народ. За жал, нашата историографија, општо е сиромашна, а посебно за овој период.
Ригас, ми остави впечаток, а како што кажав во тој период не постоеле нации во денешен смисол, како човек кој сакал да го приближи Балканот кон тие текови.
Ви заблагодарувам и уште би ве замолил дали знаете кое население било доминанто во Сачишча, пред егсодусот на Македонците во 20 век.?
 
Мене па ме заинтересира каде најде дека печатницата во Виена била на Македонци?

Според повеќето грчки и англојазични извори, мнозинството во Сачишче биле Власите.

Но, добро би било да најдеме и некои македонски податоци.
 
Грчките извори се без никакво значење. Во времето на Ригас никој не зборувал грчки како што денеска се зборува во Грција. Јас тоа го велам, Грците се највештачка нација. А со Власите постојано сме се мешале.
Има наши, постари, кои го знаат етничкиот состав во тој дел на Македонија, но јас немам контакт со такви.
Податокот за печатницата во Виена ми е од Wikipedia на бугарски. Погледни:
http://bg.wikipedia.org/wiki/Ригас_Велестинлис
Инаку бугарската историографија, иако не е сосема објективна е многу по обемна од нашата, впрочем Бугарија е и поголема земја.
 
Денеска разбрав дека Иво Андриќ, своевремено, напишал расказ „ Предаја “, објавен во списанијето„ Књижевне новине “ на 30. 07. 1948, кој зборува за предавањето на Ригас Ферерос на кајмаканот на белградската тврдина. Овој расказ, скоро да не бил повторно печатен. Ова го најдов на следнава интернет адреса:
http://www.ni.ac.rs/images/stories/sanu_dokumenti/zbornik_vi.pdf
 
Нешто не фела околу типов...
Грчиштава ептен го слават како "национален" херој, ама има некои контрадикторности околу него.

Погледнете што најдов на:
http://thedocumentarynews.wordpress.com/2012/01/08/extract-from-the-call-of-riga-of-fere-758/
Може ли некој ова да го коментира

Rigas_Fereos_Dokumenti_str168.jpg

"Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава", Том 1, Скопје, 1981, стр. 168.

Ова што си го постирал е најверојатно препишано од англиското издание на истата книга со документи, затоа и страната е друга.

Чепкав малку околу ова и дознав дека всушност "повиков" кој се цитира тука е една песна од 1797 година со револуционерна содржина т.е. со повик до сите народи од Балканот да се ослободат од Турската-Отоманска тиранија.

Песната се вика "Туриос" и еве ја целата:

http://www.juntadeandalucia.es/averroes/vertie/motivadores/gr-thourios.htm

Во песната самиот Рига од Фере или Ригас Фереос (Велестинос) Грците ги нарекува со називот Ρωμιοί т.е. Ромејци, со кој самите си се нарекувале се до формирањето на нивната нова држава на почетокот на 19 век кога го примаат името "Грци" што во основа им е наметнато од западно-европските и други фил-хелени.

Во песната покрај Τούρκοι, και Ρωμιοί т.е. Турци и Ромејци=Грци, во еден од стиховите се наведени и Βουλγάροι Бугари, Αρβανήτες Албанци, Αρμένοι Ерменци.

Арно ама подолу во друг стих ги има и Ανδρείοι Μακεδόνες т.е. Храбрите Македонци.

:rolleyes:
 
Лошо е што историчарите и дозволија на Грците да си украдат и присвојат таков национален мит каков што е Ромејскиот,всушност и самата мегали идеа им се базира на обновување на Ромејската Империја-Византија ,а во таа згасната империја најмногу заслуги дадоа луѓето Македонци по родум,но и други претежно балкански народи ...Ригас најверојатно мечтаел за реобнова на Ромеја,затоа и ги повикувал сите православни народи на борба и соединување...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom