Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Чекајте бе луѓе не можи Боаш за една сезона да направи шампионски тим...му треба време...ќе видите дека за една година или две ќе бидиме 100 пати појаки...како прво треба чистка да се фрлат,Калу,Малуда,Анелка итн итн...ми е мака да пишам да филозофирам,најмногу што мразам е да пишам реферати тука.... Јас сепак имам доверба во Боаш,превзеде голема одговорност,да води тим како Челзи..но ќе повторам,му треба време!
 
Не знам од кај да почнам.Во човеков што го имам на аватар многу верував.Највеќе му верував од сите тренери досега што се смениле во Челзи,од кога јас навивам.
Ама полека но сигурно не ми ја оправдува довербата,за жал.
На почеток од сезона јас бев тој што рече дека треба да му се даде време,и уште колку-толку стојам на истиот став,но измешани ми се емоциите,не знам сега дали е спремен да биде главен тренер на екипа од овој ранг,или пак му треба време за да води јак клуб.
Трет дерби натпревар,трет пораз.И тоа можам комотно да кажам дека кривицата е кај Боас.Погрешна тактика,погрешни 11-мина.
Уште кога го видов составот му реков на другарчево дека Челзи тешко дека ќе победи денеска.Зошто?Затоа што прво и основно го видов Малуда во составот.Човече,Малуда!?Па треба да си луд и глупав за да го играш него во прв состав,наместо Стариџ,а Мата кој е левичар со рогови да го играш на десна страна.Мислам WTF?После,Дрогба уште недолечен од повредата го става пред Торес.Добро и после како сакаме Торес да дава голови кога не игра во прв состав,стварно не можам да разберам.Нападот лош,не ни ми се зборува.Мата чат-пат се трудеше нешто,ама не може сам да игра човекот.Дрогба анемичен,лош,ја успоруваше играта,за никаде беше.Нека си седне на клупа,мислам дека и сам треба да знае дека не е више човек за големи утакмици,реално.Средниот ред,исто катастрофа.Мака ми е и мене кога плукам на некој начин по играчите,ама тоа е објективно од моја страна.Зошто така е,јас не измислувам топла вода.Лампард,испод ниво,ама човекот трчаше колку-толку,за разлика од другите.Микел,немам коментар.Лош во дефанзива,лош во офанзива,нормално.Директен кривец за примениот гол.Човеку,исфрли ја топката кај било,што кој кур се дриблаш на твоја половина,кога знаеш дека имаш нестабилна одбрана зад тебе.Рамирес изгубен,ама што да очекуваш од него,кога во недостиг на плејмејкер,тој ја игра таа улога.
Каква дупка имаше во среден ред,Адам и Лукас можеа ќебенце да си распостелат и да си прават скара.
Одбраната...е ако во средниот ред имаше дупка,тогаш во одбраната имаше кратер.Буквално.Додека до пред некоја сезона одбраната на Челзи беше најсилна и беше тешко да се постигне еден гол,годинава одбраната е швајцарско сирење.Фучи од сите страни.Ешли Кол,лош.Како во одбрана,така во напад.Ама изгледа човекот е преморен,како не би бил кога од кога е дојден во Челзи игра по 50 утакмици во сезона.Нема кој да го замени,ќе треба пак Фереира да го гледаме по таа лева страна.
Тери,многу лош.Не знам каде е оној Тери што разараше позади,што не можеа да го поминат и што беше најдобар дефанзивец во светот.Жал ми да го гледам капитенот во вакви изданија.Што се случува со него,не знам.Ама тоа што знам е дека поарно Алекс да игра,отколку Тери.И со право гледам сега дека Капело го изостави од репрезентација.Јагиелка и Лескот/Кејхил играат за класа подобро од него.
Луиз,овој беше вклопен во сивилото,не беше лош колку останативе,ама беше прилично слаб и изгубен.И непотребно нервозен,фала Богу што не доби црен.
Е Бане беше за нијанса подобар од останатите дрвца во одбрана,ама еден човек не може да брани гол,кога те напаѓаат Суарез и Белами.Чех за ниеден гол не беше крив,секоја чест за него.Целиот е расклопен,а брани уште во добра форма.И криво ми е за него,требаше да ги разшамари мајмуните.

Тешко ми е да го кажам ова,но Челзи лани под водство на Анчелоти беше многу подобар од сезонава.А и сами знаеме колку лош беше Челзи лани.Епа ако беше толку лош лани,тогаш сезонава Челзи е...
Пред две сезони,кога Анчелоти дебитираше за Челзи,тогаш победивме во сите шест дерби утакмици.И бевме шампиони,заслужено.Па и Лани не останавме без ич.Ги тепавме Сити,Тотенхем,Манчестер и Арсенал дома.
Не сакам да правам споредби,неблагодарно е,ама Челзи во времето на Мурињо во 50 утакмици имаше примено 5 гола што се вика.Сега во 12 утакмици Челзи има примено 20,ако не и повеќе.
Додека изминатите години кога Мурињо и Хидинк беа на клупа,Стемфорд Бриџ беше неосвоива тврдина,и никој жив не можеше да даде гол,а камо ли да победи,сега кој стигна не утепа,кој стигна ни дава по 2,3,4,па и 5 гола.
Лошо е многу,и болно.Се трудев да бидам оптимист,и уште сум.Длабоко во мене мислам дека ќе се оправиме,дека кризава е привремена,ама засега ова е мизерно.

Челзи нема игра,кружи со топката околу шеснаесет,ама не е конкретен.Не е силен и моќен каков што беше.Ја нема таа црвстина и силина во средниот ред и во одбраната,нападот е анемичен.
Челзи не создава шанси,сака со све топка да влезе во гол.Има тренерот некоја глупа замисла и мисли дека Челзи е Барселона,ама очигледно е дека не е.
Челзи не шутира,Челзи има слаба контра.Сето тоа што беше карактеристично за нас во изминативе години,а за една сезона се снема.
Дали е до играчите,дали е до тренерот,појма немам.Креативност,никаква.Цело лето трубевме дека треба плејмејкер,тие го зедоа Меирелес.Мислеа дека тој може да го раздвижи средниот ред.Епа не може така,екипа од овој ранг не смее тоа да го дозволи.

Дали е слаб тактичар,дали избрзавме со негово донесување,не можам уште да одлучам.Кени го изеде денеска,го разби како дете играчка.Дојде со цел да не загуби,а се врати со цел плен.Полн погодок.Со два поклонети гола.Нашиот бивш играч фино лепо си се прошета по терен,и со лева ако не се лажам ни го забибери.
Дефанзивец ни закачи гол во стил на напаѓач.
50 милионскиот Торес,седеше на клупа.Додека Малуда промашува зицер ситуации,додека се влече ко гомно на терен,Торес седи на клупа.И го става во 85 минута.Ало бре,па за 5 минути не можеш да се загрееш,а камо ли да направиш шанса или да дадеш гол.Мене срам би ми било да го ставам Торес во последна минута,а да го чувам цел натпревар.Јас да сум бил како него,би одбил да влезам во игра.
Ама добро,секако после тоа Торес е крив,не давал голови,слабо играл.

Тешки времиња,имам уште многу да кажам,ама не ми може душава,така да ќе завршам овде.Со надеж дека тимот мој ќе се квалификува во 1/8 финале на ЛШ и дека ќе заврши барем четврти во ПЛ.Иако е многу тешко тоа,со оглед какви екипи играат во лигата.
Екипа што има 4 порази во 12 кола,што има три порази од главните конкуренти и тоа прилично убедливи,не заслужува во никој случај да биде ни второ место,не дај Боже шампион.

И да.На кур да ги качам тие што викаа дека имало организирано следење во Дајмонд клуб.5 души со све конобарите и вработените бевме и испомрзнавме.
Глупи луѓе,само да се лажело без причина.

Абе Давор дека Челзи не е како што треба не е ама и ти не си како што треба си потрошил пола саат-саат за да напишеш некоја статија наместо кратко и јасно да кажеш дека Челзи оваа година е срање од екипа:tapp:
 
Абе Давор дека Челзи не е како што треба не е ама и ти не си како што треба си потрошил пола саат-саат за да напишеш некоја статија наместо кратко и јасно да кажеш дека Челзи оваа година е срање од екипа:tapp:

Друже,имав одвишок време,а и сакав да се испуцам некако,така да нема гајле.
За тоа дека се срање годинава,се согласувам,ама ме интересира зошто е тоа така.
Подобра екипа од лани имаме,факт.Во што е проблемот не разбирам.
 
Друже,имав одвишок време,а и сакав да се испуцам некако,така да нема гајле.
За тоа дека се срање годинава,се согласувам,ама ме интересира зошто е тоа така.
Подобра екипа од лани имаме,факт.Во што е проблемот не разбирам.

Andre-Villas-Boas-001.jpg
 
Делумно да,поголем дел од кривицата ја снесува тој.Ама рано е да се суди и да се брка отсега.Треба да му се даде време.
Еве,со Ливерпул и Сити има поправен,ако успее да ги тепа и двете тогаш ќе ја поправи сликата.
 
Според мене проблемот настана уште од времето на Мурињо.
Не требаше он да се избрка,требаше да му се даде простор за работа.
Требаше да се има добро раководство,да се носат добри млади играчи кои сега би можеле да заменат дел од играчите кои се прв тим и тогаш немаше да гледаме преплатени звезди т.с испукани пушки како се влечат на терен.
Да Абрамович е главен финансиер и се тоа,но бајги грешки направи од носењето на Шевченко тогаш па до ставање на глупави фаци во раководството.Тогаш Мурињо доби клоца за две лоши уткамици ејјј:tapp:

Боаш е млад,перспективен трењер.Му замерувам само поради одбраната очигледно на тој дел не се работи добро. Мое мислење е да му се даде време,макар тоа и да не чини 5-6 место годинава.И да се продадат лигушите на чело со Малуда,Калу и Ањелка.
 
Од последни пет утакмици Челзи има дури 3 порази што е катастрофално,а башка последните два се на домашен терен,разбирам да игравме со некои јаки екипишта ама Арсенал и Ливерпул не се тие екипи што беа..Што може да се очечува коа ќе играме на гости и коа играчите ќе се вртат околу голот?тапа работа искрено..Боаш катастрофални измени направи искрено,место да стаи на време он чека да падне гол па да ги внесе у игра..Иначе за смена на Боаш уште полошо ќе биде,ја би го остаил едно 1-2 години да се докаже како што треба,па ако не го бива нека му летнат парталите..
 
Незнам како сите ја критикувате одбраната, кога одбрана Челзи нема, освен за време на "прекин". Тоа се должи на нашите "крилни" играчи коишто ги немаме (освен Мата којшто моменталната позиција му е секаде во средината), па мораат Ешли и Ивановиќ/Босингва да играат крила. Значи тие треба нон-стоп да трчаат напред назад за да вршат две улоги и тоа како бекови и крила а Малуда, Калу, Анелка, да си трчкаат во максимум 35 метра простор.
Нема салам успех доколку Челзи нема такви играчи како што беа (Робен и Џо Кол па и Даф, Гронкјер...)
Арсенал го имаат Волкот и Жервињо.., Јунајтед - Јанг и Нани... Сити да не ги набројувам... Ливерпул - Кајт, Адам, Даунинг, Тотенхем - Бејл, Ленон, Ван дер Варт..... сите ама буквално сите имаат страшен среден ред (крила) само Челзи нема ништо, има само статуи коишто привремено мрднуваат...
Друго во врска со Луиз истото, како да не биде нервозен кога нема на кој да му даде топка, нема играч за врска па мора тој цело време да организира некаква акција, со што придонесува да остане само еден играч во одбрана (од исти причини може и тој да оди во средина за да прими топка), а додека пак играчите од средниот ред се кријат буквално позади нивните противници да не примат топка :tapp:. Колку пати сум видел како Луиз ги шири рацете исто и Ивановиќ кога нема на кој да му подаде...
Единствени играчи коишто колку толку го прават тоа, што ги имам гледано сезонава се Ромеу (како најдобар го издвојувам иако има многу малку изиграно), па Микел и чат-пат Рамирес

Според мене одбраната не е толку за "фрлање" колку што е средината,
нападот колку толку и тој треба да се проретчи особено со заминување на Малуда, Анелка, Калу (Дрогба на клупа) и почесто воигрување на Торес,Стариџ,Лукаку и (Мата)...
За во одбрана повремено треба да се пуштаат младите играчи особено левите бекови Бертран и Анхолт (овој откако "ќе" се врати), средина играње на Мекехран, а и да видиме барем еднаш од Јануари како игра бразилецот Пиазон и под итно купување на минимум тројца играчи како што се Џонсон од Сити, Хазард од Лил, Шванштајгер од Баерн и Озил од Реал...

Поздрав
 
Според мене не е до Боаш ниту до Тери ниту до Лампард или кој и да очекувате да ја носи играта на Челси, едноставно нешто не е во ред со управата или со некој "погоре" значи да експериментираш на лигашки натпревар со ливерпул на левата крилна позиција во исто време да ти играат Малуда, Мата и Кол(не го ни видов во одбраната, тоа што го видов беше во голот на Џонсон) со што оставаш голем простор на остатокот од теренот за играчите на ливерпул кои трчаат како дрогирани во најмала рака е сигурен пораз... неам појма што е работа но мислам дека Боаш е доволно интелигентен за да го свати ова погоре кажано, стварно незнам што да мисли човек кој и да е менаџер на Челси го игра тој посран Малуда кој неможе два корака со фудбал во нозе да направи, незнам едноставно сум без зборови или тој Малуда има некој луд договор потпишано што мора да игра секој натпревар или нашите претходни менаџери како и сегашниот се толку дегени за да го играат истиот... но како што кажав и претходно мислам дека не е до Боаш ниту до Анчелоти, мислам дека нешто не е во ред со потесната управа на Челси!!!
 
Katastrofa e odbranata.Mora nesto da se smeni.Sramota e ova.
So vakva igra i so Leverkuzen tesko da pobedime.Ne mi e jasno zosto Tores i Meireles ne gi stavi porano.
Mora da se kupi edno krilo dobro im teknalo da go kupat toj urugvaecot od Porto ako im uspee dobro ke bide.
Ako ne pobedat so Leverkuzen sramota golema ke bide.
Ovoj natprevar e must-win
 
Едно е сигурно, Кол е очаен и посакувам што побрз негов трансфер, едно време беше најдобар, сега е тапа, имаме по таапозиција младинци како Анхолт и Бертран во кои имам голема доверба неголи во плачково.
 
Ај ако знае некој нека ми каже кога задњи пут Челзи сврзал 2 порази по ред на домашен терен.
 
315765_177224719021066_112317085511830_390863_1918295347_n.jpg


Овај изгледа и за DJ го бидува.
 
Едно е сигурно, Кол е очаен и посакувам што побрз негов трансфер, едно време беше најдобар, сега е тапа, имаме по таапозиција младинци како Анхолт и Бертран во кои имам голема доверба неголи во плачково.

Епа плачкото игра 4-5 сезони на врвно ниво,нема замена,игра по 50 натпревари во сезона,плус настапи за репрезентации,пријателски,вамте-тамте.Има душа човекот,не е робот.
Јас ако би барал кривци,сигурно не би го кривел прв Ешли,има многу пред него кои не заслужуваат да играат во Челзи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom