Не плаќајте ако не ви дадат фискална сметка!

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Барате ли фискална сметка ?


  • Вкупно гласачи
    85
  • Гласањето е завршено на .
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Ако не добиете фискална сметка не треба да платите. Државата во нов обид преку граѓаните да ги дисциплинира продавачите што не го почитуваат законот за готовински плаќања.

Со ново утврдениот текст на вчерашната владина седница, сите кои за купената стока не добиле фискална сметка, според закон ќе може да си заминат со производот без да платат. Но според дел од граѓаните тоа на терен тешко ќе се имплементира.
На стартот од месецов се зголемија и казните за неплаќачите на данок. За немање на фискален апарат и неиздавање на сметка фирмите наместо 4 ќе платат 5 илјади евра глоба.
Со донесената измена на законот за регистрирање на готовински плаќања речиси двојно се зголеми и казната за фирма поединец која од досегашните 850 се фиксира на 1500 евра.
Покрај паричните казни зголемено е и времетраењето на мерката, забрана за вршење на дејност.
Фискалната политика се заострува, но колку новото решение и зголемените казни ќе успејат комплетно да ја фискализираат државата.
По 10 години од воведување на фискализацијата, инспекторите кои постојано се на терен утврдиле дека сеуште има фирми кои воопшто и немаат купено и инсталирано фискален апарат.
 
е ова ме бендисува!
Досега немав навика да барам ако ми дадат ми дадат ама од сега ќе се трудам да барам при секое купување.
 
Во Прилеп има еден кафич, се вика Вирус, воедно еден од најсељачките кафичи во градот, за тие што не знаат... и НИКОГАШ не даваат фискална, дури и да им бараш ќе се мрголат.
Мене многу ретко ми се случува да седнам таму, освен покрај некој другар и нонстоп се расправам за таа фискална. Кога ќе им побарам на келнерите и ќе им нагласам три пати оти сакам сметка, се кладам оти им иде да ме убијат на лице место. Наредно ко ќе ми мрголат пак за таа сметка ич не се двоумам да ги пријавам во УЈП.
 
Не знам колку е реален законов. Вака ќе отворам бизнис со што сакам - бутик, колонијал итн. Се што треба е да испразнам 1 цел дуќан (посебно по селата, каде што сигурно нема фискална каса), да си купам фискална каса и да почнам со работа.
 
....нека оди поднесувачот на законот во Мала Речица....и нека биде фраер да не плати затоа што не му даваат фискална...па после тоа нека соли памет....сите знаеме како треба да функционираат работите...но реалноста е сосема друга
 
Во Прилеп има еден кафич, се вика Вирус, воедно еден од најсељачките кафичи во градот, за тие што не знаат... и НИКОГАШ не даваат фискална, дури и да им бараш ќе се мрголат.
Мене многу ретко ми се случува да седнам таму, освен покрај некој другар и нонстоп се расправам за таа фискална. Кога ќе им побарам на келнерите и ќе им нагласам три пати оти сакам сметка, се кладам оти им иде да ме убијат на лице место. Наредно ко ќе ми мрголат пак за таа сметка ич не се двоумам да ги пријавам во УЈП.

Точно и затоа еднаш го сменија цел персонал ама пак не му иди умот.
 
Ова не е начин да се подигне свеста на продавачите да даваат фискални.Нека си ги пуштат мрзливите бирократски инспекции малку на терен да прошетаат да си ја утврдат фактичката состојба да видат како пола елитни кафичи не даваат фискални.
 
У продавница ако више даам пари шо праиме?
 
Јас на оние кои се мали локални дуќанчиња и кои едвај преживуваат не им барам фискална, и никогаш нема да им барам освен ако тие не ми дадат,тие едвај преживуваат сега уште сметка да им земам.
Нека се снаоѓаат ако можат, сите ние мораме од нешто да почнеме, па на почетокот ке забушаваме и кога ке стекнеме некаков константен обрт тогаш ке си легализираме се. . Лошо правам со тоа што и кај овие длабокиве играчи не барам, само кога ке ми дадат, земам. Така да во иднина ке гледам да си ја поправам грешката.
И инспекторите треба да имаат малку мозок во черепот. Идете бре кај тие големите фирми, тие ги прават најголемите дубари.
Еве ја математиката: Ако фатат една дубара во една голема фирма тие ке стекнат приходи и ке воведат ред исто толку колку кога би поминале 100 мали фирмички.
Значи ударајте ги големите, и кога ке ги средите големите, за малите е лесно, тие или ке се средат сами или ке ги затворат фирмите, бидејки со ниедна од фирмите од која што малава фирма купува роба нема да може да помине нелегално, бидејки таа поголемата ке биде воведена во ред од инспекторите и работи легално, така да ке мора и овој малиов да работи легално.
Повреди му го мозокот на човекот и целото тело ке биде парализирано, така и инспекторите, среди ги главните увозници и призведувачи, и малите ке бидат средени. Со еден замав две муви тепаат.
 
А досега не барав фискална али одсега ќе си барам, а ако не ми дадат ќе земам уште едно од тоа што сум купил за безпари .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom