Жената што ја клоцаа на градски паркинг - како да ја најдам?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 18. 11. 2011, во повеќе електронски гласила, беше објавена вест, дека 34 годишна Жена била клоцана, односно врз неа е вршена физичка тортура, од вработен во ЈП Градски паркинг. После тоа, изгледа и е поднесена прекршочна пријава, затоа што го бранела сопствениот имот од насилник и разбојник.
Јас има поднесено жалба до Европскиот суд за човекови права во врска со дискриминацијата и незаконското казнување што се врши на зонските и други паркиралишта со блокатори на тркала и пајак возила, за што можете да прочитате на овој Форум, тема - автомобилизам и мотоциклизам - зонско паркирање - револтирани граѓани. Жалбата е поднесена на крајот од мај оваа година, но може да трае многу долго додека Судот ја разгледа. Ако ја пронајдам ова наша храбра Сограѓанка, би можел нејзиниот случај на тортура да го опишам во поднесок и да барам Судот побрзо да ја разгледа жалбата и со тоа и јас и сите граѓани да се куртулиме, од срамните, гнасните и омразените, зони, рампи и пајак - возила. Затоа Ве молам да ми помогнете да стапам во контакт со неа
Еве како е за ова известено во нет прес:

Вработен во градски паркинг клоцнал жена

18.11.2011 - 12:41:42

Вработен во ЈП Градски паркинг со клоца удрил жена, откако таа му се нафрлила поради тоа што овој сакал да стави блокатор на предното тркало од автомобилот на нејзиниот сопруг.
Имено во моментот кога вработениот ставал блокатор на предното тркало од автомобилот, сопственост на сопругот на жената, истата го фатила за раменици и го турнала на земја, по што овој се завртел и со нога ја удрил во пределот на телото.
Во врска со тоа од страна на ПС-Центар ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Автор на веста: Нетпрес

Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Нема да можам да ти помогнам ама само ќе коментирам дека ти е одлична оваа замисла. Ама очекувај дека ќе си снајдеш и некои проблеми по пат. Со среќа :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нема да можам да ти помогнам ама само ќе коментирам дека ти е одлична оваа замисла. Ама очекувај дека ќе си снајдеш и некои проблеми по пат. Со среќа :)
„ Aко се колебаш помеѓу Слободата и личната безбедност, не го заслужуваш ниту едното ниту другото “ - Рекол Бенџамин Франкли. До сега не сум имал никакви проблеми, а се борам од март 2009. Благодарам за желбата за среќа. Те поздравувам со: До конечната Победа...
--- надополнето: Nov 21, 2011 11:25 AM ---
Нема да можам да ти помогнам ама само ќе коментирам дека ти е одлична оваа замисла. Ама очекувај дека ќе си снајдеш и некои проблеми по пат. Со среќа :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
23.327
Нема да можам да ти помогнам ама само ќе коментирам дека ти е одлична оваа замисла. Ама очекувај дека ќе си снајдеш и некои проблеми по пат. Со среќа :)
Не се откажувај. Имаш моја подршка.
Ако сите се откажуваме зашто некои горили ќе ни се закануваат преку телефон,тогаш ние сме или најголемите пи**и или во крвта македонска ни е да трпиме?!
 
mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Не се откажувај. Имаш моја подршка.
Ако сите се откажуваме зашто некои горили ќе ни се закануваат преку телефон,тогаш ние сме или најголемите пи**и или во крвта македонска ни е да трпиме?!
Така е пријателе. Можат комотно да не газат сите од страна и да си ќутиме и да викаме „Остај може и да биде полошо“
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
А да не е обратно.. да не клоцала жената зашто овој и ставил блокатор ? Или битно е само што е жена,па она е у право
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
А да не е обратно.. да не клоцала жената зашто овој и ставил блокатор ? Или битно е само што е жена,па она е у право
Или битно е да го обелиш образот на партијата на власт и сите нејзини дејства, во овој случај зонското паркирање?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Или битно е да го обелиш образот на партијата на власт и сите нејзини дејства, во овој случај зонското паркирање?
Ти бе да работиш на паркинг и да дојде некоја да почне да те вреѓа и да те шутира мирен ќе останеш ? Зашто е дужен тој што си работи чесно за плата да трпи тортури од незадоволни ? Жената требала да иде кај некој надлежен, некое директорче задолжено за зонско паркирање, а не на обичен смртник кој леб од таа плата вади да му покажува сила .. И да не те боли тебе ја дали сум за партија или не , неможеш ти да ми забраниш мислење да напишам
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Ти бе да работиш на паркинг и да дојде некоја да почне да те вреѓа и да те шутира мирен ќе останеш ? Зашто е дужен тој што си работи чесно за плата да трпи тортури од незадоволни ? Жената требала да иде кај некој надлежен, некое директорче задолжено за зонско паркирање, а не на обичен смртник кој леб од таа плата вади да му покажува сила .. И да не те боли тебе ја дали сум за партија или не , неможеш ти да ми забраниш мислење да напишам
:tapp:
Баш напротив ти велам да пишуваш уште повеќе, најискрено.
А за твојата констатација, па ако жената го удрила прва, тој копукот не можел да викне полиција или да иде кај некој надлежен или кај некое директорче? Така ти размислуваш.
Или го браниш мажот што клоцнал жена? Ебати мажот и тој што е...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
:tapp:
Баш напротив ти велам да пишуваш уште повеќе, најискрено.
А за твојата констатација, па ако жената го удрила прва, тој копукот не можел да викне полиција или да иде кај некој надлежен или кај некое директорче? Така ти размислуваш.
Или го браниш мажот што клоцнал жена? Ебати мажот и тој што е...
У моменти на нервоза ни ја нема да размислувам па кој сака нека е ..и ако е жена не сум дужен да ја милувам..и мене до сега 2 пати пајак ми ја дига колата, и не бев задоволен ,платив казна,ама не нападнав никој..што требаше ја шамар да му лупнам на тој и после да плачам што и он мене ми лупнал..нигде не води тоа
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794
Иако јас го оправдувам зонското паркирање, на пример, мене лично, поточно на дечко ми, му ставија тоа ,шепа, или како и да се вика.
Се паркираше (до душа во брзање) на резервирано паркинг место, плус не прати порака за плаќање. Епа... си плати казна после.
Но никако нема да оправадам ако овој навистина ја удрил, па што сака нека е, не смее такво нешто да си дозволи.
Ако го нападнала физички има полиција, нека си ја викне полицијата таа да решава понатаму. Ама физичка сила... овој заслужува пријава.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Јас ја знам локацијата на кој паркинг било тоа...Али во моментов не ми текнува како би можеле да го дознаеме идентитетот на жената...
Лично поаѓам од себе си, кога јас пред два три месеци имав искуство со тоа, кога ми ставија блокатор на тркалото...Која тортура ја истрпев со нив, мајка ми на +40C да стои и да плаче заради нив, а они да не уценуваат ако не платиме ќе ни викнат пајак и да се иживљаваат...Па добро бе - ако немавме во нас 1300 ден? Што треба да правам? Да ја дадам колата пајак да ми ја однесе...
Ова ни во Тунгузија го нема...
И откако платив, ги утепав од вреѓање тие двајца што беа таму...Клошари невидени, да зборат не знаат, една реченица да склопат како треба не знаат ама работат на градски паркинг...Ги собрале од некој локален вмро-овски штаб, чобани..
И немој некој да ме убедува дека не сум во право, зашто и самите тие за инат ми го признаа тоа...

Инаку на членот што ја отвори темава да му кажам да ме извести кога ќе треба сметката и сметкопотврдата да му ја дадам...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.769
Поени од реакции
8.794
Зошто дечко ми не го малтретираа?
Си погреши, си плати. Некој што си го имал закупено местото за цела година/месец не можел да се паркира од неговата кола.

А што се љумфери тие, се, арно ама за такво работно место не се бара некој образован, туку некој од најниските слоеви, колку да преживее месецот да заработи.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Гледам некои од вас мислат дека едвај за леб вадат овие што работат по паркинзиве, еве да ве просветлам, еден уличен вработен во градски паркинг, што става блокатори (јас лисици ги викам :icon_mrgr:) зема плата од 25.000,00 денари.
Значи чисто како информација да си ја имате, за да не ги жалите безпотребно. :icon_lol:
 
Од каде оваа информација?!!!
А јас навистина го жалев тој кај Железничка што е!!! Ми делуваше стар и сиромашен!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom