Калиопи на Евровизија 2012

Да се надеваме дека песната ќе биде на македонски, не на англиски за другите да разберат што значи песната, сами си го отфрламе јазикот :)
 
Калиопи стварно има добар глас, ама ништо нема да направи. :( Пак некоја од источниве земји ќе победи....
И најголема грешка што ја правиме, сите песни на македонски ни се на Евросонг. :mad:
 
Ама Грците и секогаш имале добри пеачи и добар сценски настап. И секогаш ќе бидат на врвот.

Секоја година се најдобри и сите им смнуваат капа, а кај нас ни еднаш не минало како што треба, се скандали итн...
 
Точно, а Калиопи има малце пискав глас...
таму не е битен гласот дал се дереш квичиш коа пееш или пееш ко нашиот ангел Тоше ;) евровизија е што гледаш а не што слушаш;)
 
Секоја година се најдобри и сите им смнуваат капа, а кај нас ни еднаш не минало како што треба, се скандали итн...

Нема ни да мине кај нас......јас секогаш си гласам за Грција (стварно добри песни имаат).
 
офф-топик
Ланскиот најдобри за мене беа Кипар, Албанија, Бугарија. Беше еден од најбедните избори некад. :S
 
А многу е битна и кореографијата и што ќе има на бината. Се сеќавате каков настап имаа едни маскирани што беа во Ѓаволи и Ангели (од овие помалите држави беа, само што не ми текнува која евровизија беше). Најдобар настап до сега за мене. Ние никогаш не сме имаме бина. Еден човек ќе излезе и толку, ич не се замараат за тоа нашиве и затоа не успеваме.
 
Ко се спомне името нејзино освен на лигаичар голем и пробај да ме симнеш од сцената ако смееш и комплекс на најголема Македонка, упорно ме потсеќа и на...

А и редно време беше да оди, али се надевам XXL ќе си ги земе за пратечи вокали ( ради сигурност у настап) а и ради искуството кое го имаат. Од Елена Ристеска може да го позајми стајлингот, од Адријан Гаџа кореографијата, од Ѓоко Таневски колата, од Мартин Вучиќ тапаните, од Каролина грудите и ете не Евровизијата 2013 у Скопје. Само напред!
 
А многу е битна и кореографијата и што ќе има на бината. Се сеќавате каков настап имаа едни маскирани што беа во Ѓаволи и Ангели (од овие помалите држави беа, само што не ми текнува која евровизија беше). Најдобар настап до сега за мене. Ние никогаш не сме имаме бина. Еден човек ќе излезе и толку, ич не се замараат за тоа нашиве и затоа не успеваме.
Овие?
 
Калиопи стварно има добар глас, ама ништо нема да направи. :( Пак некоја од источниве земји ќе победи....
И најголема грешка што ја правиме, сите песни на македонски ни се на Евросонг. :mad:
Абе ајде а србиве и хрвативе ? Марија(н) Шерифовиќ победи пеејќи на српски нели така што нема врска тоа
 
Србија и Хрватска ти се друго. Нас никој не не ферма. Песната му/и беше стварно добра, се добро му/и беше. Србиве и на шведски да пеат пак ќе ги гласаат, ние и на француски да пееме, и пак, французите нема да не гласаат. Не го глеј ти тоа така, ако србиве пеат на српски дека и ние ќе успееме ако пееме на македонски. Си ги смешал брзините.
 
Јасно ми е србија има јака дијаспора и политички врски само поентата ми беше дека кај нас непто друго не штима а не јазикот на кој се пее
 
ја бива калиопчето, ќе скраси она нешто, не викам не. сепак зашо ќе го нема фестивалот? барем се утепував од смеење кога го даваа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom