Калиопи на Евровизија 2012

Кога веќе не се откажуваме од Евровизија ова и не е така лошо.
 
Ај сеа ссимнетеја од бина да ве видам :icon_lol:
 
Ќе ве молам да не почнуваме со македонскиот синдром на самоуништување, Калипои можда не е некоја риба, но има добар вокал да не се лажеме, иначе песните нејзини не ме интересираат зборам за вокалот ;)
 
Шо одма тресете овде глупости, каква и да е факт е дека Калиопи има фантастичен глас! Каква е приватно и дали се лигави тоа не е битно, конечно квалитетен глас ќе пратиме. Влатко поарен да не беше?
 
..но има добар вокал..
е, слушај, добар, абе еден е од најдобрите, да се надеваме дека ќе има и добра песна, овие што плукаат, треба ранонаутро да се видат во огледало..минатите да не беа подобри случајно, искључок на др-мр-ТОШЕ..
 
Одма да се сере, стварно не разбирам, ај да речеа Ламбе дека директно ќе го пратат да серете, ама за Калиопи нека е и дебела и има огромна муцка, се лигави, плаче, досадна е ама глас држи ненормален. Плус не е анонимус каков што е Влатко, ја има и настрана од Македонија. И муабетот дека е политика не држи вода. Ако е политика како тогаш Србите победија?
 
Калиопи ја почитувам како личност, ама сметам дека ова е погрешно. Македонскиот НАРОД е тој кој треба да одлучи КОЈ и со КОЈА песна ќе нѐ претставува, а не некој дебелогазец што седи у мека фотеља на десети спрат у МРТВ.

Лично сметам дека сѐ додека избираме песни на ваков начин или на Скопски, никогаш нема да имаме некој забележителен успех на Англовизија. Тоа што, според мене, треба да се направи, е да се пуштат 10-12 нови песни од различни изведувачи, кои ќе се вртат цело зиме, за кои ќе се збори по телевизија и радио, за кои ќе се гласа на разни анкети. Стручното жири треба еднаш засекогаш да го пратиме во пензија оти САМО НАРОДОТ е стручно жири: песните на Англовизија не ги праќаме за да суди за нив жири, туку народите од Европа.

Државната диктатура, очигледно се прелеа и во музиката.

Калиопи има техника на пеење која е за секоја пофалба, но според мене лично, има глас кој вознемирува. Ништо лично, а и за вкусовите не се дискутира, кажувам мое мислење. Кога Калиопи би имала убава песна со која би учествувала на македонскиот избор, сигурен сум дека народот ќе знае да го препознае тоа.

Ама вака НЕ.
Ова важи за секој кој претходно бил избран вака, и за секој кој во иднина ќе биде.
 
Да бидам искрен калиопи многу ја почитувам како пеач има невиден вокал, така да можете само да серете (како и обично) ама сепак ќе излезе вајда некое добро место ако напрај добра песна.

Да не беа подобри ѓоко танески, влатко илиески, некст тајм врчак или кој ретарди досеа не ги пратија...
 
Да бидам искрен калиопи многу ја почитувам како пеач има невиден вокал, така да можете само да серете (како и обично) ама сепак ќе излезе вајда некое добро место ако напрај добра песна.

Да не беа подобри ѓоко танески, влатко илиески, некст тајм врчак или кој ретарди досеа не ги пратија...

Да има способности, само се исплашив да не биде некоја песна како Рум, Дум, Дум...
Иначе никој не ја потценува нејзината вокална способност. Има репутација низ Екс-Југословенските земји, така да може да се собере некое поенче.
 
За прв пат по пет-шест години ќе се квалификуваме во финале, ако не заради песната, заради почит кон нас дека не испраќаме аматер.
Тоа е една пропадната манифестација која се радува на секој пејач на кој тоа нема да му биде прв настан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom