Калиопи ја почитувам како личност, ама сметам дека ова е погрешно. Македонскиот НАРОД е тој кој треба да одлучи КОЈ и со КОЈА песна ќе нѐ претставува, а не некој дебелогазец што седи у мека фотеља на десети спрат у МРТВ.
Лично сметам дека сѐ додека избираме песни на ваков начин или на Скопски, никогаш нема да имаме некој забележителен успех на Англовизија. Тоа што, според мене, треба да се направи, е да се пуштат 10-12 нови песни од различни изведувачи, кои ќе се вртат цело зиме, за кои ќе се збори по телевизија и радио, за кои ќе се гласа на разни анкети. Стручното жири треба еднаш засекогаш да го пратиме во пензија оти САМО НАРОДОТ е стручно жири: песните на Англовизија не ги праќаме за да суди за нив жири, туку народите од Европа.
Државната диктатура, очигледно се прелеа и во музиката.
Калиопи има техника на пеење која е за секоја пофалба, но според мене лично, има глас кој вознемирува. Ништо лично, а и за вкусовите не се дискутира, кажувам мое мислење. Кога Калиопи би имала убава песна со која би учествувала на македонскиот избор, сигурен сум дека народот ќе знае да го препознае тоа.
Ама вака НЕ.
Ова важи за секој кој претходно бил избран вака, и за секој кој во иднина ќе биде.