H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Туристите во Охрид ќе плаќаат по едно евро дневно?
Гостите што доаѓаат во Охрид да плаќаат по едно евро дневно, а за оние што имаат станови, куќи или викендички да се воведе паушална туристичка такса во висина од 100 до 200 евра, во зависност од квадратурата и местоположбата на нивните објектиВака размислува градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, според кого викенд-туристите не се големи потрошувачи кога доаѓаат во градот.
- Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој што влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши што доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо. Значи си имаат со себе земено храна, што си ја пазариле во градот од кај доаѓаат, престојуваат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа, ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето што некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земеме предвид фактот дека не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците - вели охридскиот градоначалник.
Од туристичките агенции велат дека тоа лошо ќе се одрази врз бројот на туристите, но и врз целокупниот туристички амбиент во градот. Деканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф. д-р Сашо Коруновски, смета дека тоа со поставувањето рампи е тешко изводливо и ќе се создадат психолошки бариери.
- Многу од луѓето што доаѓаат во Охрид не се туристи, можеби доаѓаат поради други причини. Рампите не доаѓаат предвид, а оние што имаат станови треба да имаат зголемени давачки како дополнителна такса. Такви примери има секаде. Оние со викенд-станови треба да плаќаат данок на луксуз, затоа што станот не се користи за живеење. Сепак претходно ќе треба да се расчисти околу тоа кој е за викенд, а кој стан за живеење. Тоа не е толку едноставно - вели Коруноски.
Приватните станодавци, пак, се жалат дека од година на година опаѓа бројот на гости, поради што општината треба да најде начин да ги привлече гостите, а не да ги брка. И Петрески вели дека наплатата на туристичката такса бележи минимално зголемување, но сепак неретко оваа давачка приватните станодавци ја затајуваат.
Во првите девет месеци од годинава во Охрид биле остварени 426.603 ноќевања, од кои повеќе од 389.320 во поголемите туристички објекти, а од туристичката такса биле собрани 10.816.000 денари.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111911852497&id=9&prilog=0&setIzdanie=22435
Утре очекувам нешто сосем трето....