Облакодери ќе се вивнат над Јужниот булевар во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа оваа идеја?


  • Вкупно гласачи
    43
L

.Lost Angel.

Гостин
Измените во Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, кои предвидуваат Јужниот булевар наместо магистрална сообраќајница да биде подземен сообраќаен коридор над што ќе се градат објекти со можност да се издигнат во висина и до 70 метри (приземје + 20 ката), денеска Советот на општина Центар повторно ги изгласа, откако, по иницијатива на професорот Мирослав Грчев, Уставниот суд ја укина последната одлука за истиот ДУП, поради скратената незаконска постапка во која што беше донесен.
За изградбата на Јужен булевар под земја, најпрво ќе се бара инвеститор, кој за возврат ќе ја добие парцелата над подземната сообраќајница. Првите неколку ката од објектите кои ќе се градат над подземната сообраќајница ќе се користат за паркиралишта, а предвидено е и изградба на трговски центар на паркингот помеѓу Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“, како и изградба на катна гаража зад „Рамстор“. За разлика од претходниот план, со новиот не е зголемена само катноста на објектите, туку и површината за градба од 150.000 на 213.000 метри квадратни.
При расправата на Советот, се отвори дилемата за тоа колку идниот инвеститор ќе се придржува кон договорот – прво да ја изгради подземната сообраќајница, па потоа да гради, посочувајќи го примерот со објектот (Старата народна банка) на градскиот плоштад, што е веќе во крајна фаза на изградба, а за што инвеститорот исто така беше обврзан, најпрво да изгради подземна сообраќајница која ќе понира од зградата, а ќе излезе кај хотелот „Холидеј ин“. Тоа, не се случи, иако Советот ја изгласа таа одлука.
Забелешки во однос на планот, советниците од СДСМ упатија за можноста за „различна“ намена на содржините на парцелата над подземниот коридор, за, според нив, лошото сообраќајно решение кое е спротивно на Генералниот урбанистички план и висинската разлика на објектите кои ќе се градат на парцелата над подземниот коридор, кои се движат од 16 до 70 метри. Советниците, исто така, посочија и можен проблем што би се појавил поради малиот паркинг простор планиран за тој дел од центарот на градот.
Сообраќајниот пристап кон содржините над булеварот ќе биде преку нови сообраќајници од улиците Мито Хаџивасилев Јасмин и Железничка. Објектот на Стара железничка добива можност за доградба. Според планот, на таа парцела ќе се градат и културни објекти и објекти наменети за пазар (локацијата на стариот Цветен пазар).
На јавната анкета за ДУП-от „Стара железничка станица“ се доставија само четири анкети со забелешки околу новите измени во планот.
Според ГУП, Јужниот булевар е уреден како сообраќаен коридор со две регулациони линии од неговата лева и десна страна и треба да биде експресна магистрала која ги поврзува Тетово со населбата Ѓорче Петров, да поминува низ Центар, низ населбата Кисела Вода, па кон Драчево. Иако, оваа одамна предвидена сообраќајница досега не се изгради, планерите укажуваат дека на неа се темели сообраќајниот план за градот и е од витално значење за регулирање на сообраќајниот метеж по скопските улици.


 
Што се тоа облакодери уствари?
 
Eve nov zid.Eden se napravi vo kapistec malku im e toj so site 1000 mani.
Vodno ne se gleda, nema cirkulacija na vozduhot.Gusi se celo leto i zimo.
Abre neka odat vo Mariovo neka gradat i onaka e nenaseleno.
Ama ova e Skopje. Samo do koga ce ne izdrzi neznam.Ajde site vo Skopje.
 
предвидено е и изградба на трговски центар на паркингот помеѓу Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“,
Леле не, ќе ми го затворат Intro ! Најубав кафиќ у цело Скопје !11 ))))':
 
Уште тоа ни фали. Само го трупаат градот. Луди се овие :D
--- надополнето: Nov 18, 2011 9:46 PM ---
Леле не, ќе ми го затворат Intro ! Најубав кафиќ у цело Скопје !11 ))))':

Ај бе па ти само тој ли е? :D
 
Јужниот булевар е уреден како сообраќаен коридор со две регулациони линии од неговата лева и десна страна и треба да биде експресна магистрала која ги поврзува Тетово со населбата Ѓорче Петров, да поминува низ Центар, низ населбата Кисела Вода, па кон Драчево. Иако, оваа одамна предвидена сообраќајница досега не се изгради, планерите укажуваат дека на неа се темели сообраќајниот план за градот и е од витално значење за регулирање на сообраќајниот метеж по скопските улици.

Ова е битен дел
 
Уште тоа ни фали. Само го трупаат градот. Луди се овие :D
--- надополнето: 18 ноември 2011 во 22:46 ---

Ај бе па ти само тој ли е? :D

Kaкво трупање бре,Скопје е расштркан град, ретко изграден.. со големи празнини помеѓу зградите, има тука место да се гради уште многу не кукајте само
 
70 метри висина тешко дека може да се нарече облакодер.
 
Само напред, облакодери, а нема више место ни игла, а камоли кола да помине во центар. За паркинг нека му ја мислат сите тие силни зградурини. Нит практично нит оправдано. Стварно го угушија централното подрачје.
 
Трговски центар кај паркингот кај Стара железничка? Колку продавници ќе има тој? 3? Нема везе, ние од Скопје сакаме трговски центри и облакодери од 20 ката. Тоа ни е битно. И споменици секако.

А за движење меѓу сите тие градби? Па секако, тоа ќе преземеме од народот кој бил под окупација на Александар Велики.

egyptian_burial_with_perfume_550_1.JPG
 
Според ГУП, Јужниот булевар е уреден како сообраќаен коридор со две регулациони линии од неговата лева и десна страна и треба да биде експресна магистрала која ги поврзува Тетово со населбата Ѓорче Петров, да поминува низ Центар, низ населбата Кисела Вода, па кон Драчево. Иако, оваа одамна предвидена сообраќајница досега не се изгради, планерите укажуваат дека на неа се темели сообраќајниот план за градот и е од витално значење за регулирање на сообраќајниот метеж по скопските улици.

Каде низ кој дел ќе прават екстремна магистрала до Ѓорче тоа не ми е јасно.
 
underground+road+way2.jpg

Само вака... Друго како мислат, не разбирам ни јас.:eek:

Ова е подземна инфрасктруктура ама бара многууууу пари.Ако магистралата ќе оди до Тетово тогаш која е логиката на веќе постоечката обиколницата .Многу малку се користи.Нека забранат транзит за тешките теретни возила низ градов нека ги усмерат преку обиколница ете едно решение за хаосот во сообраќајот.Скопје го градат со нови згради за домување а тоа носи миграција на жителите надвор од Скопје во Скопје ете ги новите автомобили и теретот во сообраќајот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom