Донирани стари автобуси за 40 општини!

Дали мислите дека е добра таа идеја???

  • Да

    Гласови: 46 36,8%
  • Не

    Гласови: 62 49,6%
  • Незнам

    Гласови: 17 13,6%

  • Вкупно гласачи
    125
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Важи, ама кога во другите градови ќе има автобуси (факултети гледам има) дали ќе си одите од Скопје?
Аха... да.
Посочив очигледна разлика, ако се автобусите само за Скопјани, сакам од сега сите нескопјани кои живеат во Скопје да не се возат во нив, или да плаќаат дупло поскапа карта. Оти не е нивно, нели, само на скопјани е.
А тоа што вас ништо не ви смениле, прашајте си го градоначалникот, тој е одоговорен.
Би ти расправал многу за тоа комплексот од кој патиш, ама џабе е, треба со инка да ти се тури за да разбереш, ама постои голема можност да испари.

Автобусите ги користи градот и граѓаните во него, бе разлика кој од кај потекнува и кога се преселил неговиот дедо во Скопје.
Но и во тие другите градови во земјава наша живеат луѓе кои нити студираат, нити работат во Скопје и не доаѓаат во Скопје. тие таму си живеат, учат, работат... Токму тие луѓе сакаат да се возат во нов автобус како и ти, а не во крнтија во која не знаеш дали повеќе врне внатре или надвор, од која страна ти дува, кога ќе се распадне, дали ќе стигнеш каде што си тргнал...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Тогаш не се вози со автобусите, не студирај во Скопје, не купувај во Скопје, итн... Како што гледам, Скопјани не ве гаѓаат со камења оти го користите превозот, одите на журките, студирате на УКИМ... или УКИМ беше за сите бе. Ама ЈСП не е за сите.
Како сакаш сврти го муабетот, од Скопје доаѓа најголемиот дел од секој данок, само Скопје има речиси еден милион жители, и уште еден милион низ цела земја.
Муабетот е тој, никој не го врти.
Меѓутоа кога веке се дрзнуваш да даваш автобуси по остантиот дел на Републиката, дај такви кои ги имаат основните услови да се сообраќаат а не да капе од сите страни, да дува внатре и коа ќе излезеш да мирисаш целиот ко да си излегол од некоја автомеханичарска гаража.

Патем, не ми е јасен делот со журките и студиите на УКИМ.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Важи, ама кога во другите градови ќе има автобуси (факултети гледам има) дали ќе си одите од Скопје?
Аха... да.
Посочив очигледна разлика, ако се автобусите само за Скопјани, сакам од сега сите нескопјани кои живеат во Скопје да не се возат во нив, или да плаќаат дупло поскапа карта. Оти не е нивно, нели, само на скопјани е.
А тоа што вас ништо не ви смениле, прашајте си го градоначалникот, тој е одоговорен.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:00 AM ---

Тогаш не се вози со автобусите, не студирај во Скопје, не купувај во Скопје, итн... Како што гледам, Скопјани не ве гаѓаат со камења оти го користите превозот, одите на журките, студирате на УКИМ... или УКИМ беше за сите бе. Ама ЈСП не е за сите.
Како сакаш сврти го муабетот, од Скопје доаѓа најголемиот дел од секој данок, само Скопје има речиси еден милион жители, и уште еден милион низ цела земја.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:00 AM ---

И тој народ се вози во нив. Кога ќе дојдеш во Скопје плати си енормна цена за такси, не се вози во автобус, оти немаш корист од него.
Извини вака, ама морам да те искоментирам, избега од темата, мешаш баби и жаби. Како прво проблемот е до власта, не е до Скопје, ниту до скопјани, никој не ги криви нив. Незнам зашто креваш тензија на погрешна тема. Викаш да плаќаат оние од надвор дупла карта за автобус, кај ти е математикава, во тие автобуси има вложено секој жител на државава и на сите им припаѓаат подеднакво.
Тука сите зборат за дискриминирачкиот однос кон другите градови, централизацијата е очигледна, а ова со донацијата е понижувачки.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Се тоа убаво нека се вози народот, само нека не продаваат малга копуциве дека се донација, кога ќе платат од свој џеб за било шо и да се купи у оваа банана држава тогаш нека се рекламираат по МТВ.
А дали некому треба да се објаснува посебно од каде и се парите на било која Влада во светот? Да, донација се од Владата, а што е Владата? Избраници на народот, кои народот ги става таму кај што се и им дава моќ да располагаат со неговите заеднички средства (буџет) и со политиката на самата држава.
Прашај ги студентите во Скопје, кои повеќе живеат тука, него од кај што дошле, дали им одговара вака, или не.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082

За во светски рамки незнам, ама за тука ДА треба да му се објасни на народов пошто и вака и така грото функционираат на принцип "убила ме простоќа" и јадат се што ќе им сервираш, во розово издание секако.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Муабетот е тој, никој не го врти.
Меѓутоа кога веке се дрзнуваш да даваш автобуси по остантиот дел на Републиката, дај такви кои ги имаат основните услови да се сообраќаат а не да капе од сите страни, да дува внатре и коа ќе излезеш да мирисаш целиот ко да си излегол од некоја автомеханичарска гаража.

Патем, не ми е јасен делот со журките и студиите на УКИМ.
А ти ја виде сликата која ја поставив?
Со тој автобус и јас се возам, и ти гарантирам дека не чкрипе, не дува, не се клати, не урла, не се расипува на секои 500 метри и единствена разлика меѓу него и новите е тоа што овој не е климатизиран и не е нископоден, односно не е добар за инвалиди. Се останато е сосема во ред со него.
Направи разлика:

и

Викаш ќе ги донираат како првиот, или како последниот?
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:14 AM ---
Што збориш бе Пумо, во 1991 сум родена и од тогаш сум во Скопје исклучок еден мал убав период што поседов во Италија каде што видов што е нормално раководење со држава па сево ова сеа ми изгледа убер бедно.

Катастрофа се старите автобуси, летс фејс ит. Можеби имаат добри мотори кои траат и имаат голема моќ, ама со текот на времето самите бусови попуштаат, тече вода од сегде, светло нема нигде, прозори не се ни отвораат/затвораат, зависи каде, се расипуваат после 2-3 станици. И тие ги тргнале од улициве, ги смениле, ги оставиле само почитавите и ќе го лажат народов од другиве градови дека се топ бусовите. Е како не, топ биле. Хорор прав е во 7 сабајле неразденето да се возиш во нив. Поладно внатре него надвор.

Стварно не е фер. Од Скопје сум ама не сум клошар што гледа за себе, поглупа идеја амин од ова.
И овој ти се расипува на секоја станица, те тресе, те дрма, ти капе од кровот ???
Не ме зезај, ако веќе живееш тука, барем биди реална.
Овие автобуси се сосема добри и нема да бидат сменети ќе возат сеуште, плус собираат повеќе од новите.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Пумо, тргнати се кршот автобуси, овие се остаени да сообраќаат. Петка и двојка имам видено вакви, значи сообраќаат. Тие што протекуваат кај се? Ќе им ги дадат на народот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Извини вака, ама морам да те искоментирам, избега од темата, мешаш баби и жаби. Како прво проблемот е до власта, не е до Скопје, ниту до скопјани, никој не ги криви нив. Незнам зашто креваш тензија на погрешна тема. Викаш да плаќаат оние од надвор дупла карта за автобус, кај ти е математикава, во тие автобуси има вложено секој жител на државава и на сите им припаѓаат подеднакво.
Тука сите зборат за дискриминирачкиот однос кон другите градови, централизацијата е очигледна, а ова со донацијата е понижувачки.
Скопје е главен град на Република Македонија. После 20 години независна РМ се создава нешто во оваа земја (душманите нека кењаат и понатаму ватевр). Ако се издвоиле државни пари за повеќе проекти низ Мк. (мислам дека е непотребно да ги барам со линкови, секој си знае за својот град, е сега ако е синожолт тоа е друг муабет) дали јас сега треба да скокнам и да се тепам зашто по ѓаволите тој и тој град ќе добие нешто, а Скопје нема? Која ти е таа логика?

Моментално се нема пари за тоа.
Прилеп е за Прилепчани, Струмица за Струмичани, Велес за Велешани...
Скопје за сите граѓани на РМ. Колку тие ќе ги користат работите во Ск, е сосема ирелевантно.

Прифатете дека Скопје Е главен град на една земја, и како таков е нормално да биде приоритетен. Како што приметувам, не сте до толку заборавени - никој, само не дошло време. Или очекувате за 3-4 години од Вукојебина, да стане град?
 
T

Tetro

Гостин
А зошто да не ги донираат овие? Навистина не се лоши автобусите!
И јас си велев тоа. Не мораше да носат нови 202 автобуси за во Скопје. Со тие пари (наши пари) требаше да се направат фабрики, да се вработи рајата, а не да скокне невработеноста на 36% (која би била и поголема, доколку не се направеше бришење од Агенцијата. Добар потег, предобар).
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Пумо, тргнати се кршот автобуси, овие се остаени да сообраќаат. Петка и двојка имам видено вакви, значи сообраќаат. Тие што протекуваат кај се? Ќе им ги дадат на народот.
Денес бев во ЈСП, поточно во штедилница која е сместена таму, ми треба кредит.
Ако си од Скопје, веројатно живееш на другата страна, зошто на паркингот на ЈСП има нови и неискористени вакви автобуси, и секогаш имало. Тие се чуваа за ,,посебни прилики,, кога овие крнтииве ќе испоцркаа до максимум, и ќе немаа што да пуштат да вози. Тие во денови возење рачунато, не се ни по 2-3 години возени.
И крнтиите не се сите тргнати, има 50ка, 5ка и 2ка (минимум) барем јас се имам возено со тие.
Крнтиите ќе одат во отпад, нема никому да бидат дадени, само секоја информација овдека негативно се чека, па затоа и доаѓаме до овие ситуации.
На општините ќе им бидат дадени од добрите, иако не нови автобуси.
 
T

Tetro

Гостин
Владата на РМ одлучи на Скопје да подари автобуси. Скопје не е град само на Скопјани, јас тука повеќе провинција гледам од Скопјани. Кога нешто се инвестира во Скопје, треба да ви стане јасно дека е за скопјани и за сите граѓани. Јас како жител на Скопје немам никаква корист ако во Вукојебино однесат што било, но ти од кај сакаш да си, ги користиш работите што се прават во Скопје.
Во најмала рака - тука студираш (само колку студенти не се од Скопје......) и што мислиш, дека пешки одат зошто автобусите се само за скопјани?
Граѓаните ги платија новите автобуси на Скопје, Скопје им врати со зголемување на картичките за превоз.... Владата се задолжи пак во ММФ, граѓаните ќе враќаат нови кредити по новата зголемена каматна стапка, и тоа во период од 30 години.

Ај, на здравје нека ни е.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
И јас си велев тоа. Не мораше да носат нови 202 автобуси за во Скопје. Со тие пари (наши пари) требаше да се направат фабрики, да се вработи рајата, а не да скокне невработеноста на 36% (која би била и поголема, доколку не се направеше бришење од Агенцијата. Добар потег, предобар).
Македонија нема и нема да има државни фабрики.
Премиерот пред изборите имаше интервју на кое јасно и гласно кажа дека ќе се поддржува приватниот сектор. Никогаш не беше кажано дека ќе биде изградена ,,државна фабрика,,.
Ако не ви одговара пазарна економија, бујрум социјалистички земји. Македонија не е, и нема да биде.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:22 AM ---
Граѓаните ги платија новите автобуси на Скопје, Скопје им врати со зголемување на картичките за превоз.... Владата се задолжи пак во ММФ, граѓаните ќе враќаат нови кредити по новата зголемена каматна стапка, и тоа во период од 30 години.

Ај, на здравје нека ни е.
Ти не се секирај... имаш план Б.
--- надополнето: Nov 19, 2011 12:23 AM ---
Иако Агенцијата е оф топик, само ќе кажам дека ми беше ем мило, ем драго, кога го клоцнаа едно човече што го познавам, поштено си зимаше картончиња од агенција, а на црно пари правеше...
И така треба.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Се мислам да набавам еден автобус онака и да возам приватно по сите линии. Пример понеделник 22ка, вторник 9ка итн... :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom