Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Рецептот ќе го пробам, единствено што сум слушнал дека рибата панга е речна риба одгледувана во рибници, затоа сум резервиран кон таа врста риба
Панга мислам дека е морска риба а потекнува од Виетнам.
Pterogymnus laniarius
Мене не ми е јасно како може цело време да се "залагаме" за увоз на здрава храна, а упорно не трујат со најефтината и најгнасната риба.
http://www.whytraveltofrance.com/20...h-in-france-or-anywhere-else-for-that-matter/

Мислам дека нема да зажалиш... ако имаш нешто проблем слободно пиши ми... а и секако пиши од кога ќе ја пробаш дали ти се допаднала :)
Не се` што ќе ни се допадне испаднало добро, само поради вкусот на зачините... додека сами не сме свесни што јадеме...

извинете за оф-топик.
 
Мислам дека сега скоро се збореше да не се јаде таа риба (на ТВ или на Радио негде се збореше). :( А мене омилена ми е.
--- надополнето: Nov 13, 2011 10:19 PM ---
Хммм, да образложам зошто не е препорачлива. Затоа што се лови од океани, а таму од кај што се лови водата е доста загадена и е со хемикалии. А и не е препорачливо трудните жени да јадат Туна. Најдобро нешто е да се јаде балансирана храна.
 
Откако го прочитав твојов пост, се разбарав по интернет пошо у задње време "рибава" е многу популарна во Македонија и еве шо најдов
http://www.dietmindspirit.org/2008/...namese-river-cobbler-white-catfish-gray-sole/

Кажете некои други рецепти за макарони, комбинирани со нешто.
ти препорачувам да ги пробаш црните макарони(доколку не си ги пробал до сега) ќе ги најдеш у гејлада, БГ -кај нас ги нема :mad:
Додека ги вариш се осеќа мирис на риба, на школки , бојата им е природна - од сипино мастило , а инаку се обични на вкус( но, бар се интересни на изглед;) поготово црните шпагети )
 
Хмм за тие не сум знаел, баш ќе ги купам и пробам. Само со вкус на риба и школки има?
 
Кафе колачиња
Потребни состојки:
  • 110 грама кафеав шеќер
  • 100 грама шеќер
  • 1 јајце
  • 10 милилитри екстракт од ванила ( не е задолжително)
  • 20 милилитри млеко
  • 250 грама брашно
  • 5 грама сол
  • 1 грам сода
  • 1 грам печиво
  • 10 грама инстант кафе
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 200 Целзиусови степени и обложете ја тавата со пергаментна хартија. Во голем сад ставете ги кафеавиот и белиот шеќер, јајцето, екстрактот од ванила и млекото и мешајте додека смесата не стане пенеста. Во друг сад ставете ги брашното, солта, печивото и инстант кафето и на крај додадете ја смесата што претходно ја измешавте. Со миксер мешајте додека не добиете темелна хомогена смеса.
Откако ќе го направите ова, направете идентични кружни форми или доколку имате калапи можете да направите различни видови креативни колачиња. Направените форми наредете ги во тавата и печете 10 минути на температура од 200 Целзиусови степени, додека колачињата не ја добијат потребната светло кафеава боја.
1-brazilski-kafe-kolachinja-brazilian-coffee-cookies.jpg
 
Jajца со виршли во форма на срце

Потребни состојки:
- Виршли
- јајца
- сол, вегета, оригано

Начин на подготовка:
Виршлите пресечете ги по должина, ама не до крај.
94344636.jpg

Потоа свиткајте ги во форма на срце и краевите закачете ги со чепкалка.
63553653.jpg

Во тава обложена со хартија за печење ставете ги подготвените виршли. Во секое срце ставете по едно јајце и зачинете.
97662668.jpg

Печете во загреана рерна на 150 степени околу 5-10 минути. Кога се испечени, внимателно извадете ги чепкалките.
71517989.jpg
 
ИНТЕРЕСНО :)
 
Да не знае некој фил за торта,ама да се прави без миксер,зашто сум без миксер сеа за сеа :D
А ми треба за после :D
Земи свари два пудинга по твој избор во 500 мл. млеко. Остави нека се олади. За тоа време пола маргарин кристал убаво изгмечи го со вилушка и додај го во оладениот пудинг. Пошто немаш миксер, мешај подолго време додека да се соединат маргаринот и пудингот. Откако ќе добиеш убава смеса, додај мелени или ситно сецкани ореви/бадеми/лешници и 1 лажичка рум. Се тоа убаво измешај и нанеси на пандишпанот.
п.с. A kako ќе го спремиш пандишпанот? :D
 
Фала,ама средив некако.
Земав пола литро млеко,му ставив пудинг од ванила,се направи,и му ставив изгмечени банани + сецкани банани.
Имам купено готов пандишпан,па повели на едно/две/n парчиња роденденска торта :D
 
Си можел и кокос да стаиш :)
Среќен роденден, па пиши каква излегла тортата (ако не си ја пробал до сеа :icon_lol:)
 
Си можел и кокос да стаиш :)
Среќен роденден, па пиши каква излегла тортата (ако не си ја пробал до сеа :icon_lol:)
Вие сте прекрасна Личност. Ме одушевува со колку внимание помагате на учесниците на форумов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom