А
Антоние
Гостин
Иронично, ова е најдобрата верзија од песната:
Pat е неверојатен. Иако не преферирам премногу негов стил на џез, али за него немам зборови.Не знаев дека волку многу ќе ми се свиѓаат сите негови песни ( :
Аууу!!! Многу добар албум е Foreign Exchange со Paul Brown... го рушив слушање деновиве.Ќе ви претставам уште еден Jazz-Fusion музичар, Марк Антоан (Marc Antoine), роден во Франција 1963та. Свири на Акустична гитара. Не, не е тој што мислите , Има неколку со исто име и презиме.
Една интересна случка од неговиот живот. На 18 годишна возраст, играјки си со кучето, несакајќи удира во стаклена врата и левата рака му е полна со парчиња стакло. Неговиот хирург му рекол дека шансите да свири повторно гитара се никакви. Неговата страст кон гитарата го натерала да се подвргне на ригорозен рехабилитационен процес. По три години (1984та) повторно е на сцената, настапува по клубови во Париз и снима за познати француски музичари. Истата година го посетува и својот хирург и му отсвирил една композиција за да го увери дека потполно е рехабилитиран
Има снимено 10 свои албуми (од кои еден компилациски) и еден заедно со Пол Браун (Paul Brown), исто така извонреден акустичен гитарист. Последниот албум е многу интересен, My Clasical Way (2010) каде прави спој на класичната музика и џезот. Извонреден албум кој вреди да се има во домашната колекција (како и сите негови други)
Еве една песна Foreign Exchange од истоимениот албум (2009) кој го снима заедно со Пол Браун.
Па тури Лајк ебате....Аууу!!! Многу добар албум е Foreign Exchange со Paul Brown... го рушив слушање деновиве.
Одличен избор, Во моите фаворити... Пробај Acoustic Alchemy, ќе направам кратка Био и за нив, не се сомневам дека ќе ти се допадне, имаш една песна од нив во „Позитивни песни“, Pozitive thinkingНе знам некаде низ темава да е ставена, една од најубавите изведби на Marc Antoine... дефиниција за Smooth Jazz:
Rippingtons исто би рекол, едни од најомилените ми се за слушање кога станува збор за Jazz, нема некоја мелодија шо ќе речам оти не ми се бендисува...
Една од омилените:
И последно време Paul Brown ми е многу слушан, ја симнав цела негова дискографија... прекрасни албуми има... како најомилени би ги издвоил Up Front и White Sand.
Еве нешто и од него:
Ме заболе за премиерот и неговото мислење и за таа јовковска и за делта телевизија. Ако не ти се допаѓа пријател, едноставно не пишувај.Jazzot koga se pojavil bil kafanska muzika i smetan bil za kich a sega se uci na akademii licno za jazzot mislam citiram od SKM,, Jazz je muzika koja te tera da je mrzis da je oteras u kurac i da slusas bilo sta drugo!,, iako za vkusovi ne se spori i bas vcera premierot rece u sekoj zanr ima kvalitet i sund ne postoi zanr koj e kich i sund nego u sekoj stil imas kich i dobri stvari, ne deka e premierot ama bas on vcera go rece kaj onaa jovskovska na Omega televizija.
Беше Sky.fm порано добро за слушање, кога можеше и преку плеер да си го вклучиш. Сега го заебаа да мораш од броусер да го слушаш. Ама има па ко ќе видиш мал милион други станици исто така smooth jazz што пуштаат. Јас преку iTunes доста ги слушам такви...Одличен избор, Во моите фаворити... Пробај Acoustic Alchemy, ќе направам кратка Био и за нив, не се сомневам дека ќе ти се допадне, имаш една песна од нив во „Позитивни песни“, Pozitive thinking
--- надополнето: Nov 17, 2011 1:59 PM ---
За сите Љубители на Smooth Jazz-от најдоброто интернет Јazz Радио, тотално комершл фри, 24/7
http://www.sky.fm/play/smoothjazz
Ме потсети ко го спомна Bob James, и тој има доста добра музика и тука би го додал и David Sanborn. Овие двајцава имаат и соработувано мислам...Fourplay (1991-до денес) се модерен џез квартет од САД, од доста познати музичари во џез музиката. Првиот состав го сочинуваат Bob James (keyboards), Lee Ritenour (guitars), Nathan East (bass), and Harvey Mason (drums). Во 1997 Lee Ritenour ја напушта групата, а на негово место доаѓа Larry Carlton. Во 2010 Larry Carlton заминува и на негово место доаѓа Chuck Loeb.
Греми номинираната супер џез група доживува уметнички и комерцијален успех со комбинирање на елементи од R & B и поп до непоколебливи џез елементи. Во период од 20 години и дванаесет албуми групата продолжува да истражува неограничени димензии и пермутации на џезот, а во исто време привлечен за широката мејнстрим публика.
Нивниот прв албум, 1991, Fourplay, со продадени над еден милион примероци остана на број еден позиција на современата џез Билборд топ листа 33 недели. Нивниот следен ЛП, 1993 Between the sheets, достигна број еден место на топ листите, достигна златен тираж и доби Греми номинација. Во 1994 година, нивниот трет златен албум, Elixir, исто така стигна до број еден позиција и остана на листата повеќе од 90 недели.