Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Никој не оспорува дали иницијациите на другите се валидни или не се. Тоа е нивна работа.
Тие сепак, не се масони. Тоа што некој што не е масон, решава каква треба да е масонеријата, е исто така негова работа, но не ја засега масонеријата по никаков начин. Секој има право на свои погледи и идеи.
Еве ти како иницијант во одредена "школа" (го употребувам зборов при моментален недостаток од друг израз), дали реално можеш да ја објасниш својата иницијација?! Иницијацијата е нешто што се чувствува, изживува, а не нешто што може да се претстави со зборови. Ако можеше, немаше да постои.
Колку до тоа дали иницијант на едно учење, може да разбере друго - нема како да се одговори со да или со не... Ако нешто не изживееш самиот, дали можеш да го разбереш во целост?
Тоа што најмногу ме чуди е зошто сите други учења имаат потреба по еден или друг начин да се замеруваат со масонеријата или да се споредуваат со масонеријата?!?! Секое учење си има свои вредности, свои квалитети, свои емоционални доживувања. Ниедно не е ниту подобро, ниту полошо од било кое друго.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Н

За прашањето: се СПОРЕДУВААТ бидејќи масонеријата е првата што изникна реално(видливо) од прашливите и мрачни патишта на темните векови на Европа да постои како полутајни иницијаторски системи низ Европа. Не треба тоа да ви задава проблеми, нели. Замерувањето доаѓа заради лошото играње... за играње треба двајца... така колку што гледаш проблеми кај другите, види ги и кај себе своите и мислам дека со текот на времето ќе се смири топката :)
Точно е за последното, истото го велам и јас, затоа ме чуди замарањето со регуларноста и дали едните се масони а другите не.
Не се сите масони заради иницијацијата која ја поминуваат? Вие го додавате зборот нерегуларни...
Јас сум телемит бидејќи поминав иницијации во Редот,чиј Закон добро го знаете и во кој е кажано јасно и гласно што си ако си иницијант во мистериите на нашиот Ред.
Не може никој да ти ги поништи иницијациите. Ниту Бог, ниту Човек! Збор, па никако :)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Редот на кој ти припаѓаш, и неговиот закон, немаат никаква врска со масонеријата, никогаш немале никаква врска со масонеријата, ниту пак може да имаат.
Човек не е масон само затоа што е инициран. Неопходно е да ги почитува правилата на организацијата во која се зачленил, за да може да остане масон. Кога разно-разни групи на иницирани престануваат да ги почитуваат тие правила - стануваат нерегуларни. Реално, во масонеријата, тие луѓе не се сметаат воопшто за масони и не се прави разлика меѓу нив и некој што никогаш не бил инициран. Проблемот е што во очите на јавноста е тешко тоа да се објасни, бидејќи таквите групи сами себе си се нарекуваат масони, носат масонски обележја и трубат на цел глас дека се масони - па оттаму потребата од дистинкцијата "регуларни". Регуларноста не е нешто ново, ниту пак измислено. Регуларноста како поим се спомнува во самиот ритуал, како услов за постоење на ложата и за комуникација со други масони, и тоа во ритуал кој е стар стотици години (пред да постојат денешните познати нерегуларни организации). Вашиот ред си е ваш ред, не ви се мешаме во него, немаме никаков интерес да се мешаме во него. Ние не се нарекуваме себе си телемити, не претендираме дека сме единствено иницијатско општество (напротив) - не гледам причина други да се нарекуваат себе си масони, кога не се. Обидот на разно-разни групи да претендираат дека се нешто што не се, јас го толкувам како недоволна исполнетост од тоа што веќе го имаат. Оттаму и ваквата моја реакција.
 
И пак истотo твое размислување...
Денешните „нерегуларни“ носеле иста наметка како вас и не почитувале одредени правила... и тие „нерегуларни“ денес, се стари масони :) Не се денешни... да не зборуваме на памет.
Тие што биле регуларни масони, не ги знаат тајните на масонеријата? Зарем не можат да создадат нов иницијаторски систем, подобрен од вашиот со воведување на промени кои се проверени и функционираат? АКо гледам дека нештото пропаѓа и останува приземјено ( не покажува вистинска иницијација), не мислиш дека треба промена?
Ако не ве учат во масонеријата дека промената е добра, тогаш мислам дека или ти или јас не знаеме што е масонерија...

Јас имам впечаток дека оние што вие ги нарекувате „нерегуларни“ ве надминуваат со своите поголеми можности за експериментирање во своите науки (имаат разновиден избор на личности, дури и од спротивен пол), науки кои ти еднаш ми рече дека не ги практикувате и јас заклучив дека сте станале само филозофи и правници кои се грижат само за својата јурисдикција на земјата, кои обвинуваат и кои заборавиле многу од старите занаети. Види ја книгата на Алберт Пајк: Book of the Words... Зарем не е полна со кабалистички зборови, кои даваат многу објаснувања за ритуалите, кои сепак не се американски или англиски (шкотскиот ритуал не е од Шкотска), нели :)
Денес во масонеријата кога се започнува со кабалата? 28 степен? До тогаш ритуалите ви се само правила?

Не знам дали е претходно одговорено ова прашање:
Зошто жената не треба да се иницира? Кој имал проблем со жената и иницијацијата?
Зошто иницирањето на жена ќе смета да постои ложа? Толку моќ има една жена? :) Или да барам сам да најдам дел од ритуалот па да го прокоментирам тука?
Кажи ми за Орденот на Мемфис и Мизраим - се масони или не се?

Знаеш, сево ова со нерегуларноста ми доаѓа како дирекна последица од мешањето на јурисдикциите на различи масонски ордени, со кои не можете да се разберете... Ваш проблем, мислам дека сепак грешите... Не се разбирам во правните работи на Земјата.

П.С. Провери историјата на О.Т.О. од каде доаѓа, па потоа такви изјави. На нет ќе пронајдеш извори и дека не постои О.Т.О. воопшто, но и дека има врска со многу масонски ордени :)
П.П.С. Еве и линк до книгата на Пајк, за да видат и другите, за да не бидат излажани од „нерегуларните“ : http://www.hermetics.org/pdf/masonry/Albert_Pike_-_The_Book_Of_The_Words_raw.pdf
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.493
Голем број од редовите од европската мистична традиција* имаат врска со масонството.
Масонството нема врска со овие редови.

Врската за која збориме е еднострана. Информациите протекле од само една страна.

Така да во право е zidarski кога вели дека кога некој не ги следи масонските правила*, престанува да биде масон. Тие другите не се масони (можеби биле некогаш).

Но сепак сметам дека не може да се каже дека веќе споменатите редови немаат никаква врска со масоните. Грубо кажано, па речиси сите нивни основачи и личности со влијание биле членови на масонски ложи. На пример Кроули, тој бил член на нерегуларна ложа, меѓутоа и таа нерегуларна ложа има масонско потекло, влијанија, што не ја прави масонска секако.
Не е далеку од вистината да се каже дека масонството како организација е во коренот на езотерискиот препород на Европа (пред се мислам на XVII, XIX, XX в.). На едно поинакво ниво, може да се каже дека Кабалата и Христијанството** се во тој корен.

* веројатно има и по соодветен збор
** Па Гностичката миса според што е направена?
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
114
Поени од реакции
34
Ова не е точно. Во Македонија во моментов има две постоечки Големи Ложи, од кои само една има некаков легитимен извор. Таа е регуларна и призната од регуларната масонерија, а тоа е ГЛМ. Формирана е од УГЛЕ и е призната од меѓународната конференција и ги исполнува критериумите и за регуларност и за признавање.
Другата е апсолутно измислена ложа, која работи по измислени принципи и правила, која служи да собере пари од членовите (наплаќа луди суми за членарина) и нема ни М од масонерија во себе (нема ниту ни правилни ложи, а не нешто повеќе) - формирана од еден шарлатан од Србија (Чеда Вукиќ), кој и таму и во МК постои само за да собере пари и ништо повеќе. Многу луѓе се изгореа со него, и после се чудат што регуларната масонерија не ги признава за масони (а добиваат степени по пошта и слични такви глупости...). Нејсе...
Има и трета масонска група, која сеуште нема формирано своја Голема Ложа, а работи под Големиот Ориент на Франција - но тие иако имаат легитимно потекло, сепак не се регуларна масонерија, затоа што ГОФ има отстапено од принципите на регуларноста уште во 19-тиот век.
НЕМА ниедна ложа која се формира со поддршка од Канада, тоа е измислица.
ГЛМ, единствената регуларна масонска организација во Македонија, има во својот состав 4 поединечни ложи.

Ова не е точно. Ова е измислица која се шири од нерегуларните масонски групации во Србија, за да создадат впечаток кај луѓето дека се регуларизираат, што воопшто не е точно. Во Србија има само една единствена регуларна и призната Голема Ложа и воопшто не станува збор за спојување со нерегуларните. Тоа според масонското право не е ни возможно - затоа што во тој случај, регуларната ложа ќе ја изгуби регуларноста. Единствено што може да се направи е членови на нерегуларната ложа да преминат во регуларната, но мора повторно да ги поминат сите степени и целиот процес за да бидат сметани за регуларни.

Регуларноста не може да се оспорува. Тие членови можат да се зачленат во ГЛМ, но не можат на регуларен начин да формираат своја Голема Ложа, не е тоа процес што може кој како сака да реши да формира ГЛ.
...........................................................................................

Во повеќе текстови на интернет се дава голема важност на француската масонерија, па еве и вие со некоја доза на почит коментирате за нивното потекло. Иако се нерегуларни сепак уживаат голема почит,а и по бројот на членови може да се увиди нивното влијание и важност во светот. Мислам дека на википедиа има податок за нивните членови, односно за бројка од еден милион членови(што секако е за респект), сепак англиската масонерија е далеку пораспространета со бројка од околу 4 ипол милион членови ширум светот( фантастична бројка ).
За шарлатантот од Србија (Чеда Вукиќ), многу ме заинтересиравте и пребарав на нет, па има еден куп интервјуа со него во повеќе угледни весници во Србија и ниту еден демант од страна на друга регуларна ложа во Србија. На српските форуми се пишува дека станува збор за човек кој има огромен број на членови за една балканска држава, околу 950 членови(во Србија и Македонија), а и како што прочитав од нивната страна ( од ложата на тој Чеда Вукиќ) има членови кои се декани,доктори,генерали,адвокати,директори.....и сл. на угледни институции и јавно се изјаснуваат за припадници на масонеријата. Зарем тие угледни и едуцирани личности не се вистински масони!?
како еден плус кој додека го пишував текстов, пишува дека е Knight Templar po redot na York Rite(od USA) со огранок во Манхајм(Mannheim) Германија.

Кога сме кај Германија, таму постојат повеќе различни големи ложи кои со текот на времето се соединиле во еден сојуз Обединети Големи ложи на Германија, зарем такво нешто не е возможно во Србија па и во Македонија, зашто да не се искористи сиот тој потенцијал на масонски ложи да се соберат под една капа? Па и самата Англија и требало долго време за да се обедини околу еден правец, и таму имало повеќе масонски редови кои потоа се здружиле (иако тоа било пред 200 години)

Сум читал за различни сојузништва во масонски ложи и ме чуди твојата негација на ваквата појава за соединување на регуларни со нерегуларни ложи.

Исто така ме интересира што знаат членовите во форумов за Бугарската масонска ложа(знам дека биле формирана од масонската ложа на Југославија, па се појавиле големи проблеми), како функционираат денес, исто така ме интересира и за Грчката Масонска Ложа која била комплетно згасната во деведесетите поради мешање во спорот меѓу Кипар и Турција, и потоа повторно била формирана, исто така ме интересира и за Ложата во Италија која поради одредени криминални дејности била комплетно затворена и друга нерегуларна ложа била призната за регуларна и ја наследила во работењето...
Доколку некој има повеќе време и познавања околу масонството би сакал да ми одговори на сите поставени прашања, многу интересна тема, ја проучувам повеќе од четири години.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Бјорн - конкретно Кроули не бил член на нерегуларна ложа која води потекло од регуларна.За останатото се согласувам.

И пак истотo твое размислување...
Денешните „нерегуларни“ носеле иста наметка како вас и не почитувале одредени правила... и тие „нерегуларни“ денес, се стари масони :) Не се денешни... да не зборуваме на памет.
Тие што биле регуларни масони, не ги знаат тајните на масонеријата? Зарем не можат да создадат нов иницијаторски систем, подобрен од вашиот со воведување на промени кои се проверени и функционираат? АКо гледам дека нештото пропаѓа и останува приземјено ( не покажува вистинска иницијација), не мислиш дека треба промена?
Ако не ве учат во масонеријата дека промената е добра, тогаш мислам дека или ти или јас не знаеме што е масонерија...
Тајните на масонеријата, како впрочем и на повеќето иницијатски друштва, не се состојат само во зборови. Односно, тоа што некој знае одредени зборови, знаци, симболи, не го прават да биде вечен масон. Ако решат да создадат нов иницијаторски систем - тоа е нов систем и не е масонерија. Масонеријата ниту пропаѓа, ниту е приземјена. Промената е присутна во масонеријата во се, освен во ритуалот. Кога некој решава да го менува масонскиот ритуал, за да одговара на неговите моментални идеолошки потреби, тогаш тој отстапува од масонството, а не обратно. Повеќето случаи на отстапувања од масонеријата се случиле, затоа што луѓе со многу цврсти ставови за тоа што е масонерија и каква треба да е масонеријата (ставови кои ги имале пред да се зачленат), се зачленуваат и гледаат дека масонеријата воопшто не е тоа што тие имале во својата глава. Наместо да го прифатат тоа, тие велат "вие сте отстапиле од вистинската масонерија, вие сте заборавиле што е вистинска масонерија, јас сега ќе ја возобновам". На тој начин создаваат нови, измислени учења, најчесто базирани или на лични визии, или на политички потреби и тврдат дека тоа е изворната масонерија. Малку посериозно проучување, покажува дека масонеријата никогаш не била тоа, што тие тврдат дека е. Обично одговорот на тоа е дека масонеријата отстапила од вистинското иницијатство, и дека не може да ја разбере вистинската езотеричка длабочина на тоа што тие го нудат... ова се повторува на секои 50-тина години, од најразлични организации. Повеќето од тие организации изумираат по 20-30 години, некои траат и повеќе (како ОТО).

Јас имам впечаток дека оние што вие ги нарекувате „нерегуларни“ ве надминуваат со своите поголеми можности за експериментирање во своите науки (имаат разновиден избор на личности, дури и од спротивен пол), науки кои ти еднаш ми рече дека не ги практикувате и јас заклучив дека сте станале само филозофи и правници кои се грижат само за својата јурисдикција на земјата, кои обвинуваат и кои заборавиле многу од старите занаети. Види ја книгата на Алберт Пајк: Book of the Words... Зарем не е полна со кабалистички зборови, кои даваат многу објаснувања за ритуалите, кои сепак не се американски или англиски (шкотскиот ритуал не е од Шкотска), нели :)
Денес во масонеријата кога се започнува со кабалата? 28 степен? До тогаш ритуалите ви се само правила?
Што значи тоа "надминуваат" во своите науки?! Секој член е слободен да се занимава со какви сака науки и во масонеријата има многу странични здруженија (на пример Розенкројцерите или таканаречените Придружни Степени), кои се занимаваат со голем дел од науките кои ти ги спомнуваш. Зарем Пајк не беше регуларен масон, и тоа доста строг приврзаник токму на правилата кои тука ги критикуваш...? Како тоа му попречи да се занимава со кабала? Патем, многу масони се занимаваат со кабалата, која не почнува да се изучува во 28-иот степен - официјално, не се изучува во рамки на степените.
Имаш многу погрешно разбирање за тоа како функционира масонеријата, а за жал, имаш идеја дека перфектно ја разбираш... Пред се, имаш погрешно разбирање за целта на масонеријата.

Не знам дали е претходно одговорено ова прашање:
Зошто жената не треба да се иницира? Кој имал проблем со жената и иницијацијата?
Зошто иницирањето на жена ќе смета да постои ложа? Толку моќ има една жена? :) Или да барам сам да најдам дел од ритуалот па да го прокоментирам тука?
Две причини - традиција и ритуал. Ритуалот треба од корен да се промени ако се примат жени. Нема потреба од тоа. Има организации каде што може да членуваат жени - си постојат сосема слободно.
Кажи ми за Орденот на Мемфис и Мизраим - се масони или не се?
Тоа е еден од најспорните моменти во масонеријата. Основачите на орденот тврдат дека откриваат тајни Египетски манускрипти, кои содржат масонски тајни, но сепак излегува дека не е ништо повеќе од типичната Западно Европска фасцинација со Египет и нивната култура од крајот на 18тиот и почетокот на 19-тиот век. При малку посериозно читање на ритуалот на Мемфис/Мизраим, се гледа дека е измислен ритуал. Ритуалот во регуларната масонерија изумира и повеќе не постои. Пред извесно време се појавија нови групи кои тврдат дека го возобновуваат, но тоа повторно, се нерегуларни групи (во случајов, возобновуваат неавтентичен ритуал).
Знаеш, сево ова со нерегуларноста ми доаѓа како дирекна последица од мешањето на јурисдикциите на различи масонски ордени, со кои не можете да се разберете... Ваш проблем, мислам дека сепак грешите... Не се разбирам во правните работи на Земјата.
Воопшто не е така. Има регуларност и има признавање. Регуларноста зависи од следењето на античките правила, а признавањето има врска со јурисдикцијата. Една ложа може да е регуларна, но да не е призната.

П.С. Провери историјата на О.Т.О. од каде доаѓа, па потоа такви изјави. На нет ќе пронајдеш извори и дека не постои О.Т.О. воопшто, но и дека има врска со многу масонски ордени :)
П.П.С. Еве и линк до книгата на Пајк, за да видат и другите, за да не бидат излажани од „нерегуларните“ : http://www.hermetics.org/pdf/masonry/Albert_Pike_-_The_Book_Of_The_Words_raw.pdf
Знам дека ОТО постои, знам и доста детаљи за нивното учење и историја. ОТО никогаш не било поврзано со ниедна регуларна масонска организација. Во својата основа - содржат сосема спротивставени идеи и нема ни како да бидат поврзани.
--- надополнето: Nov 17, 2011 5:09 AM ---
...........................................................................................
Во повеќе текстови на интернет се дава голема важност на француската масонерија, па еве и вие со некоја доза на почит коментирате за нивното потекло. Иако се нерегуларни сепак уживаат голема почит,а и по бројот на членови може да се увиди нивното влијание и важност во светот. Мислам дека на википедиа има податок за нивните членови, односно за бројка од еден милион членови(што секако е за респект), сепак англиската масонерија е далеку пораспространета со бројка од околу 4 ипол милион членови ширум светот( фантастична бројка ).
Grand Orient de France, има нешто помалку од 80,000 членови во Франција, и не повеќе од 20,000 низ светот. Ни оддалеку не може да станува збор за бројка од милион. Вкупниот број на нерегуларни членови на масонски и квази-масонски организации во светот не надминува бројка од 600,000 во моментов, при што најбројни се LDH, со околу 300,000 членови.
Големиот Ориент почнал како легитимна и регуларна ложа. Во втората половина на 19тиот век, решиле да отстапат од регуларноста и со тоа престанува нивното постоење како регуларна ложа. Од нив се произлезени други Големи Ложи, од кои две се регуларни, а една е призната (Големата Национална Ложа на Франција).

За шарлатантот од Србија (Чеда Вукиќ), многу ме заинтересиравте и пребарав на нет, па има еден куп интервјуа со него во повеќе угледни весници во Србија и ниту еден демант од страна на друга регуларна ложа во Србија. На српските форуми се пишува дека станува збор за човек кој има огромен број на членови за една балканска држава, околу 950 членови(во Србија и Македонија), а и како што прочитав од нивната страна ( од ложата на тој Чеда Вукиќ) има членови кои се декани,доктори,генерали,адвокати,директори.....и сл. на угледни институции и јавно се изјаснуваат за припадници на масонеријата. Зарем тие угледни и едуцирани личности не се вистински масони!?
како еден плус кој додека го пишував текстов, пишува дека е Knight Templar po redot na York Rite(od USA) со огранок во Манхајм(Mannheim) Германија.
Чеда Вукиќ го пишува по весници, затоа што трча насекаде за да дава интервјуа, за разлика од другите масони во Србија, кои се доста повоздржани (иако имаат и тие доста јавни изјави). Тоа што има угледни личности, значи дека тие угледни личности биле доволно наивни и неинформирани за да се зачленат кај него. Во моментов има неколку судски спорови против Вукиќ, а како што реков - човекот дебело го наплаќа тоа што го прави. Не е никаков Темплар, тоа е чиста глупост. Не може да биде темплар, а да не е ни член на регуларна ложа, особено не на регуларен York RIte. Повеќе од 90% од тоа што го изјавува во интервјуата не е вистина и заради тоа и има законски проблеми со многу луѓе.

Кога сме кај Германија, таму постојат повеќе различни големи ложи кои со текот на времето се соединиле во еден сојуз Обединети Големи ложи на Германија, зарем такво нешто не е возможно во Србија па и во Македонија, зашто да не се искористи сиот тој потенцијал на масонски ложи да се соберат под една капа?
Не е баш така... Обединетите Големите Ложи на Германија се формирани на тој начин, затоа што за време на нацистите, масонеријата била забранета. Кога повторно се формира, веднаш по војната, се формира од различни странски ложи, но и од оние кои биле претходно членови. Проблемот е што Германија во тоа време не постои како држава, туку е поделена меѓу окупационите сили, што доведува до формирање на различни Големи Ложи. Неколку години подоцна, тие Големи Ложи (од кои речиси секоја води потекло од различна традиција), се обединуваат под една капа. Во однос на масонското право и комуникација, единственото правно признато масонско тело во Германија се Обединетите Големи Ложи на Германија, а поединечните Големи Ложи работат во нејзин склоп. Разликата меѓу нив и Србија или особено со Македонија е тоа што тие сите имале легитимно потекло, регуларен статус и постоечко взаимно признание од други регуларни признати и регуларни ложи, кои потоа го пренесуваат признанието на обединетото тело. Во Македонија и Србија, освен ГЛМ и РГЛС, сите други ложи се нерегуларни и соодветно - не се масонски. Соодветно, не може да постои обединување, затоа што на тој начин, регуларните би ја изгубиле својата регуларност.
Па и самата Англија и требало долго време за да се обедини околу еден правец, и таму имало повеќе масонски редови кои потоа се здружиле (иако тоа било пред 200 години)
Повторно случај на регуларна ложа која се разделува на две крила, и при тоа и двете задржуваат регуларност. Спорот е околу тоа која од античките традиции да се следи, а не од аспект на јурисдикција, регуларност и слично. На крај, кога се воспоставува договор, ложите од двете традиции продолжуваат да постојат непречено.
Сум читал за различни сојузништва во масонски ложи и ме чуди твојата негација на ваквата појава за соединување на регуларни со нерегуларни ложи.
Нема пример на нерегуларна ложа која да стане регуларна. Непризната ложа може да стане призната. Признавањето и регуларноста се две сосема различни прашања. Призната ложа, мора да е регуларна. Регуларна ложа, не мора да биде призната. За да се регулира една ложа, членовите не е доволно да преминат од една јурисдикција во друга, мора повторно да поминат низ целиот процес на иницијација. Тоа на пример се случува масовно во Србија, каде што членови од различните нерегуларни ложи, преоѓаат во регуларната, но почнуваат од почеток.
Исто така ме интересира што знаат членовите во форумов за Бугарската масонска ложа(знам дека биле формирана од масонската ложа на Југославија, па се појавиле големи проблеми), како функционираат денес,
Во Бугарија има една регуларна Голема Ложа која се формира од Обединетите Големи Ложи на Германија и единствена призната во тоа време. Подоцна, дел од таа ложа се одделува и продолжува да работи непризнато, дел продолжува да работи признато. Во исто време, Големата Ложа на Југославија (во тоа време сеуште регуларна, на почетокот на 90-тите), формира друга Голема Ложа, која е регуларна по потекло, но непризната од другите Големи Ложи, а наскоро ГЛЈ се растура (што е сосема друга приказна). Подоцна, признатата Голема Ложа на Бугарија се соединува со регуларната, но непризната Голема Ложа формирана од ГЛЈ, и формираат Обединета Голема Ложа на Бугарија. Ова е случај на две регуларни ложи од кои едната призната, едната непризната, се соединуваат. Сосема различно од тоа регуларна и нерегуларна да се соединат. Во моментов функционираат доста добро и масонеријата во Бугарија е многу активна и многу силна. Непризнатата ложа (која се огранува од првата Голема Ложа), сеуште постои, но многу членови преминуваат во признатата...
исто така ме интересира и за Грчката Масонска Ложа која била комплетно згасната во деведесетите поради мешање во спорот меѓу Кипар и Турција, и потоа повторно била формирана,
Големата Ложа на Грција не згаснува, туку признавањето и е одземено од страна на Англија, а набргу потоа и од сите други Големи Ложи во светот, заради јавно мешање во политика, што е забрането. Не ја губат регуларноста, но губат признание. Не престануваат да постојат! Голем број на ложи се одделуваат од таа Голема Ложа и формираат нова Голема Ложа, која добива признание и од УГЛЕ и од многу други ложи во светот. Во моментов, има две Големи Ложи - една призната, една непризната (речиси згасната).
исто така ме интересира и за Ложата во Италија која поради одредени криминални дејности била комплетно затворена и друга нерегуларна ложа била призната за регуларна и ја наследила во работењето...
Не е заради криминални дејности. Италија е еден од најинтересните случаи - има две регуларни Големи Ложи, од кои едната е призната од УГЛЕ и од одреден број Големи Ложи, додека другата е призната од друг број на исто така регуларни и признати Големи Ложи. И двете функционираат сосема добро и до сега не се случил проблем во меѓународни рамки во врска со овие ложи.
(повторно - станува збор за признавање, не за регуларност!)
Доколку некој има повеќе време и познавања околу масонството би сакал да ми одговори на сите поставени прашања, многу интересна тема, ја проучувам повеќе од четири години.
Познавања доволно, време не толку... Кога ќе можам, ќе пишам. Претпочитам да поставуваш по едно прашање во пост, па кога ќе се одговори на тоа прашање, да преминеме на следното, затоа што инаку настанува хаос...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Масонeријата во Србија е благо речено, хаотична. Постои една регуларна признаена голема ложа од УГЛЕ и регуларната масонерија: Регуларната голема ложа на Србија чиј Голем мајстор е Петар Костиќ.

Покрај оваа има уште една уште една Регуларна голема ложа на Србија (непризната). Нејзин Голем мајстор е д-р Чедомир Вукиќ. Вукиќ бил заменик директор на Стопанската комора на Србија, на високи менаџерски позиции во српски и американски компании, итн. Бил инициран како масон во Големата регуларна ложа на Југославија (првата признаена ложа по сецесијата на СФРЈ чиј ГМ бил Зоран Ненезиќ). Подготвен сум да верувам дека Вукиќ е шарлатан кој „шитка“ масонски степени по интернет. Ме чуди како е можно уште раководи со регуларна ложа? Како тоа да не го провалиле до сега? Одеднаш станал шарлатан или постепено го билдал масонското шарлатанство? Негов заменик во Големата ложа е д-р Предраг Ѓорѓевиќ (ендокринолог, професор и декан на Медицинскиот факултет во Белград, и проректор на Белградскиот универзитет). И тој ли е шарлатан или пак е еден од оние наивните шо ги прелажал Чеда Вукиќ? Големиот канцелар на Ложата е адвокатот Ненад Вукасовиќ. Ја не сум наишол на наивен адвокат досега. Бар не од калибарот на овој Ненад Вукасовиќ. Или овој е шарлатан?

Останатите масонски непризнаени ложи се
Големата Национална Ложа на Србија (ГМ Драгослав Павловиќ)
Големата Масонска Ложа на Србија
Обединети Големи Ложи на Србија (ГМ Владимир С. Марковиќ)
Masonic High Council of Serbia (ГМ Горан Клеверниц)

Четири ложи во склоп на Големиот Ориент на Франција (Зора, Верност, Уједињење и Хармонија) -- сите во Белград.

На сајтовите има бајаги преклопувања на локални ложи. Боли глава. Некој овде мора да лаже. Што е тотално немасонски, нали. Ако масонеријата има така строги критериуми за прием, како ли олку шарлатани и наивни типчиња биле иницирани па се отцепиле по другиве ложи? Шарлатанство ми е прифатливо ама наивноста, јок. Титулите и позициите на масоните не оставаат простор за наивност. Желбата за моќ и влијание ќе да се водечките мотиви. Инаку масонските прикаски за изградба на карактерот, правење на добриот човек подобар, бла-бла-бла...се фини.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Во Србија, единствена регуларна и призната Голема Ложа е Регуларната Голема Ложа на Србија (RVLS). Таа на Вукиќ, е регистрирана во државниот регистар за здруженија како "Регуларна Голема Ложа на Србија, Белград". Бидејќи технички е различно името (запирката и името на градот), нема законска пречка да постои. Воопшто не е регуларна, никогаш не била, и покрај тоа што тој ја крстил "регуларна" (не е пречка некој утре во Македонија да регистрира во регистарот за здруженија организација што ќе се вика Голема Регуларна Ложа на Македонија, и да се собира со другарите и да игра табла). Тоа што има адвокати и професори околу него, не значи дека се тие наивни... а напротив - дека виделе добар бизнис. Тие не се масони - ниту регуларни, ниту признати.
Во Србија проблемот настанува за време на војните во 90-тите години, кога ГЛЈ згаснува, се формира нова Регуларна ложа, а претходни Големи Мајстори (како Ненезиќ) кои не сакаат да отстапат од позицијата (откако им истекол мандатот и биле регуларно сменети од друг на избори), почнуваат да иницираат се живо и диво во своите самопрогласени и нерегуларни организации - па оттаму и проблемот со составот на разните ложи. Работите почнуваат да се нормализираат дури по 2006-та година, и искрено, сеуште не се нормализирани (иако се на добар пат да го сторат тоа).
Но - тоа воопшто не е чудно, со оглед на тоа што е нова ложа. Бугарија го имаше тој проблем на крајот на 90-тите, почетокот на 2000-те, но многу бргу се средија, сега имаат силна и стабилна ложа. Во Македонија, УГЛЕ, гледајќи што се случи во Србија, постави доста построги критериуми за прием и за функционирање на ложите, па затоа и нема таков проблем, односно, немало поделби и се надевам дека нема да има.
Токму желбата за моќ и влијание се тие што ги имаат направено тие нерегуларни и квази-масонски организации. Луѓе кои сфатиле дека во регуларната масонерија нема да добијат лична корист, формираат свои организации, ја користат неинформираноста на луѓето (примерот со Вукиќ е најдобар показател), и злоупотребуваат со нивната доверба - за бизнис контакти, пари, итн.
Страшно многу луѓе (дури и некои стари познаници од форумов), недоволно стрпливи за да чекаат неколку години за прием во регуларна ложа, гледаат дека им се нуди можност да станат членови на масонска ложа која во името носи "регуларна", плаќаат околу 1100 евра, добиваат диплома по пошта, плаќаат уште барем толку за разни регалии и слично, иако им е добро посочено дека тие се нерегуларни, дека тоа не е масонерија туку приватно бизнис здружение, дека нема признание од ниедна Голема Ложа (додека другата, вистинската Голема Ложа има признание од мајката ложа - УГЛЕ)... после некое време, се чудат како тоа "браќата" не ги примаат во своите ложи и воопшто не ги признаваат за масони. Одат во странство и исто така наидуваат на истата реакција и се разбира, тоа си го објаснуваат со некаков заговор против Македонија и македонската масонерија... и сите се криви, само не тие самите, што заради својата нестрпливост лошо се изиграле. Најтрагично од се е што потоа, кога стапуваат во контакт со ГЛМ и сакаат да станат регуларни масони - од ГЛМ гледаат со недоверба кон нив, затоа што е јасно дека тие луѓе никогаш немале чисти намери и брзале да влезат во било која ложа, заради бизнис и заради контакти... и се разбира - никој не сака сега да ги прими. Истото се случува во Србија со нивните членови.
Регуларната масонерија, нема врска со тоа, ниту пак има интерес да се занимава со таквите шарлатани. Такви групи бргу се појавуваат и уште побргу исчезнуваат - и немаат влијание врз масонеријата.
--- надополнето: Nov 17, 2011 8:00 AM ---
На сајтовите има бајаги преклопувања на локални ложи. Боли глава.
Нема преклопување на ложи. Локални ложи во едната Голема Ложа може да имаат исто име со локални ложи во другата Голема Ложа - бидејќи реално, тие не се дел од иста масонерија, не се дел од иста Голема Ложа и не потпаѓаат под иста јурисдикција. Мислам дека има две или три различни ложи со името Доситеј Обрадовиќ - а станува збор за сосема различни ложи, не за иста ложа во три јурисдикции.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Што значи тоа "надминуваат" во своите науки?! Секој член е слободен да се занимава со какви сака науки и во масонеријата има многу странични здруженија (на пример Розенкројцерите или таканаречените Придружни Степени), кои се занимаваат со голем дел од науките кои ти ги спомнуваш. Зарем Пајк не беше регуларен масон, и тоа доста строг приврзаник токму на правилата кои тука ги критикуваш...? Како тоа му попречи да се занимава со кабала? Патем, многу масони се занимаваат со кабалата, која не почнува да се изучува во 28-иот степен - официјално, не се изучува во рамки на степените.

Две причини - традиција и ритуал. Ритуалот треба од корен да се промени ако се примат жени. Нема потреба од тоа. Има организации каде што може да членуваат жени - си постојат сосема слободно.

Знам дека ОТО постои, знам и доста детаљи за нивното учење и историја. ОТО никогаш не било поврзано со ниедна регуларна масонска организација. Во својата основа - содржат сосема спротивставени идеи и нема ни како да бидат поврзани.
Традицијата раѓа догми зидарски, а догмата е тешко да се демистифицира. Нормално дека треба да се промени (и не е толку страшно) ако сакате жени... Има потреба од тоа, но бидејќи немате искуство, и заради застарени правила кои се темелат исто така на догма доаѓаме до ќор-сокаци.

Ете, претходно реков дека ти се замараш само со правни работи, со јурисдикции, со надлежност на една или друга ложа и ништо повеќе. Велиш надвор од степените се изучува ова или она... Што тогаш нуди масонеријата од тие науки? Што се изучува преку степените? Етика и морал? Филозофија? Тоа го констатирав и претходно... ти само ми потврди. Јас мислам дека учи и друго, и тоа не надвор од степените. НО ако сакаш да верувам дека е така, ок нема да се докажуваме на форум.

За тоа колку сме поврзани:
Дали е дозволено на масони да бидат иницијанти во О.Т.О. и обратно? Ние гледаме компатибилност и немаме проблем со тоа (не сме масони, да не коментираш напразно, си имаме свои пракси, свои начини на постигнувања). Колку што знам има масони кои што се иницирани во О.Т.О. (можеби така ги изучуваат науките надвор од степените), а има и телемити кои се масони (можеби за да научат староеонска етика и морал :) )

Реков дека јас го сакаме шаренилото. Јас не сакам со никој да имам исти идеи. Сакам за иста работа различни идеи, за да подобро се спознае работата. Може се да е поврзано, а и изгледа се е поврзано, ќе видиме во иднина како е.
Едно е на хартија, друго е во акција.
 
zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Масонeријата во Србија е благо речено, хаотична. Постои една регуларна признаена голема ложа од УГЛЕ и регуларната масонерија: Регуларната голема ложа на Србија чиј Голем мајстор е Петар Костиќ.

Покрај оваа има уште една уште една Регуларна голема ложа на Србија (непризната). Нејзин Голем мајстор е д-р Чедомир Вукиќ. Вукиќ бил заменик директор на Стопанската комора на Србија, на високи менаџерски позиции во српски и американски компании, итн. Бил инициран како масон во Големата регуларна ложа на Југославија (првата признаена ложа по сецесијата на СФРЈ чиј ГМ бил Зоран Ненезиќ). Подготвен сум да верувам дека Вукиќ е шарлатан кој „шитка“ масонски степени по интернет. Ме чуди како е можно уште раководи со регуларна ложа? Како тоа да не го провалиле до сега? Одеднаш станал шарлатан или постепено го билдал масонското шарлатанство? Негов заменик во Големата ложа е д-р Предраг Ѓорѓевиќ (ендокринолог, професор и декан на Медицинскиот факултет во Белград, и проректор на Белградскиот универзитет). И тој ли е шарлатан или пак е еден од оние наивните шо ги прелажал Чеда Вукиќ? Големиот канцелар на Ложата е адвокатот Ненад Вукасовиќ. Ја не сум наишол на наивен адвокат досега. Бар не од калибарот на овој Ненад Вукасовиќ. Или овој е шарлатан?
........
Што се однесува до ситуацијата во Србија секако не се работи за шарлатанство туку за чиста "профана" политика, влијание на разно-разни служби, моментална политичка ситуација во државата и слично. Клучно случување кое ги генерира понатамошните проблеми е собрание кое се случува во Римини во 1993 и на кое легитимно/нелегитимно, во зависност од страната на која изворите припаѓаат, се менува тогашниот Голем Мајстор (З.Н) и како последица на тоа се менува името од ГЛЈ во РГЛЈ (која подоцна го менува името во РГЛС), односно со оглед дека се работи за преврат се регистрира како ново здружение РГЛЈ, во кое според опонентите и ден денес никој нема "внесено" светло иако се работи за признаена регуларна ложа.
Во целата работа се замешува/или кумува Обединетата Голема Ложа на Германија која со декрет во 1995 година ја прогласува РГЛЈ(С) за правен наследник на ГЛЈ и врз основа на тоа следуваат признавањата.
Како последица на овие настани во Србија има каша/попара околу "регуларноста" на регуларните големи ложи. Меѓу другото и самите тие, со и без запирка, се жртви на разидувања, масовни исклучувања, ликови кои се обидуваат да живеат од масонството и сл.
Се разбира ова е мој личен впечаток кој го стекнав читајки ги нивните форуми и доколку некој е подетално запознаен со ситуацијата нека повели.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Клучно случување кое ги генерира понатамошните проблеми е собрание кое се случува во Римини во 1993 и на кое легитимно/нелегитимно, во зависност од страната на која изворите припаѓаат, се менува тогашниот Голем Мајстор (З.Н) и како последица на тоа се менува името од ГЛЈ во РГЛЈ (која подоцна го менува името во РГЛС), односно со оглед дека се работи за преврат се регистрира како ново здружение РГЛЈ, во кое според опонентите и ден денес никој нема "внесено" светло иако се работи за признаена регуларна ложа.
Собранието во Римини на 14 март 1993 било легитимно и се одржало поради воената состојба во Србија. На ова собрание за нов Голем мајстор на РГЛ „Југославија“ бил избран Драган Танасиќ. Ова е потврдено во циркуларното писмо на Големиот секретар на Обединетите ложи на Германија. Инаку ова циркуларно писмо до сите регуларни ложи е реакција на контактите кои нерегуларната Голема обединета ложа на Србија се обидела да ги оствари со Обединетите ложи на Германија.
 
zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Собранието во Римини на 14 март 1993 било легитимно и се одржало поради воената состојба во Србија. На ова собрание за нов Голем мајстор на РГЛ „Југославија“ бил избран Драган Танасиќ. Ова е потврдено во циркуларното писмо на Големиот секретар на Обединетите ложи на Германија. Инаку ова циркуларно писмо до сите регуларни ложи е реакција на контактите кои нерегуларната Голема обединета ложа на Србија се обидела да ги оствари со Обединетите ложи на Германија.
Дали ова значи дека собранието во Римини се одржало под покровителство на UGLoG?

Во контекст на ова налетав на следното интервју на Чедомир Вукиќ:
http://www.smedia.rs/vesti/interviews.php?id=57
Делот што се однесува нашиот разговор (се извинувам што не е преведен).
"Da li se posle raspada Jugoslavije otvorilo više frakcija u masoneriji?

-Naravno. Još 1993. godine grupa masona se izdvaja i odlazi u Riminiju kod jednog našeg člana. Njih desetak su tamo održali vanrednu skupštinu i izvršili promenu imena lože koja se više nije zvala Velika loža Jugoslavije nego regularna Velika loža Jugoslavije. Regularna Velika loža Jugoslavije je kasnije registrovana u Saveznom Ministarstvu pravde Savezne Republike Jugoslavije koja je nastavila da funkcioniše i koja je tada imala primat i određena priznanja evropskih zemalja i drugih zemalja. Velika loža Jugoslavije pretrpela je još jedan raskol kada je došlo do odvajanja i promene naziva i 1997. godine se odvaja jedna frakcija, jedna grupa koja odlazi pod jurisdikciju Velike lože Francuske koja u zvaničnim krugovima svetske masonerije ne figurira kao regularna nego neregularna. I tu je bilo dosta problema i borbe zbog primata, borba zbog same vlasti ko će biti veliki majstor, i ona je sa određenim turbulencijama funkcionisala do 2004. godine, a 2006. godine kada je došlo do odvajanja zajednice Srbije i Crne Gore. Tada je bilo dvadesetak loža, pet iz Crne Gore, a od 15 loža koliko iz je bilo u Srbiji, 11 loža se izdvaja i konsoliduje svoje redove i registruje se kao Regularna Velika loža Srbije.."

Разбирам дека кога има конфликт секој се држи до сопствената вистина, токму поради тоа го поставив прашањето за покровителството на собранието во Римини .
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Дали ова значи дека собранието во Римини се одржало под покровителство на UGLoG?
Обединетите ложи на Германија (UGLoG) биле инструментални во формирањето на РГЛ „Југославија“ но не верувам дека потоа раководеле со оваа голема ложа. РГЛ „Југославија“ ги имала ингеренциите на независна Голема ложа.
--- надополнето: Nov 17, 2011 6:51 PM ---
Мислам дека има две или три различни ложи со името Доситеј Обрадовиќ - а станува збор за сосема различни ложи, не за иста ложа во три јурисдикции.
Има и други, но сега е јасно дека само имињата се исти, но не и регуларноста и јурискцијата. Комплицирано и збунувачки за јавноста, во секој случај.
 
zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Обединетите ложи на Германија (UGLoG) биле инструментални во формирањето на РГЛ „Југославија“ но не верувам дека потоа раководеле со оваа голема ложа. РГЛ „Југославија“ ги имала ингеренциите на независна Голема ложа.
Логично, но сепак не можам да не забележам дека од циркуларното писмо испратено од Големиот секретар на Обединетите ложи на Германија се добива поинаков впечаток. Некако премногу инволвирачки изгледа оценувањето на легалноста на Собрание на друга ГЛ, па дури и на околностите во кои е одржано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom