Фан Клуб: Италија

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.900
Поени од реакции
8.758
Само тој Касани некако слабо изигра, мислам дека Маџо е подобар, тука може во комбинација да дојде и Абате, наспроти Касани, Балцарети беше одличен ... Монтоливо потклекна пред својата публика, не дека многу слабо изигра, ама можеше и подобро, Мота си ја исполни својата задача, сосем солидно ... од нападот, Касано можеби немаше многу шанси има игра на високо ниво, вистински лидер на оваа генерација !!! Роси не беше на ниво ....
За Пирло што да кажам, секогаш се добредојдени неговите точни пасови и асистенции ... Киелини и Буфон не ги коментирам, ЅВЕРОВИ, додека Ранокиа сеуште не изгледа сигурен, но сепак нема подобар од него и се надевам дека тој ќе остане партнерот на Киелини во одбрана за во иднина.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.627
Поени од реакции
7.266
И уште мислите дека абате е подобар од Маџо???
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
И уште мислите дека абате е подобар од Маџо???
И те како...

На прашање зошто Прандели го зема Маџо пред Абате, Прандели одговорил бидејжи Маџо учествувал во акциите... Па како нема да учествува, кога Маџо во Наполи игра десно крило, а Абате игра десен бек..
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.627
Поени од реакции
7.266
Маџо по право е и десен бек, е сега таква е формацијата и испаѓа крило,во Сампдорија он си играше десен бек.
Армеро во удинезе игра крило во Коломбија игра лев бек, исто и Исла.
 
Член од
10 јуни 2009
Мислења
1.422
Поени од реакции
401
Италија - С.Ирска 3-0;) FORZA ITALIA:cuc:
Antonio Cassano x2:D
Италија е директен учесник на ЕВРО 2012

1.Италија -26
2.Естонија - 16
3.Србија -15
4.Словенија -14
5.С.Ирска - 9
6.Фарски Острови -4
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.900
Поени од реакции
8.758
Како што гледаме, Прандели ја стабилизираше италијанската репрезентација, почнаа азурите редовно да си тепаат послаби екипи и повторно се екипа за респект, Прандели го прави вистинскиот избор на играчи, сега неможеме да се пожалиме на тоа ... останува да видиме на утрешниот натпревар до каде се со јаките екипи, Уругвај е вистински тест за силата на Италија ... сепак италијанците се ослабени со неиграњето на Роси и Касано(здрави живи, ќе видиме дали ќе бидат спремни за европското) ... минатиот меч, напаѓачите одлично си ја завршија работата, Пацо и Балотели ја решија Полска ... утре вечер се очекува Освалдо да добие шанса пред Пацо, да се види дали тој е достоен да го носи овој дрес, од една утакмица нормално не можеме да заклучиме, ама процесот е започнат и Освалдо треба да започне да прикажува добри доколку сака да оди на европско, истото важи и за Матри и тој треба да добие шанса ... затоа многу ме интересира кој како ќе изигра против Уругвај, се надевам нема да ја кодираат Раи Уно и ќе можеме да ја гледаме :)
 
Член од
10 јуни 2009
Мислења
1.422
Поени од реакции
401
... затоа многу ме интересира кој како ќе изигра против Уругвај, се надевам нема да ја кодираат Раи Уно и ќе можеме да ја гледаме :)
Кога играат дома Италија секогаш пренесуваат на Раи Уно без проблем многу пати сум го забележал тоа и би требало и утре да е така, а во гости Signal scramled :tapp:
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599

Kajgana Shop

На врв Bottom