Скандалозно: Србија ни украде туристички спот

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

Српскиот дневен весник „Курир“, пишува дека се популарниот спот во Србија, „Храна за душа“, кој е вреден три милиони динари е речиси ист како македонскиот кој е снимен минатата година.

blazo-5001611201111.jpg
Се популарниот спот „Храна за душа“ кој се промовира во Србија и кој на Интернет само за неколку дена го видеа илјадници души личи на рекламата за Македонија, пишува весникот.
Врз основ на неколку идентични сцени може да се заклучи дека авторот на спотот, односно туристичката организација на Србија, платила околу три милиони динари за копија на македонскиот спот.
- Во вашата снимка постојат елементи на плагијат. Не можам да кажам дека целиот спот е украден, но навистина има делови кои се премногу слични. Можно е авторите да ги имаат видено нашиот спот на Интернет и да имаат искористено некои делови. Нема никаков проблем бидејќи тоа сите го работат. Повеќе се лутам што ни го украдоа ајварот, изјави за српскиот Курир Блаже Дујев, сопственик на продуцентската „Казар“, која го работеше македонското видео.
Македонскиот спот
Српскиот спот

(n)(n)(n) па уште и ајварот на почеток.... :mad:

ИЗВОР: Курир.
 
Си можат бе ...а и не е укреден спото него идејата да се направе спот за храна...И фино лепо имат храна у спото..И да за ајварот немаме право да бунеме дека секако Словенците ни го земаа одамна мислам брендираа го како словенски производ.
 
Sosema dve razlicni videa .... kaj najde nzs za videava uste ne mi e jasno :P

Srbive sucur samo leb i zabi jadat pa nemaat nivna trpeza i kradele od makedonskovo video idea za promocija na nivnata bogata trpeza .... za lapacka so srbive nikoj na balkanov ne moze
 
Па, концептот на двата спота е различен.
Нашиот е туристички, нивниот повеќе личи на спот за храна. Ако забележиш во македонскиот некако повеќе се потенцира задоволството кај туристите (онаа девојката) кога ќе ја пробаат храната, додека во српскиот се претставени десетици различни прехранбени производи без да се вметнуваат измислени туристи во спотот.
Ајварот е претставен како карактеристично јадење кое се приготвува во Љесковац. Не би се изненадил доколку навистина е така бидејќи тоа го потврдува македонското потекло на овој специјалитет кој се приготвува на пошироките простори на поранешна Југославија.
Во нашиот спот камерата се врти околу една трпеза со неколку баници, една пастрмајлија, и уште неколку други јадења. Ајварот се здогледува на пола секунда.

Како спот за претставување на храна овој српскиот е далеку подобар.
И доста со тоа дека цел свет крадел од нас, ќе почнеме да личиме на Бугарите.
 
Слична е храната на цел Балкан.Само ова со ајварот некако не ми штимат во нивниот спот...а од друга страна кај нас па го немаше :confused:
 
Слична е храната на цел Балкан.Само ова со ајварот некако не ми штимат во нивниот спот...а од друга страна кај нас па го немаше :confused:

Баш ме интересира дали ќе имаа исто мислење, ако истиот спот наместо Србија беше од Бугарија?
 
Баш ме интересира дали ќе имаа исто мислење, ако истиот спот наместо Србија беше од Бугарија?
Во Бугарија сеуште не научиле да прават ајвар.
Само лутеница .:D
 
Баш ме интересира дали ќе имаа исто мислење, ако истиот спот наместо Србија беше од Бугарија?
Јас не ги разликувам Србија, Бугарија, Албанија и Јунанистан.Сите ми се исти со различно пакување.
Ама знам дека во Србија традиција за ајвар немат.Зато се палат на нашата храна.Исто ко во нашиот спот ние да стаевме пршута.
 
Hip.Hop брат оди провери диоптријата жити мене :D

Баш другар утна, тебе ти треба еве ти поголем фонт:


Српскиот дневен весник „Курир“, пишува дека се популарниот спот во Србија, „Храна за душа“, кој е вреден три милиони динари е речиси ист како македонскиот кој е снимен минатата година.


Се популарниот спот „Храна за душа“ кој се промовира во Србија и кој на Интернет само за неколку дена го видеа илјадници души личи на рекламата за Македонија, пишува весникот.
Врз основ на неколку идентични сцени може да се заклучи дека авторот на спотот, односно туристичката организација на Србија, платила околу три милиони динари за копија на македонскиот спот.
- Во вашата снимка постојат елементи на плагијат. Не можам да кажам дека целиот спот е украден, но навистина има делови кои се премногу слични. Можно е авторите да ги имаат видено нашиот спот на Интернет и да имаат искористено некои делови. Нема никаков проблем бидејќи тоа сите го работат. Повеќе се лутам што ни го украдоа ајварот, изјави за српскиот Курир Блаже Дујев, сопственик на продуцентската „Казар“, која го работеше македонското видео.
Значи 90% коментирате без убаво да прочитате!
 
Некој мисли дека кога ќе стави наслов СКАНДАЛОЗНО, автоматски станува збор за навистина скандалозна вест.
Ништо скандалозно, два сосема различни спотови. Иако во глобала сум мрчаторски настроен, сега ќе бидам реален - двете видеа ввоопшто не личат еден на друг.

И добро бе, бива ли да закачувате вакви видеа за време на доручек?
 
Некој мисли дека ако стави наслов СКАНДАЛОЗНО, автоматски станува збор за навистина скандалозна вест.
Ништо скандалозно, два сосема различни спотови. Иако во глобала сум мрчаторски настроен, сега ќе бидам реален - двете видеа ввоопшто не личат еден на друг.

И добро бе, бива ли да закачувате вакви видеа за време на доручек?

Што е најтрагично не се напалиа само на насловот, туку што и убаво не прочитале текстот... xD
 
Спотот не е украден, различни се.

Неколку замерки за нашиот спот. Одлично направен со грешки, ШТЕТА!

Музиката е промашена, Премногу е ориентална а ефектот е уште позасилен со Филипинката, кај им текнало Филипинка да стават, стави англосаксонски лица тие ти се таргетна група туристи. Имав чувство дека гледам спот за Турција.

Премалку има од нашата природа и на неколку места можеше многу повеќе да се прикаже. Сцената со купчето брашно просто мами да ја продолжиш во планина во слична форма ама не им текнало, штета.

Гласот е лош, не стимулира, акцентот е чуден а крајот е промашен, great food, требало нешто поинвентивно да се смисли.

Српскиот е одлично снимен ама предолг и на половина досадува. Музиката е намерно со ирски елементи веројатно да биде поприемечива за западниот турист.

Мене ми е нашиот спот подобар но жално што се промакнале работите кои ги спомнав, драстично ќе му пораснеше ефект и квалитет.
 
Некој мисли дека ако стави наслов СКАНДАЛОЗНО, дека станува збор за навистина скандалозна вест.
Ништо скандалозно, два сосема различни спотови. Иако во глобала сум мрчаторски настроен, сега ќе бидам реален - двете видеа ввоопшто не личат еден на друг.

И добро бе, бива ли да закачувате вакви видеа за време на доручек?

It makes u wonder ... what's for lunch @ home a ? :)

Србите се познати по нивните одлични специјалитети ..... ах тоа сирењето што е со пршута да го пробаш xD
 
Баш другар утна, тебе ти треба еве ти поголем фонт:

Значи 90% коментирате без убаво да прочитате!
бре бре пишале во некој мрчаторски весник ДЕКА ИМА ЕЛЕМЕНТИ не ДЕКА Е плагијат и одма удри на спотот искрено едниот и другиот спот се тотално различни не наоѓајте само стварчиња да напаѓате комшиите ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom