Дозволи и забрани

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Сите викате нејќам забрани, нејќам дозволи, сакам слобода, сакам опуштена врска.
Ако сакаш да имаш сериозна врска, ите како ќе има дозволи и забрани. .......................

Сепак, доколку сакаш да изградиш сериозна врска, мора да жртвуваш некој работи.
Не велам да не излегваш со другари/другарки. Кој ме сфати супер, кој не..ќе ме сфати..некогаш. :wink:
Немој да генерализираш. Јас можам да се налутам, и тоа не да се налутам, туку лично да се изнервирам, ако веќе е договорен нешто со мене, а му ,,излезе,, некој друг план.
Ние двајца заедно немаме излезено може еден месец, ама тоа е затоа што се случуваат настани кои не ни се допаѓаат и на двајцата (пример, јас одам на опера со другарка ми, тој не сака опера, оди на журка на саем, јас не сакам журки на саем) итн.
Имаме секој ден во неделата да се гледаме, и јака м**а ако не сме излегле некое време заедно.
И апсолутно мене ништо не ми е забрането, се гледам со кого сакам и кога сакам. И тој исто. Нема такво нешто, јас можам да му кажам дека нешто не ми се допаѓа - но тој си одлучува, и не, не е опасно по врската ако не ме послуша. Напротив, се ќе си биде исто и понатаму, можно е во моментот да ми е криво што не испаднало по мое.

За градење сериозна врска, што е тоа што треба да жртвуваш?
Мување наоколу? Само тоа ми звучи работа која би се жртвувала. Јас не жртвував ништо друго.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Ne zabranuvam i nesakam da mi zabranuvaat, ne baram dozvola i nesakam da davam dozvola za nesto, poveke praktikuvam sovet sto e dobivkata i gubitokot od seto toa, poveke nekoj bi te soslusal taka odkolku da kazes zabraneto ti e, nesmees toa, nesmees ova i sl.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Никој и никому не може да забрани ништо. Забранувањата во една врска се правопропорционални со затвор - одземање на слобода. За една врска да функционира и опстојува потребна е слобода, разбирање, доверба, комуникација. Ако некој ви ја скрати слободата, тогаш вие не сте во врска туку нечија лична сопственост, а сите знаеме што може да се поседува - ПРЕДМЕТ кој се купува со пари.
Никогаш не сум сакала да изигравам дежурен полицаец и да забранувам излегувања на кафе со друштво, физички активности, да забранувам контактирање со другарки или па поздравување со нив кога ќе се сретнеме при излегување. Тоа ми е примитивно и одбивно. Ако некој сака да напраи нешо никакви забрани нема да го спречат да ја оствари замислата. И зошто јас да ја кратам слободата на мојот партнер? Зошто наместо да уживам во врска, јас да се замарам со непотребни работи и забрани?
Секој е свесен за своите постапки и одговорен за истите.
Со забрани/дозволи само го забрзувате времето за прекин на "врската".
 
B

Borg_Drone

Гостин
=

Ова важи за двата табора.И сосем во право си, партнерот/партнерката ако се реши на таков чекор ништо нема да ја спречи.
Ти и со забраните на еден начин делуваш да твојот партнер/ка да чувствува одбивност према тебе, а со тоа и ги зголемуваш шансите да се случи она што и не сакаш да се случи.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.878
Поени од реакции
23.768
Во моментов не може да ми текне ниедна причина зошто да се имплементира во врска систем на забрани и дозволи.

По мене никакви ограничувања не треба да му се наметнат на партнерот. Човечките ставови и преференци се релативно фиксни после адолесенција, навиките, интересите остануваат. Е сега наметнување на политика на страв према партнерот односно ако направиш така (што мене не ми е по ќејф) ја ќе изреагирам лошо резултира на крај од другата страна или со неприфаќање и расправии од кои нема ќар или со прифаќање-(во ред нема да правам така) што пак нема ќар затоа што прифаќањето на забраната резултира со фрустрација која кога-тогаш наталожена ќе пукне. Многу случаеви знам на такви забрани, и баш кога партнерот не е во близина пак си се тера по старо. Кога си либерален гледаш со кого си имаш работа. На почетокот од врската кога се дефинира структурата на моќ и хиерархија сам си се лишуваш од работи што сакаш да ги направиш под предпоставка дека ќе му сметаат на партнерот. Ради тоа ги криеш маните, и правиот карактер. Ако се примети дека партнерот не истапува со забрани и дека не реагира тогаш се поопуштено и поопуштено си влегува во својата кожа, а тоа е тоа што на пример мене ми е битно, да знам со што човек си имам работа.
Затоа момци, не бидете глупи-пуштете ја нека оди, нека пие, нека се дрогира, нека се изебе со бившиот, нека во ваше присуство дрско и безобразно му се пушта на некој си рандом Перо под изговор дека тој и бил само близок другар. Дајте комплетна слобода, не губите ништо само добивате. Многу логички-ако знае да ја цени вашата постапка и ако сама од себе си знае што треба а што не задржете ја ако не пуштете да не ве почитува уште малце, и уште малце и уште малце и кога ќе си дојде до границите и кога убаво ќе се навикне на тој убав живот со вас удрете и еден гудбај секс, нека биде јак и ненежен, и со некаков лејм изговор откачете ја. Со методот на забрани доста сум сигурен дека ваше прво идење во село кај баба на викенд ќе ве рогати како сака. Затоа ослободете ја од стравот, олабавете ја, дозволете и да си биде таа што си е и после заклучокот ќе ви биде исправен. Или тоа или мајмун ќе ве прави цел живот а нема ни да приметите.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.541
Поени од реакции
33.749
:X3:
Во теорија, и вистинска љубов постои. Што сте сwaтки. Полни со знање, со успешна врска, пошо ако е плурал, тогаш нешто што во теорија работело, во пракса било различно. Понекогаш е морално за некои така дисфункционално да функционираат. Ама на форум сме, не забрануваме оти сме кул, не ни забрануваат оти сме bad ass. Срциња.
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Не сакам да ставам правила да ограничувам некого или да го праам птица во кафез... мислам дека секој треба да биде свесен за тоа што прави и дали со тоа повредува некого или не.
Ако не е свесен.. тоест ако подзаборави тогаш ќе му кажам ... нема потреба од врзувања, казни , закани и шо ти ја знам.. тоа ми делува премногу детски.... ако таа особа не те почитува џабе е се..
Верувам во рамноправност.. и не сакам кога едниот повеќе се истакнува... не е воа борба за власт па ајде да се колиме... врска е тоа.. врска заснована на љубов.. така да треба да има почит и разбирање... другото е многу лесно.

ако за тебе се невозможни некои работи.. не значи дека кај сите е така.. ако ти си разочаран од некои работи, другите не се. Има луѓе на форумов кои се искрени и не глумат некоја сосема трета особа...
 
awwwwwwwww :rolleyes:
Употреби метафора.. птица во кафез.. SO FUCKIN CUTE

Tи бе душо, на 25+ ли ти беше првиот дечко, кога веќе си зреана, полна со почит и остало?
Како дете не си била во врска каде ти ставале забрани и дозволи, и круцијалното, си ставала?
Како не си фатив девојка од форум, сите ебено мајка тереза невини.

Јас сум бил во врска со комплетна слобода и траеше месеци што можеш на една рака да ги собереш.
Сум во 3 годишна врска, со дозволи и забрани.

Не сум го достигнал натчовекот како вас, уште ги ставам луѓето во кафез, немам почит и разбирање, лошо ги засновам врските. Woш, wош wot.
Yet, happy.

Нема правда.
#kalimero
 
Јас се согласувам со неа, затоа и те цитирам.

1. и 2.На 16 ми беше првата врска, траеше 1 година, со дозволи и забрани. Заради тоа раскинавме.
3. Јас сум во 3 годишна врска со истиот тој со кој идев 1 година, но откако се смиривме, овие 3 години, нема дозволи и забрани. Што значи.... имаме исти по должина врски, а сепак функционираме различно, не? Во нашиот случај тие дозволи и забрани не правеа несреќни, сега можам да кажам дека сум 1000 пати посреќна со дечкото,него таа 1 година.
4. Не сум сигурна дека си среќен. Уште помалку сум сигурна дека девојка ти е среќна, кога другарот што учела 4 години со него во средно и се јавува да пијат кафе, а тебе тоа ти пречи. И не знам колку си ти среќен, кога сакаш да излезеш со другарите, а девојка ти сече вени оти не ти е баш во тој момент приоритет.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Се зависи од карактерот на личноста која ќе ја избереме.Некој е премногу посесивен и сака да доминира и контролира па тука имаш дозволи кај си ,со кого ,како зашто сега а некој е либерте и опуштен.Не сакам дозволи и забрани не сакам некој да ме командува така само ми диши во врат и не ми е убаво со еден разговор се решава се и каде вечер а и зашто не заедно.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.541
Поени од реакции
33.749
E aj, не сум среќен изгледа.. Секој ден учиш нешто ново.

Девојче, прекини да ми се обраќаш како кон специјално дете. Разбирам јас што не е убаво, што не е правилно, и ти и секој од овде, само што јас одбивам истото да го пишам САМО ЗАТОА ШТО ЗВУЧИ ПРАВИЛНО ВО МОЈАТА ГЛАВА а во реалност сум го или практикувам. Јас ќе сум среќен ако има навистина толку добри луѓе полни со разбирање and whatnot, oд сите 4 страни, никој да не дал некоја забрана, или да не извршил иста. Можам само да ви завидувам на врските, а јас да раскинам, оти нели, не сум среќен. :'(
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
1. и 2.На 16 ми беше првата врска, траеше 1 година, со дозволи и забрани. Заради тоа раскинавме.
3. Јас сум во 3 годишна врска со истиот тој со кој идев 1 година, но откако се смиривме, овие 3 години, нема дозволи и забрани. Што значи.... имаме исти по должина врски, а сепак функционираме различно, не? Во нашиот случај тие дозволи и забрани не правеа несреќни, сега можам да кажам дека сум 1000 пати посреќна со дечкото,него таа 1 година.
Де долови ми како се доаѓа до моментот на дозволи и забрани? Дали е тоа консензуален чин или последичен?
Дали во првата година двајцата усогласивте дека за одредени работи кои му сметаат на другиот ќе бидете амиши или некој од вас го наметнал тоа како услов out of some fucked up experience?
И како стигнавте до clean slate ситуација и едемска врска од три години познавајќи ги вземните мрачни конзервативни капричичи? :confused:
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
awwwwwwwww :rolleyes:
Употреби метафора.. птица во кафез.. SO FUCKIN CUTE

Tи бе душо, на 25+ ли ти беше првиот дечко, кога веќе си зреана, полна со почит и остало?
Како дете не си била во врска каде ти ставале забрани и дозволи, и круцијалното, си ставала?
Како не си фатив девојка од форум, сите ебено мајка тереза невини.

Јас сум бил во врска со комплетна слобода и траеше месеци што можеш на една рака да ги собереш.
Сум во 3 годишна врска, со дозволи и забрани.

Не сум го достигнал натчовекот како вас, уште ги ставам луѓето во кафез, немам почит и разбирање, лошо ги засновам врските. Woш, wош wot.
Yet, happy.

Нема правда.
#kalimero
Не ми се прави паметен.. се гледа по постот погоре твојот памет .. ти си најпаметен и ти знаеш се дури нема ни потреба ние тука да коментираме затоа што ти знаеш дека сите ние тропаме од памет и ти си тој шо има најмногу искуство и шо поминал сито и решето... ние другите вчера се родивме и благе везе неаме... топ си кис4е..

а тоа со фалењето за врски и тоа колку ти имаш искуство оди кажувај го на некој тинејџер шо ќе сака да слуша прикаски од типо... еееее ја коа бев на твоја возраст.. мене тоа НЕ!
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.541
Поени од реакции
33.749
Не ми се прави паметен.. се гледа по постот погоре твојот памет .. ти си најпаметен и ти знаеш се дури нема ни потреба ние тука да коментираме затоа што ти знаеш дека сите ние тропаме од памет и ти си тој шо има најмногу искуство и шо поминал сито и решето... ние другите вчера се родивме и благе везе неаме... топ си кис4е..

а тоа со фалењето за врски и тоа колку ти имаш искуство оди кажувај го на некој тинејџер шо ќе сака да слуша прикаски од типо... еееее ја коа бев на твоја возраст.. мене тоа НЕ!
Кое фалење, спомнав 2 врски? Многу е тоа за тебе?
Тоа и топ си кис4е, ништо не напиша друго.

Фрустрирана си? Врските без дозволи и забрани не ти функционираат? :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom