Антон Павлович Чехов (раскази)

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Големо БРАВО до Вокерка што отворила тема за најпознатиот руски претставник на натурализмот, кој мене лично ми е еден од најомилените писатели! :)
..."Краткиот расказ на Чехов е како сонот, каде што само за неколку секунди може да се доживее цел еден живот" ... - Елза Триоле
Омилен расказ од Чехов ми е " Мала шега" но поради тоа што веќе е напишан, јас ќе спомнам еден исто така преубав расказ во кој станува збор за негрижата на човекот за човекот. Расказот се вика "Tага" (не верувам дека некој што го читал Чехов не слушнал за овој расказ). Како и да е , во моментов ја немам книгата при рака за да го препишам овој текст, но во првата прилика ветувам дека ќе го постирам (ако некој не го постира пред мене :p )
 
Го имаше наведениот расказ на ЦД некакво едно време...како радио-драма нешто, еднаш излезе, веројатно преголем “интерес“ имаше...:D

Тоа ЦД излезе пред 5 години, одеше заедно со весникот „Неделно време“ и за 60 денари имаше 5 раскази од Чехов во интерперетација на Марија Кондовска и Славко Нинов, а во позадина имаше класична музика од Чајковски, Мусоргски...

Јас тогаш не можев да го добијам, т.е и не се ангажирав баш, ако на некој случајно му се наоѓа по дома не е лошо да го аплоадира. (y)
 
Благодарност до Toecutter за несебичното споделување на расказите во mp3 формат. Јас се обидов да направам клипчиња, да чујат нешто и оние на коишто ги мрзи да читаат. ;)

Бујрум.
288.gif





 
Ги имам прочитано расказиве, и омилен ми е „Мала шега“. Кога и да го прочитам ме прави необично тажна, не знам зошто...
 
Немам многу литература читано од Чехов, но од она малку што го имам прочитано ми има оставено само позитивен впечаток. Еден од поинтересните негови раскази (според мене) е Дебелиот и тенкиот, но ништо во споредба со Мала шега и Смртта на чиновникот.

Дебелиот и тенкиот

На Николаевската железничка станица се сретнаа двајца пријатели: едниот беше дебел, а другиот, пак, тенок. Дебелиот само што се најал на железничката, и неговите усни, целите намастени, сјаеја како зрели вишни. Мирисаше на вино Херес и оранжада. Тенкиот, пак, тукушто беше излегол од вагон и беше натоварен со куфери, врзулци и картонски кутии. Тој мирисаше на шунка и на талог од кафе. Зад неговите плеќи ѕиркаше слабичка жена со долга брада - жена му, и висок гимназијалец со примижани очи – син му.
- Профириј! – викна дебелиот кога го виде тенкиот. – Ти ли си, бе? Драги мој! Од кога не сме се виделе!
- Другарче! – се распамети тенкиот. – Миша! Другар од детството! Од каде, пак, ти?
Пријателите трипати се прегрнаа и си погледнаа во очите полни со солзи. И двајцата беа пријатно зашеметени.
- Мил мој! – почна тенкиот по прегратките. – Кој би помислил! Какво изненадување! Погледни ме поубаво! Истиот убавец како и порано! Истиот мангуп, истото конте! Ах, Господе! Како си? Богат ли си? Женет ли си? Како што гледаш јас сум женет… Ова е жена ми, Луиза, родена Ванценбах… лутеранка… А, ова е син ми, Натанаил, ученик на трета година. Нафања, ова е мој другар од детството! Заедно учевме во гимназија!
Нафанаил малку се подзамисли и ја симна шапката.
- Заедно учевме во гимназија! – продолжи тенкиот. – Се сеќаваш како те закачаа? Те викаа Херострат зашто со цигара ја изгоре ученичката книшка, а мене Ефиалт зашто многу сакав да поткажувам. Хо-хо… Деца бевме! Не плаши се, Нафања! Приближи се… А, ова е жена ми, родена Ванценбах… лутеранка.
Нафанаил малку се помисли и се скри зад татковиот грб.
- И како ми живееш, другарче? – праша дебелиот, воодушевено гледајќи на својот другар. – Служиш ли некаде? Или си дослужил?
- Служам, драги мој! Веќе две години работам како колешки асесор, а и Станиславски орден имам. Платата е мала… ама добро е! Жена ми држи часови по музика, јас приватно правам дрвени табакери. Одлични табакери! Едно парче за рубља го продавам. Ако некој земе десет или повеќе, тогаш и попуст давам. Се снаоѓам некако. Служев во Министерството, а сега ме преместија тука за да бидам шеф на одделот… Тука ќе служам! А, ти како си? Можеби си веќе државен советник, а?
- Не, драги, качи малку повисоко, - рече дебелиот. – До таен дотуркав. Две ѕвезди имам.
Одеднаш тенкиот побледе, се здрви, но набргу неговото лице се рашири на сите страни со насмевка; се чинеше како од неговото лице и од неговите очи да прскаат искри. Тој се свитка, се згрбави и се смали… Неговите куфери, врзулци и картонски кутии се стуткаа, се намуртија… Долгата брада на жена му стана уште подолга; Нафанаил застана во став “мирно” и ги закопча сите копчиња на униформата…
- Јас ваше благородство… Многу ми е драго! Другар од детството, а одеднаш станавте толку голем! Хи-хи-хи!
- Е, де! – се намурти дебелиот – Зошто така? Другари од детство сме, зошто е сево ова персирање?
- Ама, ве молам… Што ви е… - се закикоте тенкиот, сé повеќе смалувајќи се. – Милсотиво внимание на вашето благородство… како некаква животворна влага… Ова, ваше благородство, е мојот син Нафанаил… жена ми Луиза, лутеранка, во извесна смисла…
Дебелиот сакаше да каже нешто, но на лицето на тенкиот беше испишано такво угодување, сладникавост и почитувачка кислина, што на тајниот советник му се слоши. Тој се сврте од тенкиот и му ја подаде раката за збогум.
Тенкиот ги стисна трите прста, се поклони со целото тело и се закикоте како Кинез: “хи-хи-хи”. Жена му се насмевна. Нафанаил тропна со ногата и ја испушти шапката. Сите тројца беа пријатно вчудовидени.
 
Мене лично многу ми е криво што денеска се помалце се читаат лектири а во школо ретко кој целосно ја чита книгата(не кратка содржина од интернет) која е зададена за лектира не викам дека нема досадни книги меѓу лектирите,но сметам дека има и мн одлични дела кои вредат да се прочитаат.Пример дефинитивно може да се стават ИЗБРАНИТЕ РАСКАЗИ НА ЧЕХОВ знам дека тука мн луѓе нема да се согласат амо тоа е така само затоа што површно ги прочитале истите.Што сакам да кажам со тоа,во расказот ,,Смртта на чиновникот,, кој површно читан дефинитивно е не разбирлив и повеќе од луѓето кои ке треба да го раскажат ќе ќажат си бил некој човек кивнал на генералот кој што му е надреден на некој начин и после постојана му се извинувал па умрел од секирација зошто го кивнал човекот погрешка......Но доколку некој се потрудил да чита меѓу редови и да ја свати суштината на овој прекрасен расказ да прекрасен дефинитивно може да свати нешто повеќе за тогашното општество во кое преовладувла покорноста ,снебивањето и малодушноста која што толку добро ја прикажал овој автор.Сервилноста на Червјаков главниот лик на овој расказ е гениално прикажана неговото постојано извинување советот на неговата жена (ово мало душе) постојаните филмови во неговата глава каде што и извинувањето за него преставува чин на дрскост го истоштуваат толку овој обичен човек воспитан од руското општество,што на крај од една обична секојдневна ситуација човекот ќе се разболе и ќе почине само поради таа проклета снебивност која што може да ја пронајдеме сите кај нас самите .........ДА НЕ ДОЛЖАМ ЗА РАСКАЗОТ ИМА МНОГУ ДА СЕ КАЖЕ СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ НАЈДАМ ИСТОМИСЛЕНИЦИ КОИ КЕ ГО НАДОПОЛНАТ ОВА ПОЗДРАВ :D
 
Расказиве ги има некаде на интернет на македонски јазик ??
 
Ај ако сака некој нека пише како Чехов ги групира неговите раскази, во колку групи и какви раскази спаѓаат во секоја група?
 
Ова е извадок од романот „Двобој“:

Јас му реков дека неговата положба е безизлезна. И јас бев прав. Само чесните и никаквеците можат да најдат излез од секаква положба, а тој што сака истовремено да биде чесен и никаквец, нема излез.
 
Krivo mi e sto ne zemav da ja procitam celata. No kako sto gledam ima mnogu prekrasni raskazi :) Ke se potrudam da ja zemam. Inace za utre mi e. Ke raskazam del od ovie sto gi procitav :) Vi blagodaram sto ste gi spodelile :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom