Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Владимир Зујовиќ пред петнаесетина дена беше на проба во МЗТ Скопје, но сепак оваа сезона ќе го носи дресот на Работнички. Српскиот кошаркар не успеа да се договори за условите од својот трансфер во „Јане Сандански“, но далеку полесно пронајде заеднички јазик со управата на Работнички и денеска го стави својот потпис на договорот со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Според информациите до кои што дојде ЕКИПА, станува збор за договор до крајот на оваа сезона, по што следното лето повторно би се седнало на преговарачка маса околу евентуалното продолжување на соработката.

Владимир Зујовиќ е 31-годишен кошаркар, висок 201 сантиметар кој што многу добро се снаоѓа на позициите два, три и четири. Токму универзалноста на српскиот интернационалец била главната причина поради која стручниот штаб на Работнички инсистирал на негов ангажман. По слабиот старт на сезоната, управата на клубот со трансферот на Зујовиќ, како и со ангажманот на српскиот центар Милош Павловиќ, јасно стави до знаење дека е решена да инвестира во тимот, се со цел што поскоро да биде пронајден излез од резултатската криза и Работнички да се врати на победнички патеки. За очекување е двете засилувања од Србија своето деби за новиот клуб да го имаат веќе в недела, на дербито во „Борис Трајковски“ против екипата на Торус.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2504&fb_source=message

Ако се покажат добро засилувањата и се вклопат во овој моментален тим, може да се каже дека во поглед на играчкиот кадар, направен е ( голем ) чекор напред од минатата сезона.
Останува уште да се крстиме во Србионвски и да се надеваме дека ќе ја оправда онаа доверба која му ја дава Марин и конечно ќе го покаже она што докторот го гледа во него а ние никако да го видиме на дело.
 
Србиновски со комплименти за Зујовиќ Тренерот на Работнички, Марјан Србиновски, е задоволен од успешните преговори што управата на клубот ги водеше со Владимир Зујовиќ по што српскиот кошаркар и официјално го стави својот потпис на договорот со клубот од „Градски парк“. Според Србиновски, универзалноста на најновото засилување на тимот ќе биде значаен фактор за подобрување на играта на Работнички на следните натпревари.

Зујовиќ со нас одржа еден вистински тренинг и веднаш беше очигледно дека станува збор за многу квалитетен кошаркар. Убеден сум дека тој многу ќе ни помогне во играта во одбрана, фактот дека има преку 200 сантиметри, а одлично се снаоѓа и како бек и како крило ќе ни овозможи да ја подобриме скок-играта, што ни беше еден од главните проблеми на стартот од сезонава. Според она што можев да го забележам по само еден тренинг, сметам дека Зујовиќ е одличен и во фазата на напад, каде што ќе ни даде дополнителна опција за завршница на нападите. Тој сигурно ќе настапи против Торус в недела, но морам да кажам дека сигурно ќе биде потребно време за негово целосно воигрување во новиот тим, исто како и за новодојдениот центар Павловиќ“ - изјави Србиновски.

Кормиларот на Работнички информираше дека овој клуб ја прекинал соработката со Милош Савовиќ, кој што потпиша договор непосредно пред почетокот на сезонава, но не ги оправда очекувањата на управата и на стручниот штаб.

‎13.11.11 - недела, СЦБТ Торус - Работнички со почеток во 17ч(големата сала Борис Трајковски).
собир пред сала Карта 100 денари !
 
Толку од графитот а? (тој долгиот).
Поминував денес од таму и гледам цел ви го испошрале.
Баш сте нашле на право место да го нацртате:oops:

BRAT GRAFITOT SI E NACRTAN NA TOP MESTO. BAS KAJSTO LUGE PROAGAAT SO MN KOLI ALI JEBIGA TOA TI E,,, IMA RAZNA STOKA NA KOJASTO I SMETA! I USTE PET PATI DA GO ISSARAAT, SE GLEA SO PISUVA!!!! STETA SO SAMO NE E DORABOTEN DO KRAJ.
INACE AKO NE TEPAME U NEDELA TESKO DEKA KE VLEZEME I MEGU 6 EKIPI! VALJDA OVIE NOVIVE SRBI KE BIDAT BOLJI OD ONIE DRVANA SO GI IZNAKUPIJA DOSEA.
ALI AKO SAKAME USPEH, MORA MARIN DA SE VRATI NA KLUPA, ALI POSLE EVROPSKOTO I ON NESO GLUMI LUDILO I POCNA DA SE UDARA OD ZEMJA.
 
Кога го пишав тоа не мислев на тоа дали е на видливо место, туку дека е напишано во маало (улицата нагоре скоро цела е со Албанци) каде што има доста припадници на Шверцери, а знаеш која е нивната ултрас култура, мада не тврдам дека они го направиле тоа.
 
Какo што гледам повеќе навивачки групи ја пеат, односно го користат истиот ритам, ако некој ја присвоил песнава ко измислување на топла вода да разберев, вака јок, ништо чудно нема тука ...

п.с. За тој што праша а потоа го избриша постот ( одма кликнав на цитатот па прочитав ), не сум член на CPB, песната од Твистед ми е една од поомилените од времето коа бев копиљ па затоа и го поздравив потегов.
 
Поентата мене ми беше дека до пред некоја година вадеа пароли за ФА нешто Аргентина, Чавезе, Дале Бока а на нив 80% им се украдени песните.
 
Поентата мене ми беше дека до пред некоја година вадеа пароли за ФА нешто Аргентина, Чавезе, Дале Бока а на нив 80% им се украдени песните.
А кој у мкд има свој песни? Сакаш да кажеш све тоа што ви се вашите песни се ваши ритмови? Да не се лажеме коа двајцата знаеме колку имате ваши ритмови ;) Паролата со Дале чавезе беше газење , затоа уште излеа си ја памтиш.
 
За разлика од вас,имаме албум оригинали. А за паролата изгледа на вас ви се бендиса толку па моравте да ја вадите поише пути бруки едни
228477_10150172064073235_563533234_6832833_1409720_n.jpg

И ова неколку пати се креваше сиугрно се сеќаваш :)
 
А кој у мкд има свој песни? Сакаш да кажеш све тоа што ви се вашите песни се ваши ритмови? Да не се лажеме коа двајцата знаеме колку имате ваши ритмови ;) Паролата со Дале чавезе беше газење , затоа уште излеа си ја памтиш.
ФА имаат свои, колку толку. Зависи што подразбираш по ваши ритмови, навивачката група да смисли ритам или прва да го искористи ритамот на некоја песна. Ако е првото ретко која навивачка група смислува СВОЈ ритам, а ако е второто ФА имаат свои Косоока и Време е ( за ритмовите мислам ). ;) Вие ни толку немате, за пример ќе ја земам таа од грција што ја ископиравте, преведовте на гугл транслејт и оп на трибина одма. :icon_lol:
П.С. Ден денес не можам да спијам ради паролата со Дале Чавезе. :icon_mrgr:
 
немате право вие селјаци да зборите за ритмови ни ако крадеме од други вие крадете од нас а нај трагично е кога навивачка група од мкд ке украде интонација од друга група од мкд наша беше за тебе пеам јас за тебе навивам за тоа победи о мој работнички вие ни ја украдовте до кога ке ви бидеме идоли само ние само работнички !
 
ФА имаат свои, колку толку. Зависи што подразбираш по ваши ритмови, навивачката група да смисли ритам или прва да го искористи ритамот на некоја песна. Ако е првото ретко која навивачка група смислува СВОЈ ритам, а ако е второто ФА имаат свои Косоока и Време е ( за ритмовите мислам ). ;) Вие ни толку немате, за пример ќе ја земам таа од грција што ја ископиравте, преведовте на гугл транслејт и оп на трибина одма. :icon_lol:
П.С. Ден денес не можам да спијам ради паролата со Дале Чавезе. :icon_mrgr:
За првото мислам свој ритам смислен , не од друга песна, иначе тоа со дале чавезе беше сигурно пред 3 години а пароли не се памтат освен ако не се добри( не ве погдиле ) :D Иначе си го прекршив ветувањето дека нема да пишам на темава, Поздрав , се надевам последен пост на темава :)
 
ФА имаат свои, колку толку. Зависи што подразбираш по ваши ритмови, навивачката група да смисли ритам или прва да го искористи ритамот на некоја песна. Ако е првото ретко која навивачка група смислува СВОЈ ритам, а ако е второто ФА имаат свои Косоока и Време е ( за ритмовите мислам ). ;) Вие ни толку немате, за пример ќе ја земам таа од грција што ја ископиравте, преведовте на гугл транслејт и оп на трибина одма. :icon_lol:
П.С. Ден денес не можам да спијам ради паролата со Дале Чавезе. :icon_mrgr:
уште ја памтите дале чавезе :pos:отвориси yotube што има везе сите ја знаат ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom