Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
освежувач за кола од оние течностите жолта боја од која може да има мирис не е лимон, ванила ....му текнува на некој ? :)
Чеј сеа... го бараш мирисот по име или каде можи да се купи?
 
Здраво на сите,
Имам некое прашање, на кое би можеле да ми одговорите, затоа што немам многу искуство во автомобилизам.
Значи сакам да земам кола средена до 2200еу со регистрација,сервис. ( можеби нерегистрирана )
Што ми би било најдобар избор?
Opel Corsa 1.0 1999+
Opel Tigra 1.4i 16v по можност со плин
Polo 1.0/1.4 1999+

Барам да биде нешто економично, и поефтино за одржавка.
Ви благодарам однапред.
 
Opel Corsa 1.0 1999+
Opel Tigra 1.4i 16v по можност со плин
Polo 1.0/1.4 1999
Корса = Тигра. Изгледот им е различен (надворешно), мада се останато е исто. Единствено моторот, во корса можиш да најдиш 1.0, 1.2 и 1.4, додека тигра има само 1.4 бензин. Мене ако ме прашаш би одел со Опел 1.2 со 16 вентили или 1.4... 1.0 е бабетина + е со 3 клипа.

Е сега тиграта е најспортска, корсата и полото се класични малишани... Така да мање више ствар на вкус е во игра. Јас од сите три не би зел ниту едно, пошто ми се премногу женски количиња.
 
Е сега тиграта е најспортска, корсата и полото се класични малишани... Така да мање више ствар на вкус е во игра. Јас од сите три не би зел ниту едно, пошто ми се премногу женски количиња.

Добро во блиска иднина, може да се смене нешто на нив ( додаде,одземе )
Јас сум повеќе за Тиграта. Но незнам како стое со градска потрошувачка на гориво.
Што би одбрал ти за тие пари?
Позз
 
Добро во блиска иднина, може да се смене нешто на нив ( додаде,одземе )
Јас сум повеќе за Тиграта. Но незнам како стое со градска потрошувачка на гориво.
1.4 троши нешто појќе од 1.2 низ град, мада е многу побрз... за тигра, очекувај 10 низ град, 6-7 на отворен. Инаку за менвање, имаат ecu така да можи да се смени чип, со тоа да се добијат + 6-10 кс.

Што би одбрал ти за тие пари?
Позз
Не ме прашвај вакви работи.... да имам 2500 евра за кола, би зел нешто вакво по можност 250 D
1993-Mercedes-Benz-E-Class-.jpg

Или нешто вакво
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=98498
 
Здраво на сите,
Имам некое прашање, на кое би можеле да ми одговорите, затоа што немам многу искуство во автомобилизам.
Значи сакам да земам кола средена до 2200еу со регистрација,сервис. ( можеби нерегистрирана )
Што ми би било најдобар избор?
Opel Corsa 1.0 1999+
Opel Tigra 1.4i 16v по можност со плин
Polo 1.0/1.4 1999+

Барам да биде нешто економично, и поефтино за одржавка.
Ви благодарам однапред.

Па јас имам корса 1.0 12V и 1.7D (дизел) ако те интересира нешто прашај, таа 1.0 ми троши околу 6.5 градска, 4.5 некаде испод 5 мерена на отворено, за одржување е ефтина, има место каде што набавувам филтри по околу 200-250 денари, уљенце не треба многу 3 литри мислам дека собираше, "плочки мочки" такви работи не се скапи исто така, на ланец е не е на каиш 1.0, дека е три клипа има подруг звук поради работата на моторот ... е сега кај бензинциве има сензор за проток на воздух, тој е скап некаде околу 80 евра и се менува на околу 100.000 км, мојава има поминато 61.000 км и нешто моментално, ако ти е зезнат ќе работи лошо моторот ќе лапа повеќе бензин итн итн ... за брзина не е нешто уау нормално ама не е ни толку спора треба да седнеш да пробаш мене ми и е за низ град, језда ја возев и до грција летово нема мука, сасвим доволно ми е, ја мислам да имам така мала кола со 100 и кусур коња дека ќе изгинам (со моето понекогаш мрднато возење) :D

тиграта и јас ја сакав мнооогу ... од мотори има 1.4 и 1.6 (читај џиш и 1.6 има :) ), градска нешто околу 10тина лапаат, зимоска на комшијава 1.6 троши и до 13-тина што за мене е премногу иако е брза и се тоа, задната "клупа" ако може да се нарече има само како тапацирани делови како кај автобусине и нема многу да не речам ич простор за луѓе, за тиграта ќе ти треба плин пошто троши стварно

полото незнам

и за крај јас би одбрал од сите овие тигра по можност 1.6 на плин иако веќе имам корса и уште една фамилијарна :)
 
И јас имам корса 1.0 евтина е за одржување и не е така спора како што зборуваат тие што не возеле таква кола а само слушнале нешто и го повторуваат, повекето дизели како што се ескорд 1.8д и слични се поспори од неа секојдневно минувам по најмалку 50 км и возам по 5 луге и солидно се движи просечна потрошувача на комбинирана вожња со 5 луге е околу 5,6 со брзина до 100км презадоволен сум од колата во однос на одржуванје потрошувчка на гориво перформанси и вложени средства за купување.
 
Причина зашто појасите се собират споро знае некоја ? :)
 
moze li nekoj sto znae ili ima direktno iskustvo da go iskomentira menuvacot na VW DSG. kako sto zanm toa e avtomatski menuvac na VW.
Me interesiraat prednosti slabosti ili sto e dobro ili loso spored vas.
 
и за крај јас би одбрал од сите овие тигра по можност 1.6 на плин иако веќе имам корса и уште една фамилијарна :)

Фала ти за информацијата. Најверовтно ке идам на корса 1.0 2000+ година.
Или ако начекам некоја тигрица со плин.

Тиграта, едина мана е потрошувачката и малиот простор позади. Неможат да седнат возрасни луѓе како што разбрав.

За корсата ми кажаа дека на старт тропа како дизел, пошто имала 3 клипа :D али нема врска, прва ке ми биде колата , како што напомена, ефтина потрошувачка и лесна и ефтина за одржување и доволно брза.

И да,Колку кошта комплет регистрација за корса 1.0?
 
Да да дефинитивно тоа се најголемите маани на тиграта иако на фаца е по спортска нормално набиена мала :cool: ... тоа дека тропала како дизел нема врска, има цк цк цк звукче ама ситно пошто е 3 клипа, ама не е споредлив со дизелот барем јас знам и двете ги возам, тој звук го се приметува барем кај мене на поголема температура кога достигнува иначе преде :icon_lol:

Регистрација незнам точно зошто минатата година и беше прва таблица во МК и нели сите тие давачки бла бла ... утре точно ми завршува регистрацијата т.е. денес :) ќе ти пишам баш колку чини се тоа.

п.с. ако земеш опелче ќе ти кажам каде може да најдеш поефтини филтри, уље (истите на другиве места се и дупло поскапи) ... исто така и познат саглам мајстор :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom