Врз принцип на што најдобра?Се кладам дека руска,италијанска,мексиканска сте ги пишале чисто ради филмови а не ни знаете ништо во врска со тоа.
Ако не се лажам не видов на темава Албанска и Кинеска па и Јапонската Јакуза.
Наркокартелите од Мексико ги надминаа сите мафии во светот по својата суровост, иако граѓаните во нив понекогаш гледаат модерни Робин Худовци.
Оние кои страдале од куршум се сметаат за среќници. Повеќето завршуваат во локва крв, со отсечена глава, без раце и нозе, па дури и без јазик. Мексиканската мафија со задоволство убива со мачети, бидејќи крвта претставува најголемата опомена.
Во средината на јули „одредот на смртта“ стигна на роденденската забава во Тореон. Убиј ги сите, рекол едниот гангстер. Следеле пукотници: 18 мртви, 17 ранети. Пукале во „сè што мрда“.
„Убијците од тој свет им ги отсекуваат главите на жртвите и ги поставуваат на влезовите од јавните институции, пред зградите на новинарските куќи, ги ставаат на крстови, а еднаш дури фрлија пет черепа на подиумот за танц во еден бар во Мичоакан“, објаснува новинарот на мексиканскиот весник „Миленио“, Диего Осорно, кој го следи криминалот. „Едната жртва ја обесија на влезот на трговскиот центар. Други исекоа на парчиња и ги напикаа во куфер.“
Не би ги потценил.