Белград и Приштина ја отвораат балканската Пандорина кутија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Белград и Приштина ја отвораат балканската Пандорина кутија

09.11.2011

За македонските експерти, но и за косовските власти, идејата за менување на границите на Косово не е реална и нема поддршка кај Западот, првенствено кај САД и ЕУ

Познавачите ги отфрлија како шпекулации анализите на западните медиуми за поделба на Косово, за која наводно постоела одредена волја во Белград и во Приштина. Нема опасност од отворање на Пандорината кутија на Балканот, велат овдешните експерти, откако влијателниот „Волстрит журнал“ ги опиша можните последици од реализирањето на оваа идеја за размена на територии.

Слободан Петровиќ, косовски вицепремиер и министер за локална самоуправа во владата на Тачи, за „Нова Македонија“ вчера нагласи дека секаква поделба е целосно неприфатлива. Според него, тоа само ќе ги зголеми проблемите во целиот регион.

- Таквите идеи не одат во прилог на решавањето на кризата во северниот дел на Косово. Процесот на децентрализација е едно од можните решенија на кризата - додава Петровиќ, кој укажува на добрата интегрираност на косовските Срби во јужниот дел на земјата.

За разлика од него, Душан Релјиќ, експерт од берлинскиот институт за меѓународни односи, во интервју за Дојче веле вели дека препознава сигнали за ваква иницијатива кај двете страни. Според Релјиќ, приштинските власти во последно време испраќаат сигнали дека би се согласиле на поделба на Косово, а Белград подолго време се обидува да понуди признавање на Косово со размена на територии, која би подразбирала северниот дел да остане во Србија.

- Сигнали што укажуваат на таквата можност се изјавите на бившиот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бузек, кој во неколку интервјуа укажа дека поделбата на Косово е најрационално решение. Познавајќи го Бузек, знам дека е еден искусен и одмерен политичар, кој такво нешто не би кажал ако претходно не пуштил пробен балон кај дел од политичките сили во Приштина - нагласува Релјиќ.

Што со Македонија?

Релјиќ укажува и на неодамнешната изјава за „Волстрит журнал“ на калифорнискиот републикански конгресмен Дејна Рорбахер, кој важи за многу наклонет на албанската кауза и кој смета дека поделбата на Косово ќе биде наједноставно решение што би донело долгорочна стабилност.

Прашан за можното влијание на таквото решение врз другите земји во регионот, Релјиќ нагласува дека поголема опасност постои кога станува збор за Македонија, укажувајќи на испитувањата на Галуп, според кои над 80 отсто од косовските Албанци, околу 70 отсто од македонските Албанци и 55 отсто од Албанците во Албанија сакаат создавање единствена албанска држава.

Македонските експерти, од друга страна, сметаат дека станува збор за шпекулации и за тешко остварливо решение, ако се земе предвид расположението на Западот.

- Плановите за размена на територии помеѓу Косово и Србија во овој момент се тешко остварливи поради условеноста на Приштина и Белград од поголемите играчи на геополитичката сцена, односно од ЕУ и од САД. Ваквиот план можеше да се оствари во преговорите пред прогласувањето независност на Косово. Реално е да се очекува договор за воспоставување автономија на северот на бившата покраина - вели Жидас Даскаловски, професор и еден од главните аналитичари во Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ).

Даскаловски смета дека варијанти од типот дистрикт Брчко, како излез од тензиите околу Митровица, се изгледни и веројатно обострано прифатливи. Според него, не треба да се заборави дека Србија ја очекуваат избори и дека претседателот Борис Тадиќ и Демократската странка сигурно нема да се фокусираат на решение во ваков момент.

- Сепак, за Македонија е битно да размислува што ако навистина Белград и Приштина направат некаков договор за размена на територии. Уште полоша варијанта за нас, иако многу неверојатна, е северот на Косово да се припои на Србија. Во двата случаја ќе има тензии кај нас помеѓу соколите кај македонските Албанци во смисла дека ќе има барања за припојувања делови на Македонија кон Косово или Албанија или за територијално федеративно уредување - нагласува Даскаловски.

Примерот на Белгија

Даскаловски предупредува дека размената на територии меѓу државите е ѓаволска работа, кон која треба внимателно да се пристапи. Во однос на можните внатрешни територијални прекројувања, Македонија денес личи на Белгија, каде што распадот е малку веројатен поради неможноста да се реши судбината на Брисел.

- Македонскиот Брисел е Скопје, каде што живее третина од албанското население во Македонија. Во секој случај, моментната политичка организираност на земјата нуди гаранции дека не би имало поголеми последици дури и ако дојде до размена на територии на Косово. Тешко веројатен е нов внатрешен конфликт и борба за територии - додава Даскаловски.

И професорот Димитар Мирчев оценува дека станува збор за шпекулации што немаат основа.
- Нема потреба од стравување, бидејќи таквите идеи немаат поддршка кај политичкиот блок во земјата, ниту кај албанските политички партии - вели Мирчев.

Официјална Приштина е категорично против каква било размена на територии и реконфигурирање на косовските граници. Косовскиот премиер Хашим Тачи неодамна порача дека нема да има никаква промена на границите и најмалку размена на територии во Косово, отфрлајќи ја истовремено идејата на Србите од северниот дел на Косово да им даде посебен статус или автономија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1181184836&id=9&prilog=0&setIzdanie=22425
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Тоа што во 2001ва се бореа за "права" помина лесно. Ама за отцепување територија и исполнување на нивниот вековен сон за формирање на Голема Албанија малце тешко ќе биде. Плус тоа Албанија е веќе членка на НАТО и малку тешко ќе им оди да ја спојат со Косово и Македонија. Овие северните може да прават проблеми ама сум убеден дека ќе можеме да ги решиме.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Мора да се реши спорот на МК со Грција,инаку ќе има контра ефект од Косово, спасот од албанчињата е да се постигне компромис со грците, за да МК да влезе во НАТО..
Се надевам дека и Античките лепотани на Грујо свесни се за ова..
А кога МК ќе влезе во НАТО,тогаш албанчињата можат слободно да се сликат..
Ама од првин треба да има компромис..
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346

А што фајде што Грција е во НАТО та ене ја пука по сите шавови.
Можда и оваа економска криза е во насока на отцепување на делови од Грција и присоединување кон своите матични држави, пред се Чемерија, Тракија, Македонија, Епир.
 
Неможе затоа што Грција има многу силна армија,може да ги здроби соседите заедно во пакет за неколку саати, единствена вистинска закана за Грција е Турција,ама и за нив има чаре, Грција е членка на ЕУ и НАТО, па во таков случај ќе има помош од Западот..;)
 
Посилна е од ЈНА, или од армијата на Советскиот Сојуз ?
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ЈНА и Армијата на Советскиот Сојуз не постои..:)
Наскоро и Грција нема да постои во оваа форма, затоа што Грк не е националност, туку професија тесно поврзана со пари. Кога нема пари, нема ниту Грци.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Наскоро и Грција нема да постои во оваа форма, затоа што Грк не е националност, туку професија тесно поврзана со пари. Кога нема пари, нема ниту Грци.
Ти само така продолжи да мислиш..
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ти само така продолжи да мислиш..
Докажано на многу пати.
Сега ќе видиш како сите усвет ќе фатат.
Јорго со Сорос лапнаа 10 милијарди со блефот за референдум, ги заболе за Грција.
Ене ги неможат да се договорат влада на спасот да напраат, оти на сите рацете им се во теглата, ама медот го нема ама и рацете им се заглавени, а не ги вадат додека не фатат нешто.
Караџаферис, Каракуртакис, Пиперакис, од каде бе тие Грци па за Грција да се секираат.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Докажано на многу пати.
Сега ќе видиш како сите усвет ќе фатат.
Јорго со Сорос лапнаа 10 милијарди со блефот за референдум, ги заболе за Грција.
Ене ги неможат да се договорат влада на спасот да напраат, оти на сите рацете им се во теглата, ама медот го нема ама и рацете им се заглавени, а не ги вадат додека не фатат нешто.
Караџаферис, Каракуртакис, Пиперакис, од каде бе тие Грци па за Грција да се секираат.
Го заборави и ПаБуљаш :pos:

Овој бе Realen колку треска зелени,ни сам не е свесен,аме момиче свесен ли си ти бе дека гејција веќе 90% е пропадната или не си ?
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
А што фајде што Грција е во НАТО та ене ја пука по сите шавови.
Можда и оваа економска криза е во насока на отцепување на делови од Грција и присоединување кон своите матични држави, пред се Чемерија, Тракија, Македонија, Епир.
Само една работа заборави, во Грција нема многу Македонци. Прашав на блогот Абецедар и ми одговорија околу 400 000, иако ова е само шпекулација и не може да се одреди точната бројка ради тоа што не ги признаваат Македонците. Да претпоставиме дека бројката е точна, тоа се 4% од вкупната популација - 10,787,690, исто колку што има Турци во Македонија 4%. Небозможно е да добиеме нешто.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Само една работа заборави, во Грција нема многу Македонци. Прашав на блогот Абецедар и ми одговорија околу 400 000, иако ова е само шпекулација и не може да се одреди точната бројка ради тоа што не ги признаваат Македонците. Да претпоставиме дека бројката е точна, тоа се 4% од вкупната популација - 10,787,690, исто колку што има Турци во Македонија 4%. Небозможно е да добиеме нешто.
Мене ме интересира регионот Македонија, таму Македонците биле мнозинство.
Грција ако пукне, таа ќе се подели на Епир, Македонија, Тракија, Чемерија, Атика и секој ќе си фати страна. Е сеа ако спие Македонецот, како што сакаат некои леви сили, да биде постојано во хибернација додека некој не му ја скрои капата, тогаш и во самата Р.Македонија иако сме 70% ќе ја изгубиме територијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom