- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 51
- Поени од реакции
- 9
Обединетата Македонска Дијаспора започна со специјална медиумска кампања против, како што велат, грчката непопустливост.
http://kajgana.com/omd-zapochnuva-mediumska-kampanja-protiv-grchkata-blokada
Целта на кампањата е да се привлече вниманието на уредниците на весници и магазини во САД за, како што велат од организацијата, високо буџетната пропаганда војна против Македонија за време на последните 20 години.
„Оваа година, Македонија го слави 20-от јубилеј од својата независност. Патот на македонскиот народ кон независноста беше долг. ВО 1991, нивниот сон стана реалност. Но, од тогаш патот не е лесен. Во 1992 година Грција воведе економско ембарго кон Македонија кое траеше три години и ја исцеди цела нејзина економија. Македонија беше присилена да го промени своето национално знаме за да ја смири Грција, членките на ЕУ и на НАТО. Дваесет години по независноста, Грција сеуште предизвикува проблеми за иднината на Македонија. Грција го блокира членството на Македонија во ЕУ и во НАТО", велат од огранизацијата.
„ОМД верува дека меѓународната заедница не смее повеќе да биде тивка. Македонија и Македонците заслужуваат глас низ светот", велат од ОМД.
Од организацијата ги повикуваат сите пријатели на Македонија низ светот да испратат писма со слична содржина до локалните медиуми каде што живеат, со цел да го привлечат вниманието на јавноста.
Orignalna kampanja na: http://www.umdiaspora.org